Јануари - месец на батерии:
8 јануари, 147010 километри - Monbat P Series, 53Ah и 500А моќ на стартување.
Зошто сменив и зошто Monbat:
- Акумулаторот што беше на колата беше Bosch произведен 2016 година и волтажа во мирување му беше 11.5 волти. Го полнев 2 пати со различни полначи, се качи волтажа во мирување на 11.8. Колата палеше најнормално ама ако тргнев со помала гас додека беше ладна, ми го гасеше сервото поради несоодветен напон. Бонус - ќе ме оставеше некаде ако преноќеше колата на минус.
- Зошто Монбат? Имав 550 поени на Верна од Макпетрол. Прво се залетав за Duracell што ми излагаше 3800 денари со попусти, овој излезе 2750 со поените и со оставање на стариот акумулатор кај локални автоделови. Се надевам нема да дочекам да рикне и колата ќе смени сопственик по 3-4 години.
П.С. Во основа е идентична димензија како оригиналниот, во висина не е, па си доби стиропор 2цм од доле
15 јануари, 147170 километри, сменети Duracell 2032 батерии на двата клуча.
Таа во вториот, новиот кинески клуч ме дупеше и централното фаќаше само до кола, па ај реков двете ќе ги сменам за 179 денари.