Автор Тема: Mercedes B180 cdi w245  (Прочитано 9298 пати)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1833
Mercedes B180 cdi w245
« на: 21 Август 2022, 13:05:45 pm »
После толку години поминати на форумот дојде време да дојдам до возило, иако изгорен опелџија тргнав по потрага на Опел астра Х меѓутоа се тоа што видов по плацевиве беше толку очајно толку замаскирано зарѓано, а цени да не правиме муабет. Поминати безброј плацеви ништо во очи не ми остана сем една корса додека размислував отиде.

Имаше две мериви и како што реков опел сакав до нив беше мерцедесов ги гледав двете каросериски ситни забелешки за годините нормално моторите убаво работат на двете меѓутоа квалитетот на завршните изработки кај мерцедесов беа пресудни и повлеков црта за поголем чекор и се одлучив за него. Иако ништо не знам не сум запознаен со овој бренд нит сум истражувал нит ништо сосема случајно испадна, па сега сум во процес на учење и запознавање како и привикнување на возилото цели 7 години не возење. Станува збор за

Мерцедес Б класа 180 со 110 коњски сили произведена е 2006/7 мо годиште.
Од опрема што знам поседува:
-Клима :D
-Подеслив волан по висина и длабочина
-Електрика на сите прозори
-Електрика на ретровизори
-Автоматско затемнување на ретровизори
-Евро кука
-Команди на волан
-Централно
-Темпомат

Веќе речиси две недели ја поседувам направен е комплет сервис и средена е климата фалеше фреон, ја извадив од позади куката(конструкцијата во браник може да стои без атест?) изненаден сум од тоа колку е осетлива гаста и колку брзо реагира. Внатре е убаво сочувана сем возачкото седиште што е на страницата на две места излитено.
Планови за во иднина да ја развозам повеќе, потребни се зимски гуми летниве не се нај сјајни али ке истераат сезонава. На шофершајбна има некој ситни удари од камчиња ке треба тие да се средат благодарност до @ivanxh за контактот, и можеби некое полирање во иднина и би сакал да го преслечам воланот или со кожа или од оние да зашијам повремено.

Голема благодарност за @Diesel за дадените информации како да се одржава естетски, како и изнадувачкиот паќет. Вчера седнав да ја средувам едно 3-4 саати утепав таман завршив и заврна фала богу и од надвор ја испопрска па сликите затоа не се нај сјајни :D






После прскањето на восокот од @Diesel имаше одма тест дека заврна и ефектот беше овој

додека пластиките беа избледени и добија одличен изглед после освежувањето



Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Mercedes B180 cdi w245
« Одговори #1 на: 21 Август 2022, 13:20:18 pm »
Честитки, со здравје да се вози!

Солидно изгледа.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Mercedes B180 cdi w245
« Одговори #2 на: 21 Август 2022, 14:30:59 pm »
Многу солидно количе, секогаш ми изгледаше убава оваа Б-класа. Со мерак да си ја возиш колата, да си ја средуваш и да си ја ччкаш!

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Mercedes B180 cdi w245
« Одговори #3 на: 21 Август 2022, 16:38:24 pm »
Со здравје да се вози!

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Mercedes B180 cdi w245
« Одговори #4 на: 21 Август 2022, 16:52:37 pm »
Топ! Знам дека со мерак ќе си ја чуваш, милион убави километри да си пројдете заедно.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Mercedes B180 cdi w245
« Одговори #5 на: 21 Август 2022, 20:58:36 pm »
Како си се надала, баш добро си се удала.
Каков опелчукш, какви бакрачи :)

И јас ваков сакав на времето ама немав доволно банкноти.

Честито!
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1833
Одг: Mercedes B180 cdi w245
« Одговори #6 на: 21 Август 2022, 21:42:09 pm »
Фала ви да се враќа дупло

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1405
Одг: Mercedes B180 cdi w245
« Одговори #7 на: 22 Август 2022, 08:10:43 am »
Од овој тип на коли оваа беше единствената што би ја возел. Баш овој модел (само не дизел нормално). Со здравје да си ја возиш.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2349
Одг: Mercedes B180 cdi w245
« Одговори #8 на: 22 Август 2022, 08:23:25 am »
Со здравје да се вози, многу безгрижни км!
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: Mercedes B180 cdi w245
« Одговори #9 на: 22 Август 2022, 08:47:10 am »
So zdravje da se vozi, ubav izbor i prakticno auto.

Отсутен ExtremeBt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1448
Одг: Mercedes B180 cdi w245
« Одговори #10 на: 22 Август 2022, 10:13:00 am »
Со здравје да се вози!

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: Mercedes B180 cdi w245
« Одговори #11 на: 22 Август 2022, 10:50:55 am »
Поголемиот брат на втората генерација на А класа. Имав А180 CDI, супер моторче со задоволителна потрошувачка за таа кола, се надевам дека исто така е добар и во Б класата.
Со убаво да се вози и многу безгрижни километри да имаш. Освен возачкото седиште кое верувам ќе си го средиш наскоро, да не продолжи да се кине уште повеќе, вака фино сочуван изгледа.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1833
Одг: Mercedes B180 cdi w245
« Одговори #12 на: 22 Август 2022, 11:29:50 am »
Поголемиот брат на втората генерација на А класа. Имав А180 CDI, супер моторче со задоволителна потрошувачка за таа кола, се надевам дека исто така е добар и во Б класата.
Со убаво да се вози и многу безгрижни километри да имаш. Освен возачкото седиште кое верувам ќе си го средиш наскоро, да не продолжи да се кине уште повеќе, вака фино сочуван изгледа.
Благодарам за потрпшувачка рано е уште, по она што гледам од 6 до 7.5 со клима и градска знае да иде али рано и е за заклучоци, додека за седиштето ке биде еден приоритет следниот период да се среди.

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 213
Одг: Mercedes B180 cdi w245
« Одговори #13 на: 22 Август 2022, 12:50:50 pm »
Честитки. Со здравје да се вози !!

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1075
Одг: Mercedes B180 cdi w245
« Одговори #14 на: 22 Август 2022, 21:37:39 pm »
Создравје да се вози, го меркав и јас лани еден ваков мислам 140 кс (не сум сигурен дали има таков) ама мн парички бараше и не се погодивме  ;)