А во реалност од целиот муабет најбитно е да имаш добар автоматик. Дали било дизел или бензин и колку брзо убрзувал е најмалку битно. Во реална ситуација со добар авотматик, притиснување на педалата на гас ќе ти даде инстант убрзување, макар си возел и 1.6 бензин со 100коња.
И едната и другата кола за која што зборам имаат аутоматски мењач.
Всушност, колите се ептен слични, да послични не може да бидат. И едното и другото е голем германски седан, со мотор со четири цилиндри (дали турбо-бензин, дали битурбо-дизел), со погон на сите четири тркала, еден тон технологии и мотори со над 200 коњски сили.
Е сега..
Во реалноста - субјективно зборувам - секоја кола што забрзува до 100 за помалку од 10 секунди и постигнува 200 км/ч е
доволно брза за просечниот возач. Тоа се сосема адекватни, доволни перформанси.
Меѓутоа, тука веќе збориме за top of the line верзија на конкретен автомобил, кој што дури носи и легендарна значка. Со оглед на тоа дека се појавува три години после најдиректниот конкурент, очекував дека ќе понудат верзија која ако ништо друго ќе биде компаративно брза, ако не и побрза - како што прават со хот хечевите сите - се бркаат по 5-10 коња, па намалуваат забрзување до стотче за некоја стотинка, итн.
Да беше обична, цивилна Инсигниа - мање више битно - ама ова е Insignia GSi. Да пуштиш на пазар кола 3 години после најдиректниот конкурент, и во врвната изведба да си 20% поспор до 100 од најдиректниот конкурент.. Што знам, за мене тоа е недозволиво.
Да бројките се важни, да не си играме играчки сега. Да не беа бројките важни, немаше да постои AMG, немаше да постои M, немаше да постојат многу многу работи.