Мојата нова хибрид лимузина.
180кс бензински мотор, 120кс електричен мотор = вкупна моќност 220кс и околу 400Нм вртежен момент.
Прва регистрација 30.10.2019 и има поминато 23000км.
Потрагата траеше релативно кратко, во игра беа Ф30 330i (Г30 330i беше надвор од буџет), C250/C300T и Хибридов. На прв поглед најшашавиот модел од трите ми направи најголем мерак во комбинација со мотор, опрема, удобност и возење.
Опрема:
- 18“ Бандажи
- Целосни ЛЕД светла (напред/назад) со автоматски средни/долги (немам возено целосно ноќно време, не знам како функционира)
- Црн кожен ентериер + кожен волан
- Греење седишта
- Адаптивен темпомат со автоматско сопирање во случај на несреќа и запирање до нула (за во гужва удобна работа)
- Активно држење во лента
- Сензори за мртов агол
- Паркинг сензори напред/назад + камера за рикверц
- 8“ Инфотејнмент со навигација
- Греење на седишта
Што нема:
- Сончев кров
- Ладење на седишта
- Завеса на задно стакло
- Контроли за клима радио на задно седишта (ама пак затоа ми се пуштаат седиштата)
Внатрешност:
Кожената внатрешност и изработката со материјалите и се што допираш е меко и пријатно на допир. Изработката и внатрешноста делува квалитетно и по ништо не заостанува зад другите возила кои ми беа во тесен избор. Реално, се разочарав од мерцедесот во тој поглед. Тесен и неудобен. БМВ-то исто си имаше малку разочарувачки карактер. Тојотата како за јапонец се потрудиле да се доближат до европските производители и да подзаликуваат по малку на премиум (иако не се премиум). Претходно имав исто тојота, но оваа е од повисока класа и внатре е многу добро склопена и на допир и на изглед.
Надворешност:
Колата е голема. И конзервативна. Класична лимузина. Не паѓа во очи. Тоа ми прави мерак затоа што е конзервативна и лесно е скриена во редот на други возила.
Возни карактеристики:
Првите импресии после 500км се подобри од очекуваното. Лимузината е тивка, брза, удобна. Во град и на регионални и магистрални патишта е безшумна. Не тивка, туку безшумна. Единствено нешто што се слуша се гумите. Возење низ град е добри 60-70% исклучиво на струја. На семафор си секогаш прв и одзивот на педала на гас е инстантен. Многу често се истрелувам прв без да имам намера и ги гледам другите на ретровизор зад мене. Кочењето, регенерација, и вклучување на моторот е мазно и неприметливо.
На автопат е потивка од фокусот, не е премногу мека, ама не е и премногу тврда. Низ кривините на автопат е како по шини и возењето потсеќа на е46ката што ја имав пред пет години. Нема висока крајна брзина, ама во опсегот 120-160 е доста добра за крузање и возење и е многу побрза на доубрзување отколку што очекував. Менувачот е толку многу пљукан, но во реалноста е одличен. Ниту рика колата како што викаат во ревјуата, ниту е бавен на кикдаун, ниту е целосно одделен од звук и забрзување. Кога натепуваш гас во нормал/спорт нема замислување/нема не одам без разлика дали возиш 50/100/130/150. Повлекува наеднаш и полни брзиномер до 190 (толку е ограничена). Комбинацијата атмо/струја е полн погодок и нема никаква дупка или недостаток на моќ.
Наредниот месец ми претстои големо патување низ Европа и до родниот крај па ќе ја тестирам на ептен долга релација со удобност, брзина, сила, потрошувачка и однесување на многу високи температури.