Автор Тема: VW Arteon 2020 R-Line 2.0TSI DSG @235KS  (Прочитано 14972 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: VW Arteon 2020 R-Line 2.0TSI DSG @235KS
« Одговори #30 на: 09 Март 2022, 20:29:18 pm »
Со здравје да се вози. Одлично ауто со одличен мотор и мењач, ептен добар пакет. Долго ли го возеше без ремап, ме интересира дали разликата е голема? И јас се мислам за ремап само би сакал и дино мерење да направам пред и после а кај нас нема тоа.... На минатата кола кога направив ремап како друга беше, но таму со план бев да менувам замаец и да ја возам уште 1-2 години па затоа. Тука ми е малце страв ако ја згрешат мапата, 700NM лошо распоредени ќе го оштетат менувачот сигурно.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: VW Arteon 2020 R-Line 2.0TSI DSG @235KS
« Одговори #31 на: 09 Март 2022, 20:33:56 pm »
Осетна е разликата пред и потоа, особено е осетна над 2500RPM, а тоа е опсег на вртежи кога колата е во забрзување со притисната педала. Ама тоа нели зависи и од мапата и од самиот мотор т.е. турбина. Верувам дека може и од порано да повлеквит, ама реално нема поента на 1500-2000 вртежи да се онади колата кога и така на тие вртежи обично се круза.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: VW Arteon 2020 R-Line 2.0TSI DSG @235KS
« Одговори #32 на: 09 Март 2022, 20:37:42 pm »
Со здравје да се вози!

Добра конфигурација си склопил 😃

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: VW Arteon 2020 R-Line 2.0TSI DSG @235KS
« Одговори #33 на: 09 Март 2022, 20:47:07 pm »
дезените се тие, реплики се на се' што постои како ОЕМ и неОЕМ бандаж

квалитетот е очаен и освен на крофна гума, на друго е опасно по живот да се возат по нашиве патишта

во Србија се уште поефтини од кај нас, во Турција се 30-50% поефтини од кај нас, а кај нас се eфтини :D

Јас сум квалитет и безбедност пред се!

Така да сексиљави бандажи што не се ОЕМ ги одминав и земав половни ОЕМ убави неколку години стари.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: VW Arteon 2020 R-Line 2.0TSI DSG @235KS
« Одговори #34 на: 10 Март 2022, 08:43:32 am »
Браво, убав камбек направи. Како шо треба.
Со здравје да се вози количето, убав пакет.
Штета шо е фелер ваген.

Го решија проблемот со карбон наслаги на моторот или си ја има таа мака и овај модел?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: VW Arteon 2020 R-Line 2.0TSI DSG @235KS
« Одговори #35 на: 10 Март 2022, 09:02:37 am »
Што е битно дали е решен, кога ако го огласиш се продава до вечерта.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1479
Одг: VW Arteon 2020 R-Line 2.0TSI DSG @235KS
« Одговори #36 на: 10 Март 2022, 09:05:45 am »
Го решија проблемот со карбон наслаги на моторот или си ја има таа мака и овај модел?

Тоа е проблем врзан со директното вбризгавање а не со ваген моторите.
ја не сум разбрал до сега мотор со директно вбризгување да нема наталожување на карбонски наслаги.
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: VW Arteon 2020 R-Line 2.0TSI DSG @235KS
« Одговори #37 на: 10 Март 2022, 11:38:51 am »
Осетна е разликата пред и потоа, особено е осетна над 2500RPM, а тоа е опсег на вртежи кога колата е во забрзување со притисната педала. Ама тоа нели зависи и од мапата и од самиот мотор т.е. турбина. Верувам дека може и од порано да повлеквит, ама реално нема поента на 1500-2000 вртежи да се онади колата кога и така на тие вртежи обично се круза.
Дали оптимизацијата ти е за 98+ октани? Дали имаш нов софтвер за мењачот? Без DSG upgrade ништо не правиш. И дали колава има lanuch control и како се снаоѓа со снагата само на преден погон?


Го решија проблемот со карбон наслаги на моторот или си ја има таа мака и овај модел?

Ретко каде ваков проблем ќе се јави на помалку од 120-130к км. Зашто би решавале?
БТВ. По форуми најчесто се жалат американци каде веројатно горивото е полошо од европското.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: VW Arteon 2020 R-Line 2.0TSI DSG @235KS
« Одговори #38 на: 10 Март 2022, 12:24:53 pm »
Дали оптимизацијата ти е за 98+ октани?
Не  знам, можно е. Во принцип машината работи ОК и со 95 и со 98+.

Цитат
Дали имаш нов софтвер за мењачот? Без DSG upgrade ништо не правиш.
Немам, прашав и ми рекоа дека ќе ја изгубам удобноста во возењето што е тотално недопусливо. Значи колава ми е за комотно возење, не за тркање. Разликата пред и по чипувањето на моторот е евидентна, така да далеку од тоа дека ништо не правам.

Цитат
И дали колава има lanuch control и како се снаоѓа со снагата само на преден погон?
Не сум проверил, но 99% има. На мала брзина(30-40) кога ќе дадам пуна се активираат системи за анти-пролизгување и слично. Ако се изгасат ќе шкрипат гуми. Но, секако тоа немам намера да го правам, ниту да се тркам. Ми значи кога на отворено натоварен и/или на угорница треба да претицам, тие +25% моќност ми прават разлика.

Браво, убав камбек направи. Како шо треба.
Со здравје да се вози количето, убав пакет.
Штета шо е фелер ваген.
Фала, голема штета за тебе и во исто време голема среќа за мене што е VW, а не Alfa Romeo. Па здравје да си купиш каков ваген сакаш и да си го возиш колку сакаш.

Цитат
Го решија проблемот со карбон наслаги на моторот или си ја има таа мака и овај модел?
Не знам и не ме занима искрено. Планирам да го возам уште 3-4 години (до 100kKM) и да го заменам со нешто друго кое во никој можен случај нема да биде Алфа Ромео(попрво би возел Дачиа).
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: VW Arteon 2020 R-Line 2.0TSI DSG @235KS
« Одговори #39 на: 10 Март 2022, 13:24:40 pm »
Плинче трпи моторо?
Кај си бе чоек, те нема те нема и оп се курчиш тука со некоја ламарина. Шо ќе возиш бе до 100 000, со тој газо наааа толкав тоа седиштето ќе го напрајш ко оние што ги ставаат од отпад на машините за дрва сечење (АРАН)!

Туку стварно убав Пасат XXL,  со здравје да го возиш!

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: VW Arteon 2020 R-Line 2.0TSI DSG @235KS
« Одговори #40 на: 10 Март 2022, 13:43:56 pm »
Па реално и неможи човек кој сака VW да вози Алфа или некој друг таков специфичен бренд. Возачот на VW најчесто ја користи и гледа колата само како превозно средство за од А до Б точка, пошто впрочем тоа и е, глупа кола  ;D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: VW Arteon 2020 R-Line 2.0TSI DSG @235KS
« Одговори #41 на: 10 Март 2022, 14:18:41 pm »
Како си ја браните Алфата, човек да помисли како од една мајка да сте :D

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: VW Arteon 2020 R-Line 2.0TSI DSG @235KS
« Одговори #42 на: 10 Март 2022, 14:36:00 pm »
Па реално и неможи човек кој сака VW да вози Алфа или некој друг таков специфичен бренд. Возачот на VW најчесто ја користи и гледа колата само како превозно средство за од А до Б точка, пошто впрочем тоа и е, глупа кола  ;D

А возачот на алфа, ја гледа како швалерка, ама ја користи за запознавање на сервисери, и колеги со дефекти.  ;D

Гојдо со здравје да ја возиш и крузаш. Многу убава и брза кола.
Бандажите се ТОП.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: VW Arteon 2020 R-Line 2.0TSI DSG @235KS
« Одговори #43 на: 10 Март 2022, 15:41:01 pm »
Па реално и неможи човек кој сака VW да вози Алфа или некој друг таков специфичен бренд. Возачот на VW најчесто ја користи и гледа колата само како превозно средство за од А до Б точка, пошто впрочем тоа и е, глупа кола  ;D

Па не баш, ама ич.
Претходно возев Фиат, сега Сеат. Исто се грижев за двете коли.

Знам луѓе што своите Алфи и такви некои специфични брендови си ги гледаат како превозно средство како што викаш.
Знам луѓе што лицкаат и си ги средуваат VAG колите.

Не е д брендовите, до луѓето е.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: VW Arteon 2020 R-Line 2.0TSI DSG @235KS
« Одговори #44 на: 10 Март 2022, 15:50:34 pm »
Има будали луѓе што сакаат Алфа а возат Шкода, и така...