Дали оптимизацијата ти е за 98+ октани?
Не знам, можно е. Во принцип машината работи ОК и со 95 и со 98+.
Дали имаш нов софтвер за мењачот? Без DSG upgrade ништо не правиш.
Немам, прашав и ми рекоа дека ќе ја изгубам удобноста во возењето што е тотално недопусливо. Значи колава ми е за комотно возење, не за тркање. Разликата пред и по чипувањето на моторот е евидентна, така да далеку од тоа дека ништо не правам.
И дали колава има lanuch control и како се снаоѓа со снагата само на преден погон?
Не сум проверил, но 99% има. На мала брзина(30-40) кога ќе дадам пуна се активираат системи за анти-пролизгување и слично. Ако се изгасат ќе шкрипат гуми. Но, секако тоа немам намера да го правам, ниту да се тркам. Ми значи кога на отворено натоварен и/или на угорница треба да претицам, тие +25% моќност ми прават разлика.
Браво, убав камбек направи. Како шо треба.
Со здравје да се вози количето, убав пакет.
Штета шо е фелер ваген.
Фала, голема штета за тебе и во исто време голема среќа за мене што е VW, а не Alfa Romeo. Па здравје да си купиш каков ваген сакаш и да си го возиш колку сакаш.
Го решија проблемот со карбон наслаги на моторот или си ја има таа мака и овај модел?
Не знам и не ме занима искрено. Планирам да го возам уште 3-4 години (до 100kKM) и да го заменам со нешто друго кое во никој можен случај нема да биде Алфа Ромео(попрво би возел Дачиа).