Да пишеме нешто, да не се правам дека возам Волксваген па ништо не се случува 😅
Од горе направеното, крилото и браникот, се беше супер ама бојата не се сушеше, така да при монтирање се направија доста отпечатоци од прсти кои останаа, крилото доби ситни гребаници од моите додека се сушеа над шпорет, ништо од ова не е страшно зошто на пролет и следува полирање, па така мислам дека се ќе си дојде баш како што посакувам. Пред полирање ќе ја превртам цела кола и каде што има ситни зуцки и работи кои не ми се допаѓаат ќе ги пикирам со боја и лакче, фино ќе се ишмирглаат кога ќе се исушат, т.е пред да иде на полирање. Бојата дефинитивно двои, ама не е страшно
Пластики за под крила како што кажав нарачав и ми стигнаа, чекам тие пластичните нитни да стигнат,
@Diesel ми прати бидејќи имал такви како што ми требаат, нарачав и од Али експрес, трка со време е, да видиме кој побрзо ќе стигнат па да ги монтирам.
Нарачав, ми стигнаа и ги монтирав исто од Али експрес веѓи за фарови, чек чек чекај, не такви како што мислите, овие се внатрешни, штитат од прашина/вода најверојатно кон моторен простор. Немам слика од нив, не сум сликал, се монтираат од горна страна на фаровите и изгледаат вака:
Кога сме кај фаровите, се мислев да нарачам headlight lens, но некако не ми се растураат фарови сега за сега, зошто ако почнам ќе ме кошта многу, ќе сакам и проектори да сменам итн. така да сега за сега се откажав, па затоа денес добија Полимеризација. Фаровите си беа добри генерално, ама сега се уште подобри:
Променет аблем позади на гепек, бидејќи стариот почна да пука нешто и лошо изгледаше.
И тоа би било тоа за оваа година.