Автор Тема: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium  (Прочитано 4667 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10125
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #30 на: 26 Октомври 2021, 23:56:15 pm »
Значи овака,  1.4 mpi  Хјундаи i30 (претходна генерација) и 1.0 екобуст Фокус (сегашна генерација).

Првиот не е толкава катастрофа, а вториот не е нешто спектакуларен.

Првиот е екстра тивок во кабина, на 130км/ч вртежите се нешто под 4.000 кога и се појавува едно пригушено режење, барем додека е нова колата. Меѓузабрзувањето на автопат споредено со дизел е тиња, па затоа и лежерно ќе си возиш без некакви амбиции.
 Во град си брка работа солидно, освен ако не е целта да испредњачиш 500 метра пред останатите и да ги чекаш на црвено на наредниот семафор :)

Вториот има чудно режење на тргнување и мислам на додавање гас од пониски вртежи, потоа се смирува, и е доста тивок на 130км/ч  бидејки е под 3000 вртежи (не се сеќавам точно). Меѓузабрзувањето на автопат не е ништо поразлично од првиот, освен на штоперица можеби.
Во град се осеќа дека е пожив и со леснотија се завртува моторот.
Што се однесува до потрошувачката во град, на исти релации со дизелот 1.4 што го возам е 6.5л, со 1.0 екобустот е 7.6л, со 1.4 mpi е 8.7л.
На автопат е поекономичен екобустот поради пониските вртежи, односно 5.5л за разлика од атмото кој лапа 7.2л со 130км/ч.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1042
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #31 на: 27 Октомври 2021, 09:49:19 am »
Јас возам kia cee'd 1.4 атмосферец со 100кс, веќе стигнавме до 100К км, пресекот е следен, 35К на плин. Тромава машина, потрошњата не е баш економик во град, оди до кај 9.3л на 100км низ СК, отворено e да на 6l бензин, плинот е со плус 10% негде потрошња. Сервисите се ок,не се поразлични од цените на други возила од сегментот. Последно сервис правев со заменски делови во KIA. Па ќе видием каков им е квалитетот. 
Така да генерално мислам дека ценава е малце височка, дури и за основниот модел. Минус 2000->3000 евра тамам цена би било. Ако се земе предвид дека се работи за атмосферец. Инаку ОК возило за плин, службено возило, почетник. Или човек кој не вози огромни км на отворено. Јас би во оваа класа и ценовен ранг би играл со peugeot 308. Е сеа споредбено теба да видам со опрема како би биле.

П.С Основен модел на hyundai i30 2010 во авточајка беше 12.000 евра. Ми е криво пред 3-4 месеци ги избришав маиловите од понуди кои ми ги испраќаа тогаш.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10125
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #32 на: 27 Октомври 2021, 11:26:10 am »
Каде му извади 6 литри на отворено, освен ако не е вожњата по магистрални патишта или на автопат со 100км/ч :)

Можеби испуштив да кажам дека потрошувачките што ги спомнав погоре се летно време со пуштено клима.

Како и да е, поентата ми беше дека често се пишува дека се разочарани од 1.0 турбо, ко божем очекувале ракета :)
Од друга страна па и 1.4 атмо споредено со 1.0 турбо не е некаква катастрофа да не може да се вози, поготово ако цената е идентична со буџетскиот плафон, плинчето е бонус.

Предноста на 1.0 е малку пожива градска вожња (кому ли му е потребно на збиени семафори), потивок мотор на автопат и некое литро пониска потрошувачка, толку.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8809
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #33 на: 27 Октомври 2021, 19:36:02 pm »
Elantrata so 1.6 so 128ks imase potrosuvacka

100 do 110km/h 5l avtopat ramno
140 do 160km/h 6.5 avtopat

Vaka sum ja vozel.

Gradska samo 9l na 100km.


Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3768
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #34 на: 28 Октомври 2021, 11:33:52 am »
@zeroSignal "атмосферецот е изнандувачки агилен".

Кога ги гледам овие возила и тестовиве прво прашање е дали би му советувал на татко ти (пријател, роднина без големи очекувања да ја користи колава повеќе од наваму - натаму) да купи ваква кола за 20к еур? Пошто ти не би сигурно.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29170
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #35 на: 28 Октомври 2021, 11:53:50 am »
На папир моторот е тиња и затоа и очекував да биде никаков - ама ме изненади дека не е скроз никаков. Оној мид-рејнџ е до некаде прифатлив и успева колку-толку да ја спаси ситуација.

Јас и во тестот напишав дека би избрал некој од турбо-бензинците.

Е сега, на татко ми не би му советувал, пошто и јас би требало да ја возам таа кола од време на време. Ама имам другари кои купија Елантра со сличен мотор и кои си се супер-задоволни од колата. Сè е во контекст на желбите и очекувањата.

За 20к? Не. За 20к би препорачал Ceed со 1.5 T-GDI со 160 коња. Ама за луѓе на кои трошокот за возење им е пресуден (односно кои одма и сместа ќе вградат плински уред), ова е опцијата.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3768
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #36 на: 28 Октомври 2021, 12:15:42 pm »
Јас исто би рекол дека ваква кола може да си ги заслужи бараните 14-15 kEUR, на име на рационално користење на ресурсите во подолг период. Сепак 20к некако навлегува далеку над базично, едноставно и рационално. Инаку дури и да се ценкам не ми личи дека за 18к вреди да ја мислам.  А за 18  има на плац сега о https://carstore.automobilesk.mk/listings/fiat-500x-cult-1-0-120ks-euro-6d-p937473/ дма да му се качам. Или да се симнам скала подолу на Панда. Пошто со ова да бидеме искрени многу ќе се остаре ако се тргне на долг пат со цело семејство. Од друга страна па е големо ако е за сам/двајца низ град да го тркалаат. Гарант продавачите ви Ми-Да кубат коси како да ги остварат таргетите од Хјундаи сега.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10125
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #37 на: 28 Октомври 2021, 12:27:51 pm »
Јас имам навика да ги споредувам цените со основна опрема, потоа ги споредувам што содржат а обично тука се најслично опремени.

Брзо пребарување

Корола -    19000
Сид 1.0      17000
Сид 1.5      18000
Фокус        19000
Меган        19000
Типо 1.0    16500
Октавија   22000
Скала        16000
i30              16500

Нема нешто којзнае колкав избор за некој што прикрпил16.500/17000 и сака нова кола под гаранција и да не се замара со крупни дефекти наредни 10 години.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6094
  • 69
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #38 на: 28 Октомври 2021, 12:30:12 pm »
Еве и јас ке споделам искуство со потрошувачка на моторите...

Елантра 1.6 MPI Атмо со 132 кс...   
- Градско возење: 8,4 до 9,7 (лето/зимо/семафори/релација)
- Возење на отворено по пропис и знаци ~ 6,5 l  (магистрално 80 км/ч, Автопат не преку 130 км/ч)
- Максимум што ми има покажано со возење на околу 750 км рута на автопат и брзина во просек 140 - 160 км/ч 7,4 л
- Минимум што сум извадил на поминати 280 км возени на автопат 5,7л

Пежо 2008 1.2 TB со 130 кс
- Градско возење: 7,8  во моментот одприлика, колата има поминато околу 1000 км до сега
- Возење на отворено по пропис и знаци ~ 6,4 l  (магистрално 80 км/ч, Автопат не преку 130 км/ч)

за Максимум и Минимум не можам да дадам се уште конкретни информации.

Колите се генерално подеднакво товарани кога се правени мерењата.
Имам и слики ако треба да се уверите.

Двата мотори се бензинци и се возат само на бензин.

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1042
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #39 на: 28 Октомври 2021, 12:49:47 pm »
толку е економик бе на пежо турбашот низ град? Пошо тешка е колку киата?
Пошо реално низ Скопје кола што троши под 9литри сум немал. И тојотава со d4d да ја мерам на 200-300км само низ ск стои го залепена за 9.0л.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10125
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #40 на: 28 Октомври 2021, 12:55:12 pm »
Со овие вредности што ги пиша Сале и моите погоре веќе се наѕира конзинстентност во податоците и соодносот во потрошувачката меѓу помали и поголеми кубикажи на атмосферците во градска и отворена вожња, споредено со downsized турбаш како замена за адекватениот атмосферец (1.4 до 1.6).

Има разлика но ништо спектакуларно, не бега стареењето при патување и во двете варијанти (атмо/турбо), освен ако не е  1.4 турбо па нагоре :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29170
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #41 на: 28 Октомври 2021, 13:15:30 pm »
Елантра ко на Сале иде до 100 со 10.7 секунди. 2008 иде до 100 за 8.9 секунди. Да не праиме муабет дека Елантрата има 145 -150 Nm (колку што ме држи сеќавање) На околу 5000 вртежи во минута, 1.2 турбо има 230 на 1750 вртежи во минута - а тоа го прави турбашот да е значително полесен за секојдневно возење и се чувствува како да е значително побрз, бидејќи нема потреба од „газење“ до високи вртежи.

Турбо-бензинецот е супериориен во секој аспект. И во еластичност, и во перформанси, и во потрошувачка.

Едит: Затоа напоменувам, не се сечии потреби и желби исти. Кога се купуваше Elantra / i30 со ваков мотор за 13-14к, приказната беше комплетно поинаква. Сега веќе нема такви цени. Е сега, затоа има момент како 7 години гаранција, едноставен и нерасиплив мотор, можност за конверзија на плин, итн, итн, итн. Како што рече Сале, за фирма се одлични.

Гарант продавачите ви Ми-Да кубат коси како да ги остварат таргетите од Хјундаи сега.

Зависи со што. i20 / i30 потешко оди во однос на порано. Tucson си пичи. Kona си пичи.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3768
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #42 на: 28 Октомври 2021, 13:58:18 pm »
Гарант продавачите ви Ми-Да кубат коси како да ги остварат таргетите од Хјундаи сега.

Зависи со што. i20 / i30 потешко оди во однос на порано. Tucson си пичи. Kona си пичи.

Си имаат они сегментирани таргети за секој модел и бренд.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10125
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #43 на: 28 Октомври 2021, 14:44:04 pm »
Елантра ко на Сале иде до 100 со 10.7 секунди. 2008 иде до 100 за 8.9 секунди. Да не праиме муабет дека Елантрата има 145 -150 Nm (колку што ме држи сеќавање) На околу 5000 вртежи во минута, 1.2 турбо има 230 на 1750 вртежи во минута - а тоа го прави турбашот да е значително полесен за секојдневно возење и се чувствува како да е значително побрз, бидејќи нема потреба од „газење“ до високи вртежи.

Турбо-бензинецот е супериориен во секој аспект. И во еластичност, и во перформанси, и во потрошувачка.

Едит: Затоа напоменувам, не се сечии потреби и желби исти. Кога се купуваше Elantra / i30 со ваков мотор за 13-14к, приказната беше комплетно поинаква. Сега веќе нема такви цени. Е сега, затоа има момент како 7 години гаранција, едноставен и нерасиплив мотор, можност за конверзија на плин, итн, итн, итн. Како што рече Сале, за фирма се одлични.

Гарант продавачите ви Ми-Да кубат коси како да ги остварат таргетите од Хјундаи сега.

Зависи со што. i20 / i30 потешко оди во однос на порано. Tucson си пичи. Kona си пичи.
Хаха, поради тоа што е супериорен се појавуваат повремено коментари на разочарани членови на форумов откако повозиле 1.0 турбо.
Токму поради суперлативите се појавуваат коментари кои одат во негативна крајност за атмосферците како за Типо што имаше пред некое време :)


Се сложуваме сите дека е подобар турбашот и за неговите предности (мислам дека ги опишав погоре во 2-3 најкратки црти), но исто така е предмет на размислување на одредени купувачи дали основно ниво атмосферец, дали премиум ниво атмосферец vs основно ниво турбаш, особено ако се знае дека основниот пакет е веќе "пребогат".
Ова секако ако се исклучи митот  "тукушто развозена 10 годишна половна кола".

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20055
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.5 GLS DPI Premium
« Одговори #44 на: 28 Октомври 2021, 14:46:33 pm »
Со цениве на плин моментално не знам кој би конвертирал возило сега.