После толку години поминати на форумот дојде време да дојдам до возило, иако изгорен опелџија тргнав по потрага на Опел астра Х меѓутоа се тоа што видов по плацевиве беше толку очајно толку замаскирано зарѓано, а цени да не правиме муабет. Поминати безброј плацеви ништо во очи не ми остана сем една корса додека размислував отиде.
Имаше две мериви и како што реков опел сакав до нив беше мерцедесов ги гледав двете каросериски ситни забелешки за годините нормално моторите убаво работат на двете меѓутоа квалитетот на завршните изработки кај мерцедесов беа пресудни и повлеков црта за поголем чекор и се одлучив за него. Иако ништо не знам не сум запознаен со овој бренд нит сум истражувал нит ништо сосема случајно испадна, па сега сум во процес на учење и запознавање како и привикнување на возилото цели 7 години не возење. Станува збор за
Мерцедес Б класа 180 со 110 коњски сили произведена е 2006/7 мо годиште.
Од опрема што знам поседува:
-Клима
-Подеслив волан по висина и длабочина
-Електрика на сите прозори
-Електрика на ретровизори
-Автоматско затемнување на ретровизори
-Евро кука
-Команди на волан
-Централно
-Темпомат
Веќе речиси две недели ја поседувам направен е комплет сервис и средена е климата фалеше фреон, ја извадив од позади куката(конструкцијата во браник може да стои без атест?) изненаден сум од тоа колку е осетлива гаста и колку брзо реагира. Внатре е убаво сочувана сем возачкото седиште што е на страницата на две места излитено.
Планови за во иднина да ја развозам повеќе, потребни се зимски гуми летниве не се нај сјајни али ке истераат сезонава. На шофершајбна има некој ситни удари од камчиња ке треба тие да се средат благодарност до
@ivanxh за контактот, и можеби некое полирање во иднина и би сакал да го преслечам воланот или со кожа или од оние да зашијам повремено.
Голема благодарност за
@Diesel за дадените информации како да се одржава естетски, како и изнадувачкиот паќет. Вчера седнав да ја средувам едно 3-4 саати утепав таман завршив и заврна фала богу и од надвор ја испопрска па сликите затоа не се нај сјајни
После прскањето на восокот од
@Diesel имаше одма тест дека заврна и ефектот беше овој
додека пластиките беа избледени и добија одличен изглед после освежувањето