Филенџи, упорно одбиваш да ја прифатиш реалноста ради твојата лична (и емотивна) наклонетост кон Опел. Без разлика како изгледаат Вектрите и Астрите стари 20 години, пошто тоа е апсолутно неповрзано со моменталната реалност. Никој не го оспорува (нити па дискутира) квалитетот - Матеј зборува за сегашната состојба на брендот.
1. Opel е во сериозна финансиска була.
2. GM размислува како да го спаси Opel:
- а) Затварање фабрика (фабрики)
- б) Целосно затварање на брендот, со задржување на Риселхајм како R&D центар.
- в) Продажба на брендот (што е тешко, пошто ја ебаа работата со Magna пред неколку години, друг европски/американски купец нема, на Кинези не сакаат да го продадат)
3. Opel продава драстично помалку возила од своите европски конкуренти (читај VW).
4. Opel има направено загуби од (мислам) 13.000.000.000 долари во последните 12 години.
5. Потребни се преку 1.000.000.000 долари за реструктурирање на Opel во моментов.
6. Opel работи со прекумерен капацитет - односно, немаат потреба од толку многу погони/фабрики/работници за бројката на возила што ја продаваат.
Дали сите овие работи тебе те асоцираат на бренд кој НЕ е во кал? Мене ми е многу жал за Opel како бренд, но не му се пишува добро.
ЕДИТ: Да додадам
7. Кога спомнуваме за ограниченост на пазар, зборуваме дека Opel е ограничен на Европскиот пазар (воглавно), додека VW продава и во САД, Канада, итн.
8. Спомнуваш бест-селери. Да беа бест-селери (името означува модел кој најдобро се продава во својата класа) немаше да бидат во оваа ситуација во која што се денес. Sorry.