Автор Тема: Toyota Camry Hybrid Executive  (Прочитано 17244 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Toyota Camry Hybrid Executive
« на: 22 Јули 2021, 20:47:26 pm »
Мојата нова хибрид лимузина. 
180кс бензински мотор, 120кс електричен мотор = вкупна моќност 220кс и околу 400Нм вртежен момент.
Прва регистрација 30.10.2019 и има поминато 23000км.

Потрагата траеше релативно кратко, во игра беа Ф30 330i (Г30 330i беше надвор од буџет), C250/C300T и Хибридов. На прв поглед најшашавиот модел од трите ми направи најголем мерак во комбинација со мотор, опрема, удобност и возење.

Опрема:
- 18“ Бандажи
- Целосни ЛЕД светла (напред/назад) со автоматски средни/долги (немам возено целосно ноќно време, не знам како функционира)
- Црн кожен ентериер + кожен волан
- Греење седишта
- Адаптивен темпомат со автоматско сопирање во случај на несреќа и запирање до нула (за во гужва удобна работа)
- Активно држење во лента
- Сензори за мртов агол
- Паркинг сензори напред/назад + камера за рикверц
- 8“ Инфотејнмент со навигација
- Греење на седишта

Што нема:
- Сончев кров
- Ладење на седишта
- Завеса на задно стакло
- Контроли за клима радио на задно седишта (ама пак затоа ми се пуштаат седиштата)

Внатрешност:
Кожената внатрешност и изработката со материјалите и се што допираш е меко и пријатно на допир. Изработката и внатрешноста делува квалитетно и по ништо не заостанува зад другите возила кои ми беа во тесен избор. Реално, се разочарав од мерцедесот во тој поглед. Тесен и неудобен. БМВ-то исто си имаше малку разочарувачки карактер. Тојотата како за јапонец се потрудиле да се доближат до европските производители и да подзаликуваат по малку на премиум (иако не се премиум). Претходно имав исто тојота, но оваа е од повисока класа и внатре е многу добро склопена и на допир и на изглед.

Надворешност:
Колата е голема. И конзервативна. Класична лимузина. Не паѓа во очи. Тоа ми прави мерак затоа што е конзервативна и лесно е скриена во редот на други возила.

Возни карактеристики:
Првите импресии после 500км се подобри од очекуваното. Лимузината е тивка, брза, удобна. Во град и на регионални и магистрални патишта е безшумна. Не тивка, туку безшумна. Единствено нешто што се слуша се гумите. Возење низ град е добри 60-70% исклучиво на струја. На семафор си секогаш прв и одзивот на педала на гас е инстантен. Многу често се истрелувам прв без да имам намера и ги гледам другите на ретровизор зад мене. Кочењето, регенерација, и вклучување на моторот е мазно и неприметливо.

На автопат е потивка од фокусот, не е премногу мека, ама не е и премногу тврда. Низ кривините на автопат е како по шини и возењето потсеќа на е46ката што ја имав пред пет години. Нема висока крајна брзина, ама во опсегот 120-160 е доста добра за крузање и возење и е многу побрза на доубрзување отколку што очекував. Менувачот е толку многу пљукан, но во реалноста е одличен. Ниту рика колата како што викаат во ревјуата, ниту е бавен на кикдаун, ниту е целосно одделен од звук и забрзување. Кога натепуваш гас во нормал/спорт нема замислување/нема не одам без разлика дали возиш 50/100/130/150. Повлекува наеднаш и полни брзиномер до 190 (толку е ограничена). Комбинацијата атмо/струја е полн погодок и нема никаква дупка или недостаток на моќ.

Наредниот месец ми претстои големо патување низ Европа и до родниот крај па ќе ја тестирам на ептен долга релација со удобност, брзина, сила, потрошувачка и однесување на многу високи температури.





Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #1 на: 22 Јули 2021, 20:58:45 pm »
Честитки, изгледа како да има 0км поминато. Со здравје да се вози!


Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #2 на: 22 Јули 2021, 21:39:21 pm »
WOW, Честитки, со здравје да се вози.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #3 на: 22 Јули 2021, 21:44:09 pm »
Честитки. Топ, топ, топ избор. Прекрасна е.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #4 на: 22 Јули 2021, 21:49:24 pm »
Фин така, избор. Интересен. Мене повеќе би ме влечело накај Лексус отколку накај Тојота, ама не е лошо и ова.
Колку км може да помине само на струја и до колку км/ч не пали бензин?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #5 на: 22 Јули 2021, 21:50:34 pm »
Честитки и тука Луки, да се знае која куќа јаде мрсно!1 :P
Со здравје да си ја возите и на убави места да ве носи! :D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #6 на: 22 Јули 2021, 21:50:42 pm »
Со здравје да се вози. Бомбона!

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #7 на: 22 Јули 2021, 21:59:15 pm »
Браво, прекрасен избор и со здравје да си ја возиш колата!

Цитат
На семафор си секогаш прв и одзивот на педала на гас е инстантен.
Истово го приметив неколку пати со јарис хибрид и корола хибрид, во град ако сакаш некого да преткнеш или да му се убуташ во лента само гас и инстант забрзуваш. Ама не, ЦВТ не чинел  ;D
« Последно менување: 23 Јули 2021, 07:55:00 am vlatko.klp »

Отсутен hrn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 530
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #8 на: 22 Јули 2021, 22:06:51 pm »
Се зголемуваат батериите на форумов, со здравје да се вози  ;D

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #9 на: 22 Јули 2021, 22:15:54 pm »
Создравје да се вози, ме чуди зошто толку мала крајна брзина на толку кс  :)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #10 на: 22 Јули 2021, 22:45:11 pm »
Честитки Луки, љубоморен сум ти многу!  :-*

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #11 на: 22 Јули 2021, 22:59:28 pm »
И после лошо било на бауштеле во Германија  :D

Честито нова кола докторе, со среќа на патиштата и све туѓи жени во неа да возиш.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #12 на: 22 Јули 2021, 23:01:14 pm »
Со здравје да се вози.

Sent from my Redmi Note 9 Pro using Tapatalk


Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #13 на: 22 Јули 2021, 23:22:29 pm »
Браво. Предобар избор, со здравје да се вози!

Стави уште некоја слика од ентериерот.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #14 на: 23 Јули 2021, 00:35:57 am »
Честито!