Автор Тема: Opel и неговите модели  (Прочитано 716320 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4320 на: 30 Август 2018, 23:26:33 pm »
40 за Инсигнија да дадеш....

Ти на шо би ги опнал, ако ги имаш на располагање за тоа?

Веројатно А4.

Пффф А4...

Јас да имам 40к ќе си отворам Авто Сервис за Опел и Рено.

Ќе се напунам ко брод.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4321 на: 30 Август 2018, 23:32:06 pm »
Видете, преведете тамо нешто немциве полуделе, споредувале БМВ со Инсигнија....боже сачувај..

https://www.autozeitung.de/opel-insignia-gsi-bmw-320d-xdrive-test-194561.html?image=0





Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4322 на: 30 Август 2018, 23:34:50 pm »
Хоули шит!
Се заебаа BMW што не го купија Опел, до сега ќе научеа да прават автомобили.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4323 на: 30 Август 2018, 23:40:26 pm »
Хоули шит!
Се заебаа BMW што не го купија Опел, до сега ќе научеа да прават автомобили.

Видете, преведете тамо нешто немциве полуделе, споредувале БМВ со Инсигнија....боже сачувај..

https://www.autozeitung.de/opel-insignia-gsi-bmw-320d-xdrive-test-194561.html?image=0

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)




CO2-Ausstoß (Test/EU)   215/188 g/km   167/136 g/km

Затнато е БМВ/то софтверски и најверојатно има по напреден ДПФ филтер.

Затоа е "послабо".

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4324 на: 30 Август 2018, 23:47:19 pm »

Јас да имам 40к ќе си отворам Авто Сервис за Опел и Рено.

Ќе се напунам ко брод.

Јас освен сервисери на VW групација и BMW, не сум видел други богати :D Овие на алфа, опел, рено, све голтари... изглеа многу рекламации у гарантен рок имаат после оправка ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4325 на: 31 Август 2018, 12:41:44 pm »
Хоули шит!
Се заебаа BMW што не го купија Опел, до сега ќе научеа да прават автомобили.

Супер си се БМВ..бољи од Ауди во секој случај.
Само малку ружнички.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4326 на: 31 Август 2018, 17:40:32 pm »
CO2-Ausstoß (Test/EU)   215/188 g/km   167/136 g/km

Затнато е БМВ/то софтверски и најверојатно има по напреден ДПФ филтер.

Затоа е "послабо".

Because... fuck logic.
Послабо е и пошто е 200кг полесно.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4327 на: 31 Август 2018, 18:05:13 pm »
Не навлагај во дискусија, бидејќи:

Инсигијата е битурбо, БМВ то турбо.
Инсгинијата е пола секунда поспора, а има 20 КС повеќе....и троши 2 литри повеќе..и загадува повеќе, а коштаат исто?!

Појма нема овој од  Аутоцајтунг.
Да почекаме мислење од нашите форумски експерти, многупати темелно произнесени низ темава.


Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4328 на: 31 Август 2018, 18:55:20 pm »
Експерти или не, едноставно не се споредува опел со бмв.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4329 на: 31 Август 2018, 23:43:12 pm »
Исто и Ауди со Шкода. На маса се се споредува.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4330 на: 01 Септември 2018, 09:26:25 am »
Ете го одговорот.

Опел=Шкода
Ауди=БМВ

Фала Миле!

Сега е појасно.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4331 на: 01 Септември 2018, 10:09:23 am »
Ете го одговорот.

Опел=Шкода
Ауди=БМВ

Фала Миле!

Сега е појасно.

Иди им јави на швабите дека не се споредуваат, да не си го арчат времето џабе.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4332 на: 01 Септември 2018, 10:10:28 am »
Кои шваби?

Мислиш на французите?

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4333 на: 01 Септември 2018, 11:57:38 am »
Не.
Швабите, Британците и сите други кои ставиле Опел на тест со БМВ, Ауди или Мерцедес, а не те читаат на карклуб за да го стават на тест со Шкода.

Од Аутоцајтунг погоре, до Топ Гир, Фифт Гир и слични треторазредни аматери.




Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Opel и неговите модели
« Одговори #4334 на: 01 Септември 2018, 12:22:41 pm »
Има такви тестови? Не сум налетал, а баш еве гуглав. Од друга страна, баш ми е хит што секогаш се цени странскиот збор повеќе него нашиот. Како ние да сме имбецили.

Во секој случај, и јас ќе се согласам дека споредувањето на Opel со BMW е малку несоодветно. Не дека го оспорувам Opel, ама едноставно не е на ниво на BMW, и тоа е тоа. Тоа не е лошо или некаква навреда, туку едноставно.. Не е, и погрешно е да се гаат илузии дека е.

Да не се разбереме погрешно, мене новата Insignia многу ми се допадна, многу ми направи мерак. Во морето од шије-ми-га-џура кросовери и пувеж-SUV возила, Opel понуди одличен седан кој е сериозно конкурентен на колите во сегментот, додека тој сегмент истовремено е во слободен пад кога станува збор за продажба. Не само за Opel, него за сите.

Арно ама, Insignia GS е кола од 2017, BMW 3 F30 е од 2012. Opel не го реши и не го реши проблемот со тежината на колите, проблем се отсликува во све. Иако (на папир) има 20 коња повеќе и 80 Nm повеќе, поспора е до стотче (али подобра на крајна брзина), повеќе троши и повеќе загадува. Работи што се важни - ако не кај нас, тогаш во ЕУ. Не го оспорувам тестот на AutoZeitung, одлична индикација колку е стварно добра Insigniata, ама дали би ја купил за истата цена место BMW? Да не се лажеме...

За жал, или за среќа, како сака публиката, Insignia Grand Sport е последното од Opel под GM. Следната генерација веќе ќе биде на EMP2 (или EMP3, здравје) платформата на PSA, со PSA мотори, PSA менувачи, PSA све.