Автор Тема: Астра Ј 1.4Т  (Прочитано 7474 пати)

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: Астра Ј 1.4Т
« Одговори #30 на: Септември 16, 2021, 21:35:03 pm »
Кај мене вергла само ако ја оставам повеке од 20-30мин  не запалена а е загреанжна, а ако ја запалам одма после гасенје пали без проблем. Инаку  еве уште еден апгрејд"


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1639
Одг: Астра Ј 1.4Т
« Одговори #31 на: Септември 17, 2021, 08:14:11 am »
Вака по симптоми асоцира на сензор на радилица. Мене ми правеше така од време на време, на загреан мотор, ќе ја угасиш и верглаше многу подолго од нормалното. На диајгностика покажа дека е сензор на радилица, после бришење на грешката, проблемот го снема, пу пу да заплукам  :) .

Едит: Го најдов мојот пост, сензор на брегаста а не на радилица, мада можно е слични симптоми да покажува

Денеска кај пријател ја ставивме колата на тестер и покажа грешка (повремена) camshaft sensor. Дијагностиката не е оригинал за Рено ама би требало да покаже точно. На нет колку што видов се работи за сензор на брегаста и од едно појаснување на еден странски форум баш тие симптоми ги дава кај мене:

CRANKSHAFT SENSOR- davač broja okretaja, naravno na radilici. Crankshaft bi u prjevodu bilo koljenasto vratilo (crank-koljeno<-->shaft-vratilo)


CAMSHAFT SENSOR- davač položaja bregaste. (cam-brijeg)

 
Obično se u VW camshaft senzor označava sa G40 . I ako crkne on( tj. ako izostane signal) auto će upaliti ali uz malo duže verglanje jer će ˝tražiti ˝ položaj bregaste! A ako pak crkne ovaj drugi ona nema više paljenja!
« Последно менување: Септември 17, 2021, 08:27:19 am Filip MK »
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: Астра Ј 1.4Т
« Одговори #32 на: Септември 17, 2021, 16:07:17 pm »
Можно е тоа да, само во Кв нема диагностичар добар, ке мора во Ск да ја носам. Сега баш кога се вракав од работа давам контакт и пумпата се вклучи, и пак верглаше подолго. А еден мајстор ми даде совет 3-4пати да дадам контакт пред да ја запалам, и подобро пали така ама пак не е тоа тоа.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7035
  • Плинаш!!!
Одг: Астра Ј 1.4Т
« Одговори #33 на: Септември 17, 2021, 17:31:50 pm »
Можно е тоа да, само во Кв нема диагностичар добар, ке мора во Ск да ја носам. Сега баш кога се вракав од работа давам контакт и пумпата се вклучи, и пак верглаше подолго. А еден мајстор ми даде совет 3-4пати да дадам контакт пред да ја запалам, и подобро пали така ама пак не е тоа тоа.
Ако подбро пали така, може и пумпата да е пред рикање.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: Астра Ј 1.4Т
« Одговори #34 на: Септември 17, 2021, 19:36:58 pm »
Мириса и на пумпата, ама ме буни тоа што насабајле одма пали, а и нема проблем во возенје то, ги полни обратите  до блокажата без проблем.

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: Астра Ј 1.4Т
« Одговори #35 на: Септември 24, 2021, 22:24:27 pm »
И еве го резултатот од "Oil catch can"од првите околу 200 км повекето  градска вожња



Овде требаше да биде слеано тоа масло,дирекно во турбината како што се гледа од талогот од  пред да го монтирам, а сега е суво.



Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: Астра Ј 1.4Т
« Одговори #36 на: Ноември 08, 2021, 21:26:40 pm »
Еве го резултатот од "oil catch can" на отприлика 1500км поминато. Долниот слој е како цемент.



Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16529
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Астра Ј 1.4Т
« Одговори #37 на: Ноември 09, 2021, 00:51:47 am »
Ова е нескафе 3-во-1, неизмешано. Доста ширите паника!!!! ;D ;D ;D

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: Астра Ј 1.4Т
« Одговори #38 на: Ноември 09, 2021, 17:40:59 pm »
Koj e za 3vo1  svezo iscedeno bujrum  ;D

:o

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 52462
  • Махер
Одг: Астра Ј 1.4Т
« Одговори #39 на: Ноември 09, 2021, 17:43:09 pm »
На колку време се празни тогаш ова? Или оставаш да си капе? :)

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: Астра Ј 1.4Т
« Одговори #40 на: Ноември 09, 2021, 18:18:59 pm »
На колку време се празни тогаш ова? Или оставаш да си капе? :)
Нема некое правило, зависи од моторот од начинот на возење а можеби и од улјето. Си има мерач (шипка) и проверуваш од време на време. Лошо е само ако се преполни, тогаш може наеднаш да повлечи во моторот.

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: Астра Ј 1.4Т
« Одговори #41 на: Ноември 22, 2021, 08:32:35 am »
Се појави мало тропање во предницата, поготово изразено на по ниски температури и на ситни нерамнини, на топло многу малку тропка не се ни приметува. Дијагностицирани се лагерите  на амортизерите. Е сега прашање е од каде и какви да купам. Понудени ми се од Лендиком:
Топран за 2500 пар
 Феби 5500
И ГМ 9000
Да не има некој искуство и предлог какви и од каде да земам

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16529
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Астра Ј 1.4Т
« Одговори #42 на: Ноември 22, 2021, 08:50:37 am »
Пиши му на @Prcot, Febi Bilstein сигурно ќе има да ти понуди по пониски цени се надевам, а можда и други опции.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1639
Одг: Астра Ј 1.4Т
« Одговори #43 на: Ноември 22, 2021, 15:12:49 pm »
Се појави мало тропање во предницата, поготово изразено на по ниски температури и на ситни нерамнини, на топло многу малку тропка не се ни приметува. Дијагностицирани се лагерите  на амортизерите. Е сега прашање е од каде и какви да купам. Понудени ми се од Лендиком:
Топран за 2500 пар
 Феби 5500
И ГМ 9000
Да не има некој искуство и предлог какви и од каде да земам
@M.Meskov Каде ти го дијагностицираа проблемот?
@MartinAlfista Знам дека си од Гостивар, него дали имаш слушнато за некој добар сервис за подвозје во Тетово, еден колега ми го фали па се мислам следниот месец да го испратам со мојата кола да оди да ја проверат? Ми кажа име ама заборавив.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16529
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Астра Ј 1.4Т
« Одговори #44 на: Ноември 22, 2021, 18:15:35 pm »
Ги провери сите сервиси за предница во Скопје, вклучувајќи ги и Мето во Кисела Вода и Бо-Ми Авто, и не ти се допаднаа/не го решија проблемот? Затоа сакаш во Тетово?

Не сум го слушнал сервисот иначе.