Масовно бегство на водечките инжинери од Opel
Раководството на Opel ја прекина регулативата со која беше понудена можност за одредена „отпремнина“ доброволно да се напушти компанијата, откако се покажа дека многу од водечките инженери максимално ја искористија и заминаа да работат кај конкурентите.
Мерката беше воведена по преземањето на Opel од групацуијата PSA Peugeot-Citroen, за да се обештетат планираните 3.700 отпуштени работници поради технолошки вишок. Новите сопственици понудија огромни придобивки за оние кои доброволно ќе си заминат, меѓутоа, наместо оваа мерка да се добие на популарност меѓу обичните работници, оваа шема ужива зголемен интерес кај постарите инжинери во компанијата.
Неколку клучни експерти од Риселсхајм работат за ривалите како што се BMW, Jaguar Land Rover и производителот на компоненти Continental.
Меѓу најзначајните имиња што зи заминаа од Opel се Андреас Ципсер, главен инженер за новата генерација Insignia. Сега е шеф на развојот на подизведувачот Veritas. Ралф Ханапел, поранешен шеф на програмата за електрична енергија на Opel, моментно работи за Jaguar Land Rover. Главниот инженер на компанијата, Егор Томаски, замина во BMW во декември, а Continental го донесе Флоријан Кох, креаторот на најновата генерација на мултимедијални системи во Opel.
https://avtoplus.mk/masovno-begstvo-vodechki-inzhinjeri-opel/