Не е евтино, изгор скапо е за тоа што пробува да е. vw id3 кошта можеби маргинално повеќе. Пежо 208 на струја колку кошта? Што добивам со ова кинесково? Од кај да знам што ќе му биде после 2-3 или 5 години? Сервисен центар? Гаранција каде да се пожалам ако се поебе нешто? Од кај да знам дека наредни 10 години ќе има сервисна поддршка и резервни делови? Да речеме сум во сообраќајка и треба да се смени подвозје. Има толку многу непознати овде, и затоа вака ќе си читаме од време на време колку се добри кинезиве ама реалноста е сосема друга. Не е ова како пред 25 години кога хјундаи и киа влегоа во европа и америка. Сосема други услови беа тогаш и сега. И пред 25 години хјундаи и киа беа препознатлив бренд во својата матична држава со многу долга историја. Кај кинезиве само искачаат како печурки секоја година нови компании, нови модели и сето тоа за 5 години го снемува, па пак некој нов ќе се појави итн.
За некои работи си во право, за некои не.
И јас се согласувам дека брендовите треба да се докажат. Нормално е тоа. Секој бренд треба да се докаже и кон секој нов бренд треба да се гледа со скепса и да се очекува повеќе. Баш за да се докаже. Да се докажат и за квалитет, и за долгрочна поддршка, и за све што кажа. Апсолутно. И ќе се докажат, исто како што се докажале и европските, и јапонските, и корејските. Корејците со години само брендовите ги градеа. Спонзорираа све што можат - од фудбали и тениси, до NFL во Америка, до ехе-хееее... Зошто? Само за кога некој ќе реши да купи кола, да му текне дека постојат.
Од друга страна, кинезите имаат една огромна предност пред другите - а тоа се (скоро) неограничени ресурси. Дополнително, немаат потреба да се шират надвор од огромниот локален пазар кој расте брзо. Што мислиш, зошто кинезите купуваат европски брендови? За да не трошат време. За да купат know-how.
Плус, само заради тоа што ти не знаеш за некој бренд, не значи дека брендот не е веќе добро-познат и етаблиран на домашниот пазар, а и во одредени делови од светот, и дека веќе не работи како што треба, иако (повторно) - можеби тоа ти не го знаеш.
DFSK - односно DongFeng Sokon е продукт на две компании. DongFeng е гигант, постои повеќе од 50 години, во 2019 продале скоро 3 милиони возила. Исто колку KIA таа година. Дополнително, DongFeng има локални договори за соработка и производство на возила од европски брендови. Едно време DongFeng беше сопственик на околу 15% од PSA Group. Така да... Дека „искачаат како печурки секоја година нови компании и сето тоа за 5 години го снемува“... Не би рекол.