Автор Тема: CARclub Тест: Seres 3 Premium  (Прочитано 5167 пати)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: CARclub Тест: Seres 3 Premium
« Одговори #15 на: 26 Февруари 2021, 15:22:44 pm »
Ako odish taka i vw od kade pocnaa. Sporedbata ne e bash soodvetna

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Seres 3 Premium
« Одговори #16 на: 26 Февруари 2021, 19:10:30 pm »
Кинезите играат на дугачки стази. Полека но сигурно си влегуваат во сите пазари, а електричните возила им се одличен нов начин..

Секако, сите имаме предрасуди кон кинеските коли. Имам и јас, да не се лажеме. Ама со ваквите коли тие предрасуди се надминуваат.
Остави муабетот со корејските како што биле пред 20 години па сега и овие демек само уште не дошол моментот да земат залет. Немам апсолутно никакви предрасуди. Еве и да речеме дека вози исто добро како јапонско или европско возило, тоа не е доволно. Треба да понуди повеќе, а не е така.  И кинеските автомобили се скапи, и реално нема да се повтори барем во Европа, она што го направија киа и хјундаи.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: CARclub Тест: Seres 3 Premium
« Одговори #17 на: 26 Февруари 2021, 20:50:16 pm »
Пола од кинеските компании што произведуваат возила се партнерства со европски производители и добиваат технологии од Европа/Америка.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: CARclub Тест: Seres 3 Premium
« Одговори #18 на: 26 Февруари 2021, 22:01:53 pm »
Кинезите играат на дугачки стази. Полека но сигурно си влегуваат во сите пазари, а електричните возила им се одличен нов начин..

Секако, сите имаме предрасуди кон кинеските коли. Имам и јас, да не се лажеме. Ама со ваквите коли тие предрасуди се надминуваат.
Остави муабетот со корејските како што биле пред 20 години па сега и овие демек само уште не дошол моментот да земат залет. Немам апсолутно никакви предрасуди. Еве и да речеме дека вози исто добро како јапонско или европско возило, тоа не е доволно. Треба да понуди повеќе, а не е така.  И кинеските автомобили се скапи, и реално нема да се повтори барем во Европа, она што го направија киа и хјундаи.
33К за ЕВ, скапо? Не би рекол

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Seres 3 Premium
« Одговори #19 на: 26 Февруари 2021, 22:08:46 pm »
Ako odish taka i vw od kade pocnaa. Sporedbata ne e bash soodvetna

Да, ама во какви услови почнаа корејците а во какви фолксваген...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Seres 3 Premium
« Одговори #20 на: 27 Февруари 2021, 06:46:46 am »
Ako odish taka i vw od kade pocnaa. Sporedbata ne e bash soodvetna

Да, ама во какви услови почнаа корејците а во какви фолксваген...
Во војни.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Seres 3 Premium
« Одговори #21 на: 28 Февруари 2021, 07:56:36 am »
Кинезите играат на дугачки стази. Полека но сигурно си влегуваат во сите пазари, а електричните возила им се одличен нов начин..

Секако, сите имаме предрасуди кон кинеските коли. Имам и јас, да не се лажеме. Ама со ваквите коли тие предрасуди се надминуваат.
Остави муабетот со корејските како што биле пред 20 години па сега и овие демек само уште не дошол моментот да земат залет. Немам апсолутно никакви предрасуди. Еве и да речеме дека вози исто добро како јапонско или европско возило, тоа не е доволно. Треба да понуди повеќе, а не е така.  И кинеските автомобили се скапи, и реално нема да се повтори барем во Европа, она што го направија киа и хјундаи.
33К за ЕВ, скапо? Не би рекол
Не е евтино, изгор скапо е за тоа што пробува да е. vw id3 кошта можеби маргинално повеќе. Пежо 208 на струја колку кошта? Што добивам со ова кинесково? Од кај да знам што ќе му биде после 2-3 или 5 години? Сервисен центар? Гаранција каде да се пожалам ако се поебе нешто? Од кај да знам дека наредни 10 години ќе има сервисна поддршка и резервни делови? Да речеме сум во сообраќајка и треба да се смени подвозје. Има толку многу непознати овде, и затоа вака ќе си читаме од време на време колку се добри кинезиве ама реалноста е сосема друга. Не е  ова како пред 25 години кога хјундаи и киа влегоа во европа и америка. Сосема други услови беа тогаш и сега. И пред 25 години хјундаи и киа беа препознатлив бренд во својата матична држава со многу долга историја. Кај кинезиве само искачаат како печурки секоја година нови компании, нови модели и сето тоа за 5 години го снемува, па пак некој нов ќе се појави итн.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Тест: Seres 3 Premium
« Одговори #22 на: 28 Февруари 2021, 08:55:56 am »
Еден другар купи Хјундаи Аксент во 1994, Пони веќе беше присутен некоја година порано...
Исто и со Киа...

Значи не 20, не 25, туку веќе 30 години се присутни на европско тло, или барем на македонско :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Seres 3 Premium
« Одговори #23 на: 28 Февруари 2021, 10:20:11 am »
Моите земаа ново хјундаи аксент 1.5 глс 90кс, 1996 година со КЛИМА. Знам се мислеа сузуки балено или ова а понито веќе беше постар модел. Имаше мислам и Елантра 1.6 ама без клима :). Тоа беа интересни времиња. А исто така, и да споредиш корејски бренд и начин на водење бизнис, кој што е многу сличен со јапонскиот а правиш споредба со кинески бренд и се користат истите приказни како со корејските не е во ред, по ништо нема сличности. Сличностите се во јапонските и корејските производители, и тоа не е само во автомобилска индустрија.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: CARclub Тест: Seres 3 Premium
« Одговори #24 на: 28 Февруари 2021, 11:27:13 am »
Еден другар купи Хјундаи Аксент во 1994, Пони веќе беше присутен некоја година порано...
Исто и со Киа...

Значи не 20, не 25, туку веќе 30 години се присутни на европско тло, или барем на македонско :)
Кинезите играат на дугачки стази. Полека но сигурно си влегуваат во сите пазари, а електричните возила им се одличен нов начин..

Секако, сите имаме предрасуди кон кинеските коли. Имам и јас, да не се лажеме. Ама со ваквите коли тие предрасуди се надминуваат.
Остави муабетот со корејските како што биле пред 20 години па сега и овие демек само уште не дошол моментот да земат залет. Немам апсолутно никакви предрасуди. Еве и да речеме дека вози исто добро како јапонско или европско возило, тоа не е доволно. Треба да понуди повеќе, а не е така.  И кинеските автомобили се скапи, и реално нема да се повтори барем во Европа, она што го направија киа и хјундаи.
33К за ЕВ, скапо? Не би рекол
Не е евтино, изгор скапо е за тоа што пробува да е. vw id3 кошта можеби маргинално повеќе. Пежо 208 на струја колку кошта? Што добивам со ова кинесково? Од кај да знам што ќе му биде после 2-3 или 5 години? Сервисен центар? Гаранција каде да се пожалам ако се поебе нешто? Од кај да знам дека наредни 10 години ќе има сервисна поддршка и резервни делови? Да речеме сум во сообраќајка и треба да се смени подвозје. Има толку многу непознати овде, и затоа вака ќе си читаме од време на време колку се добри кинезиве ама реалноста е сосема друга. Не е  ова како пред 25 години кога хјундаи и киа влегоа во европа и америка. Сосема други услови беа тогаш и сега. И пред 25 години хјундаи и киа беа препознатлив бренд во својата матична држава со многу долга историја. Кај кинезиве само искачаат како печурки секоја година нови компании, нови модели и сето тоа за 5 години го снемува, па пак некој нов ќе се појави итн.

Во моментов да, но сметам дека кинезите со ЕВ имаат многу поголема перспектива отколку со класичните мотори. Проблем е само дали ќе настапат како коорпорации на европско тло или ќе останат на индивидулни ентузијасти како АБЦ моторс или како и да се викаа. А иначе Сетком на времето носеше преку трета рака прво ТАјоти а после и КИА. Само нека ти текне на KIA Pride aka Mazda 121 и KIA Avela што коли беа и дали некој размиљал на резервни делови и сервисна поддршка

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Seres 3 Premium
« Одговори #25 на: 28 Февруари 2021, 11:59:54 am »
Не е евтино, изгор скапо е за тоа што пробува да е. vw id3 кошта можеби маргинално повеќе. Пежо 208 на струја колку кошта? Што добивам со ова кинесково? Од кај да знам што ќе му биде после 2-3 или 5 години? Сервисен центар? Гаранција каде да се пожалам ако се поебе нешто? Од кај да знам дека наредни 10 години ќе има сервисна поддршка и резервни делови? Да речеме сум во сообраќајка и треба да се смени подвозје. Има толку многу непознати овде, и затоа вака ќе си читаме од време на време колку се добри кинезиве ама реалноста е сосема друга. Не е  ова како пред 25 години кога хјундаи и киа влегоа во европа и америка. Сосема други услови беа тогаш и сега. И пред 25 години хјундаи и киа беа препознатлив бренд во својата матична држава со многу долга историја. Кај кинезиве само искачаат како печурки секоја година нови компании, нови модели и сето тоа за 5 години го снемува, па пак некој нов ќе се појави итн.

За некои работи си во право, за некои не.

И јас се согласувам дека брендовите треба да се докажат. Нормално е тоа. Секој бренд треба да се докаже и кон секој нов бренд треба да се гледа со скепса и да се очекува повеќе. Баш за да се докаже. Да се докажат и за квалитет, и за долгрочна поддршка, и за све што кажа. Апсолутно. И ќе се докажат, исто како што се докажале и европските, и јапонските, и корејските. Корејците со години само брендовите ги градеа. Спонзорираа све што можат - од фудбали и тениси, до NFL во Америка, до ехе-хееее... Зошто? Само за кога некој ќе реши да купи кола, да му текне дека постојат.

Од друга страна, кинезите имаат една огромна предност пред другите - а тоа се (скоро) неограничени ресурси. Дополнително, немаат потреба да се шират надвор од огромниот локален пазар кој расте брзо. Што мислиш, зошто кинезите купуваат европски брендови? За да не трошат време. За да купат know-how.

Плус, само заради тоа што ти не знаеш за некој бренд, не значи дека брендот не е веќе добро-познат и етаблиран на домашниот пазар, а и во одредени делови од светот, и дека веќе не работи како што треба, иако (повторно) - можеби тоа ти не го знаеш.

DFSK - односно DongFeng Sokon е продукт на две компании. DongFeng е гигант, постои повеќе од 50 години, во 2019 продале скоро 3 милиони возила. Исто колку KIA таа година. Дополнително, DongFeng има локални договори за соработка и производство на возила од европски брендови. Едно време DongFeng беше сопственик на околу 15% од PSA Group. Така да... Дека „искачаат како печурки секоја година нови компании и сето тоа за 5 години го снемува“... Не би рекол.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Seres 3 Premium
« Одговори #26 на: 28 Февруари 2021, 13:28:27 pm »
dfsk е основана во 2003 година. Локалниот пазар нормално е огромен кај нив ама таму купувачите си имаат други барања, потреби и пазарот што тоа го нуди таму неможе во европа или америка да помине. И тоа е тоа. Исто како што во индија најпродавано ауто е марути тоа не значи дека во европа или америка тоа може да успее. Уствари гледаме и самите.

Али ќе праиме муабет за 5 години на темава да сме здрави живи.

Еве што продава дфск на пазарот, копија од тигуан прва генерација. И сигурен сум дека супер им иде во кина, се најдобро.



Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Тест: Seres 3 Premium
« Одговори #27 на: 28 Февруари 2021, 13:37:59 pm »
Моите земаа ново хјундаи аксент 1.5 глс 90кс, 1996 година со КЛИМА. Знам се мислеа сузуки балено или ова а понито веќе беше постар модел. Имаше мислам и Елантра 1.6 ама без клима :). Тоа беа интересни времиња.
Во 1996 година во една прилика се возев во Хјундаи Соната. Мислам дека беше 2.0.
Колиште :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Seres 3 Premium
« Одговори #28 на: 28 Февруари 2021, 15:18:16 pm »
Ako odish taka i vw od kade pocnaa. Sporedbata ne e bash soodvetna

Да, ама во какви услови почнаа корејците а во какви фолксваген...
Во војни.

Не би рекол. Додека другите беа бомбардираи за време на војните, Фолксваген почна после војната, под протекции со посебен закон кроен само за нив.

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: CARclub Тест: Seres 3 Premium
« Одговори #29 на: 11 Март 2022, 05:52:57 am »
Seres 5 страшно многу ми се допаѓа. Упм како ламбо го направиле кинезиве