Автор Тема: Toyota Camry Hybrid Executive  (Прочитано 17212 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #30 на: 23 Јули 2021, 14:18:59 pm »
Со здравје да се вози Тојотката. Одличен избор. Што повеќе поминати километри и што помалку загаден воздух :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #31 на: 23 Јули 2021, 14:26:36 pm »
Честитки Луки, само со разум се бира Тојота пред беемве и мече :)

Како е продажбата на овој тип возило да речеме после 3-5 години или после 100К км?
Дали би држело исто цена како "светото тројство"?

Имам чувство дека кај нас од салон да ја извадиш со 0км, после 5 години тешко дека ќе ја дадеш и беспари.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #32 на: 23 Јули 2021, 14:56:46 pm »
Честито нова кола, со здравје да се вози. Многу добра лимузина, несекојдневна, барем за МК. Стави некоја слика од внатре да ја видиме, па ако можеш и видео за да го слушниме звукот на тишината на 150км/ч :D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #33 на: 23 Јули 2021, 16:03:46 pm »
Фала на сите, поубави и помодерни коли да си купете од тојотката.
Да, нормално дека прво со разум, а после со мерак ја купував. Сепак живеам во моментот во град во кој секој момент може да донесат некој закон и данок за загадување. Дизел не доаѓаше никако во предвид во пресметките/опции за купување.


Колку км може да помине само на струја и до колку км/ч не пали бензин?

Само на струја поминува околу 2-3км. Но во град/регионален пат нон стоп менува мотор. Бензин/струја/заедно/посебно. Во град речиси е цело време на струја со помош на рекуперација. Плус живеам во ридест град со многу семафори и третина од време возам угорница, третина круза на струја, третина рекуперира енергија.

На отворено највисоко што ја имам видено во чист електромодус е околу 130км/ч на блага удолница на автопат. Возеше околу цела минута. Па после пак се уклучи комбинација со бензински мотор. На места со ограничувања 80/100км/ч е 50/50 струја/бензин. На секое одземање гас/кочење/рекуперација влегува во ЕВ мод. За овие 500 км не верувам дека имам употребено гуртни за кочење, туку цело време рекуперација (додуша така си го возев и фордот и затоа после 60к километри плочките му беа до пола истрошени).
Исто така на забрзување/уклучување на автопат/престигање колона, менување лента и слично електромоторот му помага на бензинецот. Забрзувањата одат лесно и мазно без разлика на брзина на движење. Ептен ми е нова и сеуште ми прави мерак леснотијата на забрзување без никаква турбо дупка. Малку е тешко да се опише како забрзува, затоа што не е како типично возило.


Создравје да се вози, ме чуди зошто толку мала крајна брзина на толку кс

Крајната брзина е ограничена заради електромоторот и компонентите на менувачот/разводникот за моќ и регенеративно кочење. Искрено, малце ми беше шубе дека ќе ми недостига висока крајна брзина. После првото автопат искуство, џабе сум се секирал. 140-160 е идеална брзина за крузање.


Стави уште некоја слика од ентериерот.

Да ми помине меракот за возење ќе почнам да ја сликам. Вака повеќе мерак уште ми прави возењето како искуство.


Абе Луки, покрај 330и Тојота си земал...

Не си првиот што ми го вика тоа. Ми направи мерак, си ја купив, не сум се венчал за неа. За пет години ќе ја сменам.


Супер ауто, многу мераци да ти праи. Колку години има гаранција?

Ја купив со некаков дополнителен пакет и мислам дека има до 2024та гаранција, ама не сум сигурен. Во секој случај, доволно гаранција.


Како е продажбата на овој тип возило да речеме после 3-5 години или после 100К км?
Дали би држело исто цена како "светото тројство"?

Имам чувство дека кај нас од салон да ја извадиш со 0км, после 5 години тешко дека ќе ја дадеш и беспари.

Македонија не е мерило ама баш за ништо освен за лудост и нелогичност. За продавање за пет години мислам дека ќе стои пола саат на оглас и ќе замине за Полска/Белорусија/Русија/Казахстан/Молдавија како претходната тојотка. Тогаш би требало да има вредност од околу 18-20к евра и ќе ѝ се израдува некој пољак. А па ако ептен ми прави мерак, може ќе ја возам и до трт.


Честито нова кола, со здравје да се вози. Многу добра лимузина, несекојдневна, барем за МК. Стави некоја слика од внатре да ја видиме, па ако можеш и видео за да го слушниме звукот на тишината на 150км/ч

Несекојдневна е и за Германија, особено за јужна кадешто светото тројство е единственото кое вирее во овие кругови. Видео во возење не верувам дека ќе снимам, ама никогаш не се знае.

пс. Шкода/ФауВе/Ауди не доаѓаше во предвид поради кватро/ДСГ. Едноставно не сакам Кватро и не сакам да пишувам докторат за кој ДСГ менувач е добар, а кој не.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #34 на: 23 Јули 2021, 16:16:45 pm »
Се шалев за бмв то, се надевам не сфати сериозно.

Со здравје да се вози уште еднаш, па споделувај импресии од моторот.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #35 на: 23 Јули 2021, 16:26:27 pm »
Се вратив неколку пати вчера на темава да ги погледам сликите! Баш sleeper си купил, алал да ти е! Одличен избор, со здравје да си ја возиш.

Не сум толку заинтересиран за максималната брзина, повеќе за самото забрзување. Се надевам дека ќе не поздравиш со некое долго патување.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #36 на: 23 Јули 2021, 20:06:59 pm »
Mnogu mnogu dobro auto si kupil, so sreka da se vozi  :-*

Edna od najdobrite ako ne i limuzina No1 vo sekoj pogled. Za evropa ne mnogu poznato deka ovakvo nesto voopsto postoi sto e i golem plus.
Da i se iznavozis so golem merak.

Mnogu me interesira kako vozi, koga rece deka doagas navaka?   :)

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #37 на: 23 Јули 2021, 21:33:18 pm »
Very nice, so zdravje da se vozi.   
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #38 на: 23 Јули 2021, 22:12:50 pm »
Со здравје да си ја возиш, одличен избор
« Последно менување: 23 Јули 2021, 22:19:33 pm was »

Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #39 на: 23 Јули 2021, 23:06:50 pm »
Само што ја видов прв пат во живо, иста боја, беше паркирана до мене на паркинг. Многу, многу добро колиште.
Со здравје да си ја возиш и браво за изборот.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #40 на: 24 Јули 2021, 07:45:47 am »


Еве отприлика како лесно забрзува.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #41 на: 24 Јули 2021, 10:10:24 am »
Herzlichen Glückwunsch zu dem neuen Auto.

Hervorragende Wahl und kluge Entscheidung.

Ich hoffe, wir können uns sehen und genießen mit Bier und schitzel.

Само гас.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #42 на: 24 Јули 2021, 13:13:29 pm »
Честитки и од мене.
Верувам дека убаво си размислил за изборот во Германија да возиш јапонец.

Долго нека те служи...
Уствари секако ќе те служи долго.
Тојотка е.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #43 на: 24 Јули 2021, 16:18:32 pm »
Со здравје да си се служиш, одличен избор.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Toyota Camry Hybrid Executive
« Одговори #44 на: 24 Јули 2021, 19:43:23 pm »
Создравје да се вози, интересно никаде не пишува перформанси, 0-100 и слично, најверојатно не му е тоа намената, затоа и не пишува. Инаку 90% од Тојотите низ Германија, барем јас кај што сум се хибрид.

Јас не би, барем не во следните 10 години, после 40тата можи  :)