Повратак
џедаја Martin
Alfista!
Цели 7 години поминаа откако ја продадов 145ката, и си знаев дека повторно ќе се вратам на брендот што ме натера да ги засакам колите, само не знаев кога и во каков капацитет
147/156/GT генерацијата ми е прекомплицирана за одржување, 159/Brera такоџе, Giulietta ми беше надвор од буџет, па остана ова - Митце. Видов и пробав 19 коли пред да го земам ова, и ете, среќата ми била да ми се падне овој примерок (или нему му била да се падне кај мене, шознам).
Да ви го претставам количето:
2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo Benzina, 120hp спарен со 5 speed мануелен менувач со *благевезенемамкоја* опрема. Конкретното MiTo е во 4-seater конфигурација (ги има и со 4 и со 5 седишта, немаат никаква разлика освен што тоа со 5 има плус појас на задна клупа)
Од дополнителна опрема има:
- Команди на волан со BlueMe систем
- Hill-hold
- Подлабоките седишта со silver централни делови
- Carbon-effect шалтабла и врати
- Puddle lights (за осветлување кога отвараш врата)
- 17" horseshoe алуминиумски бандажи
- спојлер(че) на гепек
- за друго стварно немам поим, ни 24 саати ја немам колата
За состојбата сигурно ќе има многу кренати веѓи од тие што следеа како се одвиваше потрагата, бидејќи колата не е неувезена, не е од прв газда, не е беспрекорно сочувана внатре, нема сервисна историја, не е без фарбаници (браник преден е само фарбан), туку е буквално се спротивно од она што викав дека го барам.
Но, има тука нешто што америте го викаат silver lining, а тоа е дека колата ја платив за цена многу прифатлива за мене и за мојот буџет за средување, па за брзо ќе биде доведена до одлична механичка состојба (веќе е, но има финеси за досредување) и потоа ќе се навртиме на козметика.
Пресудно за мојата одлука беше тоа што го видовме и заклучивме со мајсторите на
@Borce-Fiat (уште еднаш огромна благодарност до тебе и до вујко ти што го ослободи сервисот, како и до братучед ти што одвои многу време да ја претресеме колата!). Од доле видовме здрава каросерија, прави рогови, здрав метал без корозии (а сите очекувавме барем површинска на траповите) и реална километража на дијагностика на двете места кај што се регистрира километражата.
Од механички забелешки:
- Скршена предна спирала (барам во моментов поефтина опција од 6000 денари за пар)
- Буфери на задни амортизери (ефтин, познат проблем на MiTo)
- Две од гумите беа ѓубре
- Мистерија е кога е правен последен сервис (па и масло сменето).
Козметички забелешки:
- Гумираните пластики внатре се... жалосни.
- Воланот е... подизлижан.
- Има грепки по пластиките.
- Има ситни грепки по каросеријата (за овие си ветив дека нема да се замарам).
- Фали капак на ретровизор.
Што направив до сега:
- Во саботата оставив капар, сликав VIN и веднаш со
@Prcot се фрливме на работа:
- SKF - сет ребраст каиш, затегач и водна пумпа
- Gates - сет линиски каиш и затегач
- NGK IKR9J8 (93311) свеќички
- MANN филтер за масло, Filtron за воздух, Bosch Activated Carbon филтер за кабина
- Shell Helix HX8 ECT 5W-40 масло
- Febi Bilstein предни буфери на амортизери
- Febi Bilstein задни буфери на амортизери
- Од Autocentar.mk порачав предни спирали (не порачав од кај Прчко поради разлика во цена а и 3 пати подолго време на испорака. Не е тој крив, добавувачите веројатно тогаш можеа да ги набават):
-
KYB K-flex- Вчера пред тргање кон Струмица, купив Sava Intesa UHP2 во 225/45/17 димензија (нефабричка, на мое инсистирање) со цел да ги монтирам таму и да тргнам на пат. Задните гуми на колата не беа безбедни за патување.
- Бев во Bo-Mi Auto кои ми оставија одличен впечаток како мајстори, не најдоа забелешки на предница освен совет да се погледнат предните буфери кога веќе се вадат амортизери (затоа и е дополнета нарачката погоре).
Финално, еве ги истите слики од другата тема додека не решам да направам нови