Автор Тема: Opel Astra H GTC 1.9 150  (Прочитано 22327 пати)

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 605
Opel Astra H GTC 1.9 150
« на: 31 Март 2021, 12:40:53 pm »
После прилично лош месец каде што фамилијарно го прележувавме вирусов, конечно дојде време да го претставам моето ново ауто.

Се работи за Opel Astra H GTC 1.9 150hp 2006то годиште со Cosmo Sport ниво на опрема. Моментално со 207.000км на бордот. Од поинтересните ствари што не се клима/кожен волан/перничиња и слично поседува:

Полу кожни седишта
Панорама кров
Темпомат
Алуминиумски педали
DVD90 радио со навигации и други тракатанци
17-ки алуминиумски бандажи со 225/45/17 гуми

Слика од денот кога е купена:



Фаровите беа во ужасна состојба, заедно со гребаница од клуч и некои други ситни козметички забелешки од возачката страна. Па фала богу следуваше едно полирање и светнување.







Сега за сега, давачките ми биле следни:

Реглер, диодна плоча и четкици - 3.500 со се работна рака
2те предни чаури променети во Авто Мобил во Бутел - 3.900 со се работна рака
Репарација на фаровите и полирање на двете крила - 3.500
Пред некој ден купени и монтирани 4x Sava Intensa UHP2 225/45/17 по цена 3.200 од гума = 12.800



На ред е еден сервис да и се направи каде што ќе се сменат сите филтри, уље на мотор, и уље на менувач. Надежно денеска или утре и ова ќе биде средено.

Планови за понатака ми се да досредам козметички забелешки на задниот браник, задни сензори затоа што прегледноста е ужасна, и здравје боже еден ремап во StepOn кога ќе ми здосадат моменталните коњчиња. Последното е под знак прашалник затоа што сите знаеме по што е прочуен фамозниот М32 мењач.

Bonus creepshot:


 
« Последно менување: 31 Март 2021, 12:52:10 pm ivanxh »

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10036
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #1 на: 31 Март 2021, 13:13:02 pm »
Со здравје да ја возиш.

Убаво ги светнале фаровите, сподели повеќе детали околу тоа.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29059
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #2 на: 31 Март 2021, 13:14:14 pm »
Честитки!

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6866
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #3 на: 31 Март 2021, 15:14:14 pm »
Со здравје да се вози!

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #4 на: 31 Март 2021, 19:24:08 pm »
Со здравје да се вози!!! Клапните средени се?

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 605
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #5 на: 31 Март 2021, 22:48:17 pm »
Благодарам многу дечки, само со убаво да ви се враќа.


Со здравје да ја возиш.

Убаво ги светнале фаровите, сподели повеќе детали околу тоа.

Само ја оставив колата кај дечкото и си ја земав препородена, за жал не бев присутен таму за да му ја запазам процедурата. Мајсторот е Блајо и се наоѓа во Тафталиџе. Со се заштита ми излезе 1000рка од фар.

Со здравје да се вози!!! Клапните средени се?

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Тоа ми беше првото прашање кога ја гледав колава, изгасени се и "хардверски" и софтверски. Една грижа помалку :)

----------------------------

Завршен и сервис денеска, променети сите филтри заедно со Shell Helix Ultra 5w30 масло за мотор, и Total 75w90 масло за мењач. Целосен трошок ми излезе 8.700 со се работна рака.

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10036
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #6 на: 01 Април 2021, 09:56:28 am »
Дај контакт од мајстор Блајо или каде поточно се наоѓа во Тафталиџе.

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6866
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #7 на: 01 Април 2021, 11:07:41 am »
Се наоѓа под Реплек, до центрирање предница Тихо во гаражите.

Го имам спомнато на форумов доста пати, добар мајстор е за фарбање, ама и скап.
Искрено за фаровите, те одрал.

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10036
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #8 на: 01 Април 2021, 11:33:16 am »
Што вреди поевтиното ако по една година замаглат повторно, се изнагледав такви.
Кај некои и веднаш по полирањето изгледаа тапа, овде барем се гледа стакло.

Ако ги работи со сите салтанати не би жалел 1.000че по фар.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 605
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #9 на: 01 Април 2021, 12:10:07 pm »
Се наоѓа под Реплек, до центрирање предница Тихо во гаражите.

Го имам спомнато на форумов доста пати, добар мајстор е за фарбање, ама и скап.
Искрено за фаровите, те одрал.

Што вреди поевтиното ако по една година замаглат повторно, се изнагледав такви.
Кај некои и веднаш по полирањето изгледаа тапа, овде барем се гледа стакло.

Ако ги работи со сите салтанати не би жалел 1.000че по фар.

Не би негирал дека е на поскапата страна, но барем работата е завршена како што треба. Тешко е да ги жалиш парите кога разликата е толку воочлива, а и знаеш дека си се куртулил од едно гајле. Тебе може и поевтино би ти излегло, моиве апла беа утепани од сонце, а богами и внатрешно беа замаглени.

Повели контакт бројче: 075-268-367 - Блајо.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2048
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #10 на: 01 Април 2021, 12:11:59 pm »
Внатре пак ќе ти замаглат на наредното перење/дожд ако не дихтува некој.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 605
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #11 на: 01 Април 2021, 12:15:06 pm »
Внатре пак ќе ти замаглат на наредното перење/дожд ако не дихтува некој.

Веќе го преживеаа дождот од пред некој ден и перење одма после тоа, се немаат замаглено пак. Да се надеваме дека така и ќе остане.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1588
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #12 на: 01 Април 2021, 13:16:58 pm »
Создравје да се вози ептен мерак ми прави возилово, со спорт копчето кој се придобивките по крута станува или ?

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 605
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #13 на: 01 Април 2021, 13:34:30 pm »
Создравје да се вози ептен мерак ми прави возилово, со спорт копчето кој се придобивките по крута станува или ?

Фала многу друже, поубаво да си земеш.

Спорт копчето додава тежина на воланот и ја прави гас педалата по респонзивна, и дозволува малку повеќе slip на предните тркала пред ESP-то да ти каже да си ја олабавиш десната нога. А доколку го држиш копчето ~5 секунди, ESP-то се гаси целосно и тогаш си оставен сам на себе. Разликата помеѓу sport on и sport off во колава е драстична, додека пак во 1.7CDTi што претходно имам возено речиси немаше никаква разлика.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 605
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #14 на: 04 Април 2021, 21:59:12 pm »
Првични импресии од гумиве се доста позитивни, тивкички по пат, а и одлично се покажаа денеска по дождов со малку по "spirited" возење. Нијасна по крута вожња него ли на зимскиот сет.

Би ги препорачал секому кој бара гума до тој ценовен ранг.