Автор Тема: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp  (Прочитано 27141 пати)

Отсутен TSI

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #315 на: Декември 11, 2021, 01:00:52 am »
Нема информација за прегорена сијалица меѓутоа кога ставав лед сијалички на таблицата трепкаа а овие за дневни работат супер.
Најдобро да пробаш..
Може да се договориме да ги пробаш овие па да знаеш дали да нарачуваш

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16292
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #316 на: Декември 27, 2021, 13:01:25 pm »
Не е вредно да влезе во Google Sheets табелата зошто не кошта ништо во пари, ама денес го полнам акумулаторот со праисториски "глуп" полнач, со копче заглавено со чепкалка за заби како што кажува JUS стандардот.

Произведен е јуни 2016 година и мислам дека е на последни сили, неколку пати ми се деактивираа системите и откачи шалтаблата во вистински Alfa Romeo стил, класичен и добро документиран симптом на суб-оптимална волтажа кај MiTo.

Ова е последен обид пред да биде заменет со DURACELL ADVANCED, 63 Ah.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1192
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #317 на: Декември 27, 2021, 15:36:28 pm »
Ова мора да е некој нов изум - цревото од климата да оди во метлата и ја прави „Метла на пареа“?

 ;D ;D ;D ;D ;D

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 51491
  • Махер
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #318 на: Декември 27, 2021, 15:41:40 pm »
Ова мора да е некој нов изум - цревото од климата да оди во метлата и ја прави „Метла на пареа“?

 ;D ;D ;D ;D ;D
Чим тебе тоа ти е нова работа, гарант и во ладен базен се бањаш.

Отсутен loopz

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
  • Зборува со автомобилите. Specijalis Cardialogue
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #319 на: Декември 27, 2021, 15:53:29 pm »
Дени, бре

You humans. Sometimes its hard to imagine how you've made it this far.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16292
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #320 на: Декември 27, 2021, 17:53:27 pm »
Ова е последен обид пред да биде заменет со DURACELL ADVANCED, 63 Ah.

Одиме по акумулаторче утре ;D 11.9V со судни маки држи после 6 саати полнење :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4704
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #321 на: Декември 27, 2021, 18:07:43 pm »
Гледам овој што го полниш е 52ah. Викаш ќе земеш 63ah.

Колку е фабрички препорачано? Мислам дека е попаметно да гледаш поголем ССА, отколку ah.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 51491
  • Махер
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #322 на: Декември 27, 2021, 18:57:30 pm »
Ако собира подобро е повеќе Ah, се разбира. Само е поскапо.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16292
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #323 на: Декември 27, 2021, 18:58:11 pm »
Има и таков и таков, помалиот за бензинци, поголемиот за дизели.

Tray-от кај што стои акумулаторот има пластичен граничник за да не шета помалиот акумулатор.

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 41547
  • Il Moderatore
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #324 на: Декември 27, 2021, 19:07:11 pm »
Не ставај поголем, само ќе зголемиш understeeer поради зголемена тежина пред предни тркала! :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4704
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #325 на: Декември 27, 2021, 19:14:51 pm »
Не гледам причина зошто би купувал акумулатор со поголем капацитет од фабрички пропишаниот. Нема никаков ќар од тоа.

Ем поскапо ќе го платиш, ем мислам дека ќе му го скратиш работниот век, пошто капацитетот на полнење на алтернаторот е за помалку ампер-часови, а знаеме дека на акумулаторите им е најубаво кога се стално полни, односно дали ќе успееш да го полниш како што треба.

Ако возиш исклучиво отворено и поголема километража, пеки. За нормална употреба, не гледам причина за давање приоритет на повеќе ампер-часови, пред ССА.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 51491
  • Махер
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #326 на: Декември 27, 2021, 20:13:00 pm »

Ти ако не гледаш не значи дека е така. Погрешна хипотеза лесно доведува до погрешен заклучок. Барем да не се шири тоа како совети инаку ти мисли си го, не е проблем.
Алтернаторот ќе полни секакви акумулатори.
Поголем акумулатор ќе е повеќе полн постојано, зошто помалку ќе му паѓа капацитетот при празнење. Што е поздраво за акумулаторот.
Тој ќе има поголем век на траење, во споредба со помал.
На отворено нема да има разлика. Во град ќе издржи повеќе зошто има повеќе капацитет за резерва.

Итн.

Единствено негативно е што е поскап и потежок.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4704
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #327 на: Декември 27, 2021, 20:20:10 pm »
ОК, ставете од автобускине акумулатори ондак, со 1234 ампери.

Инженерите што пресметале колкав акумулатор е доволен за која кола, глупи се.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 51491
  • Махер
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #328 на: Декември 27, 2021, 20:25:01 pm »
Драго ми е што се разбравме, на крајот.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4704
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #329 на: Декември 27, 2021, 20:26:49 pm »
Такоѓе.