Има такви тестови? Не сум налетал, а баш еве гуглав. Од друга страна, баш ми е хит што секогаш се цени странскиот збор повеќе него нашиот. Како ние да сме имбецили.
Во секој случај, и јас ќе се согласам дека споредувањето на Opel со BMW е малку несоодветно. Не дека го оспорувам Opel, ама едноставно не е на ниво на BMW, и тоа е тоа. Тоа не е лошо или некаква навреда, туку едноставно.. Не е, и погрешно е да се гаат илузии дека е.
Да не се разбереме погрешно, мене новата Insignia многу ми се допадна, многу ми направи мерак. Во морето од шије-ми-га-џура кросовери и пувеж-SUV возила, Opel понуди одличен седан кој е сериозно конкурентен на колите во сегментот, додека тој сегмент истовремено е во слободен пад кога станува збор за продажба. Не само за Opel, него за сите.
Арно ама, Insignia GS е кола од 2017, BMW 3 F30 е од 2012. Opel не го реши и не го реши проблемот со тежината на колите, проблем се отсликува во све. Иако (на папир) има 20 коња повеќе и 80 Nm повеќе, поспора е до стотче (али подобра на крајна брзина), повеќе троши и повеќе загадува. Работи што се важни - ако не кај нас, тогаш во ЕУ. Не го оспорувам тестот на AutoZeitung, одлична индикација колку е стварно добра Insigniata, ама дали би ја купил за истата цена место BMW? Да не се лажеме...
За жал, или за среќа, како сака публиката, Insignia Grand Sport е последното од Opel под GM. Следната генерација веќе ќе биде на EMP2 (или EMP3, здравје) платформата на PSA, со PSA мотори, PSA менувачи, PSA све.