Ете дојде ред и првата регистрација јас да и ја направам, техничкиот беше детално направен на мое барање и немаше никаква забелешка, а што е најважно издувните гасови 0.01мг.
Попустот од осигурувањето ми го префрлија од старата така да испадна околу 4000, а се на се околу 10 000ден. Зелениот картон ке видам ако затреба, со ова ковидот ништо не се знае, а не ми се фрлат 6000 ден за џабе.
Единствена забелешка што ја имам за колата е тоа што кога стои на сонце долго време, или ако половина час стои не запалена, малку подолго вергла додека да запали. А ладна насабајле пали на заб што се вика, се сомневам на пумпата или некој инјектор зафркава. Па ако има некој слично искуство нека пише.