Фала на сите уште еднаш, како повеќе ја возам и јас сум се по импресиониран од колава. Еве и свртев 1200км и се повеќе и повеќе ми се допаѓа. Страшно добро комбо е возило од оваа големина и овој мотор и суспензија. Така да веројатно S5 e совршенство
(мала шала).
Уште не сум скроз навикнат на колава, особено на брзината. Претерано лесно се фаќаат големи брзини па си бара пазење малце. Инаку благодарение на сите овие системи за помагање во возењето многу по смирено возам, односно ставам темпомат на 120 и цела работа со вртење, кочење, забрзување, застанување си тера колата па многу поретко возам со тие брзини како што возев предходно.
@Tommy Премногу сум импресиониран од Матриксов, вчера вечерта влегов од Аудиво во Леонот за да наполнам гориво и не ми се верува која разлика е само тоа. Мислам дека нај Уау ефект ми се светлата после моторот.
@M3V8 Тоа е Phone Box, безжичен полнач на телефонот и зајакнувач на сигналот за мобилниот. Заради акустичните стакла као демек има послаб прием внатре па кога ќе го ставиш телефонот на тоа место приемот би требало да е појјак, телефонот си се полни и си се поврзува со колата автоматски.
@marjanot Оваа се надевам нема да ја возиме толку долго па ќе ја продадеме пред 180к
Инаку за сликата знаеш дека секогаш сум расположен за тоа јас, од вас се чека координацијата.