Автор Тема: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive  (Прочитано 35002 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« на: 21 Февруари 2021, 22:25:23 pm »
Е па дечки, да се претставиме:
Alfa Romeo MiTo, произведено на 7/10/2008, а регистрирано на 13/11/2008. Досегашниот живот го има поминато во мој је живот Швицарска, возено од еден газда, од девојка поточно.

Го земав со поминати 202.000км (Веројатно не се реални, пошто е алфа, не е можно толку многу км да помине, сигурно имаат додадено едно 150.000), со комплетна проверка лично од мене, во времетраење од 15 минути (Што видов - видов, што не видов, ќе си излезе на виделина со тек на време).
Сервисна историја - нема.
Седнав, го свртев едно крукче, му ги увидов мааните, решив дека не се страшни и дека ќе може да се снајдам со нив.
Она што знам е дека добив здрав мотор, здрава каросерија, здрава внатрешност. Друго, како че му биди срејчата.
Досега, поминав околу 1000-1200км, не приметив нешто што не беше приметено при тест-драјвот.

Солидно опремено мало аутце е. Покрај стандардните Distictive работи што се добиваат, екстрите се воглавно:
- Двозонска автоматска клима,
- Poltrona Frau ( ‘Pelle Frau’) Кожни седишта,
- Blue&Me врска со телефон и USB MP3 плеер
- Bose Sound System
и уште некои џиџимиџи тук-таму... (потоа овие пакети опрема со овој мотор беа преименувани во Veloce/Lusso или нешто пожабарски од Distinctive)
Бојата е Etna Black.

Моторот е уствари најдобриот мотор у таа класа. Не, стварно, не сум пристасен, нема бољи од 1.4 T-Jet  у класа од 1.2 до 1.5.
114KW/155кс при 5500rpm
230Nm при 3000rpm
Тежина 1145 (весеље)
0-100km/h 8s
Најголема брзина 215 км/ч
Потрошувачка - Небитна.
Кочниците се Brembo систем со 4клипни шепи напред и 305mm дискови.

Уствари, аутово има многу механички сличности со Grande Punto Abarth, со многу Alfa Ромео шмек. И е брзо и динамично Ко GP Abarth.

Еве некоја сличка (ме стемни да му се сневиди...)










Е сега, она што треба да се среди:
- комплетен сервис, ремени, филтри уљиња, свеќици и сл (бидејќи немам сервисна историја, а и да имав, немаше да ѝ верувам), (цца 150евра)
- Ремонт на менувач. Менувачот е „познатиот“ М32, кој џвака лагери, и уште на прво возење ги осетив симптомите, мрдање на рачката на менувач во прва и во петта брзина, при додавање и одземање на гас, како и веројатно сје*ан синхрон на втора брзина. Среќа, уште не стигнал до бучење, али ако продолжам вака да го возам, гарант ќе пробучат лагерите. Така да, ќе си добие сервис со нови лагери, веројатно сите, а не само 3-те кои страдаат. (цца 300-400евра)
- Кочници, ќе треба да се мењаат кај и да е, и напред и назад. (цца 200-250е)
- Тропкаат горните лежаи на задните амортизери. (сича 20-30е)

Ќе мора да се набават следните аксесоари:
17“ бандаши и нови летни гуми (циљам на овие у оваква боја, да ми одговараат на 159-ката: https://stillrunningstrong.com/wp-content/uploads/2018/11/Alfa-Romeo-MiTo-QV-1024x481.jpg)
Задно спојлерче на петта врата: https://www.alfaowner.com/cdn-cgi/image/format=auto,onerror=redirect,width=1920,height=1920,fit=scale-down//media/mito-1-4-155-veloce-in-etna-black.13019/full

Ми пречи она „сребреното“ на централната конзола и воланот, кое уствари е металик сива фарбаница. Се мислам да го прекријам со Brushed Alu фолија, или Black Brushed Аlu (како што е во 159-ката, кое многу ми се допаѓа).

И не, нема да иде у земја 3цм, а за ремап ќе видиме после репарација на менувачот. Реално овие коњове што ги има колата се повеќе од доволни за оваа каросерија.

Е па тоа е тоа за сега.  Моите впечатоци досега:Јас сум задоволен, иако го купив онака на бафтана (некогаш повеќе сум размишљал за патики, отколку сега за кола).
Аутото е неверојатно стабилно и брзо, речиси никаков бодирол, секако со нусефект - малку е дрндаво на дупки, но не е неудобно. Лесно менува правец и сака да си поигруваш со аутото. Во Dynamic мод се активира eQ2 (електронска варијанта на Q2), која овдека за разлика од 159-ката доста повеќе се чуствува, веројатно на 159-ката е постојано активна, па не осеќам разлика. Исто така, обртниот момент се менува од  200Nm при 5000rpm на 230Nm при 3000рпм, се менува VDC системот (овозможува повеќе „играње“ пред да се активира ЕСП, АСР и остали „дадиља“ елементи), се менува респонсот на педалот за гас и се намалува серво асистенцијата. Исто така, се активира и еден малце интересен систем: Oversteer correction: slight pressure through the steering wheel encourages drivers to steer in the correct direction.
Геџетарија која со едно притискање на копче ја трансформира динамиката на колата.

Простор за двајца возрасни и две деца има доволно. Интересен факт е дека е four seater (за петто седиште се доплаќа, но во оваа кожна изведба - јок!). Во гепек има солидни 270л, не драстично помалку од 290-те во 147-цата, па ќе бидат доволни и за некој викенд да се истера надвор од Скопје со цела фамилија.

Ете, тоа би било тоа.
« Последно менување: 21 Февруари 2021, 23:08:17 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #1 на: 21 Февруари 2021, 22:29:29 pm »
Уба да му е срејќата, да се погоди и да те служи Симо, многу километри поминати и само редовни сервиси од одржување.   :D

Кукле мало!  :-*

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1833
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #2 на: 21 Февруари 2021, 22:43:57 pm »
Убавааа, одличен примерок седиштава 3 класи ја креваат колава!!!

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #3 на: 21 Февруари 2021, 22:50:07 pm »
За момент прочитав Алфа 155 😁.
Со здравје да ја возеш Симо,само Алфи редеш 😁.
Дефинитивно добар избор,рецимо наспроти Фиат 500.
Внатрешно ми заличува на бравото (инструмент табла,волан,централна конзола).
Белким му спушти на цена на овој од плацот ако си му кажал за проблемите 🙂.


Sent from Poco X3 NFC using Tapatalk


Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #4 на: 21 Февруари 2021, 23:05:46 pm »
Честито Симо со здравје да се вози многу км

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #5 на: 21 Февруари 2021, 23:19:27 pm »
Честитки, со здравје да се вози. Интересно и убаво возилце.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #6 на: 21 Февруари 2021, 23:23:59 pm »
Фала дечки, да се враќа на понови и поубави аута.
@riki_staff и 500-ка беше во игра, но за жал, премало е за мене и нема многу место позади мене кога ќе седнам на седиште. И секако дека се исценкав пристојна сума за мааните што ги приметив.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 691
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #7 на: 21 Февруари 2021, 23:33:01 pm »
Честитки, многу убаво количе.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5546
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #8 на: 21 Февруари 2021, 23:34:42 pm »
Најс,  се сложувам и јас за тоа сребреното да го снема.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #9 на: 21 Февруари 2021, 23:57:42 pm »
Со здравје да се вози . Преубав е интериерот.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #10 на: 22 Февруари 2021, 00:55:34 am »
Со здравје да се вози, супер мотор за таа каросерија.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #11 на: 22 Февруари 2021, 05:45:10 am »
Алфа за сите пари. Со здравје да си ја возите!

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #12 на: 22 Февруари 2021, 06:54:25 am »
Како бе не му треба спуштање? Каде со тој муабет? Мислам...

:D

Се заебаам Симо! Честито! :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #13 на: 22 Февруари 2021, 07:11:18 am »
Фала дечки уште еднаш!

Како бе не му треба спуштање? Каде со тој муабет? Мислам...

:D

Се заебаам Симо! Честито! :D

А бе не реков дека не му треба, само што ова нема да добие ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Alfa Romeo MiTo 155 TB Distinctive
« Одговори #14 на: 22 Февруари 2021, 08:24:17 am »