Почело је
Ехеее, одамна е почнато - и генерално, мене ми е интересен развојот на настаните.
Од муабет со претставник на PSA, добив инфо дека французите работат на поставување хиерархија меѓу брендовите - нешто што мора да го има, пошто мора да постои јасна диференцијација меѓу нив.
- На самиот врв ќе биде DS, како премиум offering од PSA.
- Веднаш под него ќе биде Peugeot. Peugeot веќе неколку години работи кон поместување нагоре и станување upmarket бренд. Не премиум, ама upmarket. Директно се споредуваат со VW и сакаат Peugeot во PSA да бидe она што VW е во VAG.
- Citroen треба да биде affordable брендот. Некаде меѓу Citroen и Peugeot треба да улета Opel во приказната. Од индиректен муабет, Opel и Citroen во групацијата би требало да бидат она што се Seat и Skoda во VAG.
Инаку, стратегијата е иста (
и веќе објавена) - кратење на бројот на платформи, кратење на бројот на мотори и диференцијација меѓу брендовите преку дизајн, комфор, опрема и финална обработка. Economy of Scale.
Also, многу ми е интересна одлуката на PSA да не ги обнови договорите со сите дилери на Opel во Европа. Веќе најавија дека ги договорите со сите дилери во Европа истекуваат и дека ќе ги обноват договорите со 30% помалку. Тоа е
сериозно кратење на продажна мрежа. Во контекст на ова (и во контекст на тоа дека сакаат Peugeot да остане Upmarket бренд на кој нема да му се мешаат другите во штипки), неофицијално понудено им е прво на дилерите на Citroen да станат дилери на Opel, ако сакаат.
Многу ми е интересно да го следам целиот процес.