Автор Тема: CARclub Тест: 2022 Peugeot 308 GT 1.5 BlueHDI 130  (Прочитано 3820 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: 2022 Peugeot 308 GT 1.5 BlueHDI 130
« Одговори #1 на: 10 Март 2022, 20:49:27 pm »
E ova e dizajn, da reces celosno ubava kola da uzivas da ja geldas sekoj den po cel den. Ne me jebete so onaa KIA-na nikakva, oci pechat koga ja gledas, avatgardna bila....

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: CARclub Тест: 2022 Peugeot 308 GT 1.5 BlueHDI 130
« Одговори #2 на: 10 Март 2022, 21:00:29 pm »
Е-БЕ-ЊЕ
pardon my french

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: CARclub Тест: 2022 Peugeot 308 GT 1.5 BlueHDI 130
« Одговори #3 на: 11 Март 2022, 00:00:52 am »
308цава моментално ми е “shut up and take my money”


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: 2022 Peugeot 308 GT 1.5 BlueHDI 130
« Одговори #4 на: 11 Март 2022, 06:44:03 am »
i-Cockpit приказната не е за секого, ама човек брзо се навикнува. Дали би преферирал нормален волан? Субјективно, најверојатно, ама па еден куп луѓе што ја видоа колава и што возат Peugeot кажуваат дека малиот волан им е интересен.

Колава е прекрасна, и со плаг-ин хибридниот погон е уште подобра.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: CARclub Тест: 2022 Peugeot 308 GT 1.5 BlueHDI 130
« Одговори #5 на: 11 Март 2022, 08:43:20 am »
До кога со HDI

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: CARclub Тест: 2022 Peugeot 308 GT 1.5 BlueHDI 130
« Одговори #6 на: 11 Март 2022, 08:45:46 am »
Само дали некој би издвоил 35к за возило од оваа класа, незнам. Премногу е нов моделот да се дискутира на оваа тема, верувам дека за 2-3 години би имале многу поприфатливи цени. Браво за Пежо. Конечно имаат модели кои им конкурираат и ги преминуваат германците.

Да се потрудиме да имаме повеќе пари, пошто цените никогаш нема надоле да отидат.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: CARclub Тест: 2022 Peugeot 308 GT 1.5 BlueHDI 130
« Одговори #7 на: 11 Март 2022, 08:51:42 am »
Гледам едно зелено скоро секој ден, многу добро изгледа.

Со овие цени продажбата на нови коли кај нас ќе оди надолу. Тешко дека многу луѓе можат да одделат 20к за обично количе.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2022 Peugeot 308 GT 1.5 BlueHDI 130
« Одговори #8 на: 11 Март 2022, 08:55:29 am »
Има многу работи што ми се допаднаа кај колава. Бојата е многу добра. Дизајнот целосно е многу добар. Освежување од постојаните СУВови дефинитивно. Многу убаво се движи, убави седишта. Моторот е прекрасен и менувачот исто така. Потрошувачката е беспрекорна. Така да идеален избор на мотор/менувач/боја за мој вкус и потреби.

Бандажите се премногу големи, ама барем ги опремиле со Michelin Primacy 4 кои се меѓу најтивките и најудобните гуми, иако 16ки ќе се драстично подобра опција. Покрај таа фалинка, воланот не дава чувство да се опуштиш и да знаеш каде е, и уште не ја разбирам потребата да е таков. Особено што постојано смета на погледот на инструментите.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: CARclub Тест: 2022 Peugeot 308 GT 1.5 BlueHDI 130
« Одговори #9 на: 11 Март 2022, 13:12:01 pm »
Јас возам Пежо и малиот волан ми е интересен и многу кул.

За изгледот најдобар во класата дефинитивно, а за звучната изолација верувам дека е одлична од искуство.
Ми се допаѓа во која насока се движи Пежо, вклучувајќи ја целата нивна гама на возила. Немам искуство со бензинците, но дизелите им се ултра економични и еластични.

Само дали некој би издвоил 35к за возило од оваа класа, незнам. Премногу е нов моделот да се дискутира на оваа тема, верувам дека за 2-3 години би имале многу поприфатливи цени. Браво за Пежо. Конечно имаат модели кои им конкурираат и ги преминуваат германците.

За 2,3 години ќе биде 40к  ова Пежо, уназад 5,6 години цените само рипаат за илјадарче годишно ако не и повеќе.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: CARclub Тест: 2022 Peugeot 308 GT 1.5 BlueHDI 130
« Одговори #10 на: 11 Март 2022, 18:45:04 pm »

Добра, добра!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: CARclub Тест: 2022 Peugeot 308 GT 1.5 BlueHDI 130
« Одговори #11 на: 12 Март 2022, 21:06:13 pm »
Целосно импресиониран од колава. Ја видов во живо и кратко ја провозев, благодарност до @zeroSignal за приликата. Нема допирна точка со тоа што беше Пежо и го сфатив со свои сетила моментот како Пежо преминува во премиум сегмент.

Одлично заштрафена кола, одлично изолирана кола, многу кедери околу вратите за прекрасно чувство при затварање врата, без разлика дали од надвор или од внатре. Едноставно буди чувство за квалитет.

Има „Пежо“ фалинки со hit&miss процепи на надворешните панели, ама па внатре од тоа што го видов, се е апсолутно беспрекорно. Воланот мене ми се допадна и мене лично не ми сметаше на инструментите за разлика ете на @Deni, ама ја сум 10-15 сантиметри понизок од него.

Е сеа, битните работи за мене.

1. Колава според мене не смее да се продава со дизел мотор. Не знам зошто ама звукот што се слуша во кабина при ниски вртежи е одвратен за мене, ми расипува впечаток, субјективно не ми се допаѓа.

2. За жал во моментов максималната моќ во не-хибридна варијанта е 130 коњи. Со овој изглед, ова ниво на квалитет и овие сензации во возење, за жал не се доволни. Не ми е извежбано butt-dyno да знам колку точно коњи и фалат, ама и фалат.
Можеби сум разгален од MiTo-то, кое иако има 10 коњи помалце, тежи 150+ килограми помалце и осетно е побрзо од Пежово. Можда со мануелен менувач ќе се чувствува побрзо.

Останатите работи што ги нуди колава за среќа не дозволуваат да се расипе впечатокот, и ако влезете со очекување дека колава ќе биде крузер а не динамичен спорташ, ќе имате прекрасно, прекрасно возило.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: CARclub Тест: 2022 Peugeot 308 GT 1.5 BlueHDI 130
« Одговори #12 на: 13 Март 2022, 07:09:00 am »
Веројатно нуди Еуроимпекс ремап и за него, па да се реши тој проблем.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: 2022 Peugeot 308 GT 1.5 BlueHDI 130
« Одговори #13 на: 13 Март 2022, 07:16:54 am »
Веројатно нуди Еуроимпекс ремап и за него, па да се реши тој проблем.
Мислам дека престанаа со соработката, иако браво што ти текна. Тоа им беше една од најдобрите опции што ги нудеа.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: CARclub Тест: 2022 Peugeot 308 GT 1.5 BlueHDI 130
« Одговори #14 на: 13 Март 2022, 12:21:35 pm »
За 35к евра со толку слаб мотор Мерцедес категорија треба да се. Новата 308ца вреди дупло повеќе него да речеме 307-ца кога излегла.