@Filip MKЈас се извинувам, немав намера да влегувам во дополнителни дуели освен со „Алфистите“. Дај Боже да те служи верно и доверливо и уште побитно ако ти прави ќеф да си го возиш за долго.
Мојата аверзија према Рено е уште од многу одамна. Никогаш не ми се допаѓале како изгледаат, но најбитно квалитетот и доверливоста им беа дно. Бар така беше со сите мои блиски и познати кои купија Рено. Сите се имаа покајано. Шлаг беше на сестра ми Рено Клио 2005 или така нешто 1.6 бензин аутоматик со фул опрема. Три пати во гарантен рок ја оставаше на сред Блеград со две многу мали деца. Ставаш во drive и кантата не трга, па кога шлеп, кога пајак ја креваше дур да стигне шлепот и така. Мислам дека се што имаше од опрема електрика се расипа, шо прозор, шо копчиња на шалт-табла. А најако шо прокапе вода од едно од задните помошни прозорчиња, лошо залепено..
Затоа и реков, попрво би возел Дачиа него Рено и Фиат него Алфа.
Не дека нешто посебно ме заболе шо мислиш за Алфа и за расипливоста нејзина.
Ама еве малку информирај се конкретно за Џулиета. Да не траскаш зелени.
Смири се 8-ца. Касни нешто благо, напи се вода и диши длабоко. Нема потреба од испади како „траскаш зелени“ освен ако така ти е полесно да се смириш. И добро е што нешто посебно не те заболе, да не те мислиме сега да одиш по докотори на сред корона.
Џулиета котира многу високо на листата на квалитетни возила. На истата листа каде возилата на VW не се баш нешто високо поставени.
https://www.creditunion.ie/blog/top-10-most-reliable-used-cars/
https://www.whatcar.com/news/top-50-most-reliable-used-cars/n22116
https://cardealermagazine.co.uk/publish/revealed-the-top-50-most-reliable-used-cars-according-to-what-car-and-heycar/206402
Ајде сега откако ќе се смириш уште еднаш прочитај што сум пишал, па прочитај ги внимателно линковите што си ги постирал.
Согласно твоите линкови од топ 50 најдоверливи возила дури 13 припаѓаат на VAG, топ местата припаѓаат на Јапанците кои што заедно со KiA/Hyndai држат 14 од 50 вкупно места. Сето ова се поклопува со она што го пишав дека VAG се релативно многу квалитетни и се веднаш зад Јапонците+KiA/Hyndai. Alfa Romeo држи само две од 50 места, што е исто така во корелација со тоа што пишав дека Алфа Ромео немаат доверливи возила.
Што се однесува до Алфа Џулиета, може да биде и најквалитетното половно возило на светот, но тоа нема да го промени фактот дека возилата на Alfa Romeo не се многу доверливи како и фактот дека Алфа Џулиета е грдосија.
Нејсе, ви ја разбирам потребата и на тебе и на
@n1kola да пишувате на темава и да пљукате, како инаку би си ја оправдале одлуката да купите едно од најгрдите возила на планетава од еден од брендовите со најрасипливи возила. No hard feelings