Автор Тема: Која кола до 3к евра?  (Прочитано 3844 пати)

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
    • MVP Ring
Која кола до 3к евра?
« на: 14 Февруари 2021, 19:06:19 pm »
Предност имаат автомобили од понова година и автомобили кои се поефтини за одржување.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk


Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9208
  • Аstra la vista baby !
Одг: Која кола до 3к евра?
« Одговори #1 на: 14 Февруари 2021, 19:41:14 pm »
Корса Д
Гранде Пунто

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
    • MVP Ring
Одг: Која кола до 3к евра?
« Одговори #2 на: 14 Февруари 2021, 19:44:37 pm »
Корса Д
Гранде Пунто
Пежо 206 1.4hdi, ги бива? Влегуваат во буџет а се 2006-2008 година.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk


Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5668
Одг: Која кола до 3к евра?
« Одговори #3 на: 14 Февруари 2021, 19:47:01 pm »
Ги бива.
Само да не е седан.

Sent from Poco X3 NFC using Tapatalk


Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 386
Одг: Која кола до 3к евра?
« Одговори #4 на: 14 Февруари 2021, 19:58:24 pm »
Цитроен Ц3 2006-2008

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: Која кола до 3к евра?
« Одговори #5 на: 14 Февруари 2021, 20:04:11 pm »
Фиеста

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 605
Одг: Која кола до 3к евра?
« Одговори #6 на: 14 Февруари 2021, 20:13:38 pm »
Ја продавам Фиестава, ако си заинтересиран ѕвони па ќе се договориме нешто.

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3853137

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 572
Одг: Која кола до 3к евра?
« Одговори #7 на: 14 Февруари 2021, 23:18:57 pm »
Здраво,
Јас го продавам Стило-во, пиши ако си заинтересиран.
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24690.msg1178033.html#msg1178033
Со среќа потрага.
Поздрав

Отсутен plockaMK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 86
Одг: Која кола до 3к евра?
« Одговори #8 на: 15 Февруари 2021, 01:24:22 am »
Предност имаат автомобили од понова година и автомобили кои се поефтини за одржување.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk

Јас би ти препорачал
Clio МК3 1.5 dci или Peugeot 206 1.4 sedan над 2008 година


Зашто го препорачувам баш Рено Клио МК3 i 206 sedan

Со пријателот во декември 2018 речиси истовремено купивме коли од плац во скопје.
Тој зема Рено Клио 1.5 dci 2005 , а jaс Пежо 207 1.4хди 2007 година.

Пријателот Клиото го утепа возејќи. Одржувањето за мал и голем сервис е слично како и Пежо 207 мое.

Човеков пред да го купи, Голем противник беше на Рено, ама откако го зема тотално смени мислење.
Никавки дефекти до сега, а помина околу 100.000км откако го купи. за овие 2 години

За споредба јас за истото време за 2 години поминав 43000км. Не дека немало да поминам и повеќе, ама толку возам во просек одсекогаш.
Она што сакам да напоменам е дека имав неколку дефекти во овие 2 години и поправки кои ме коштаа се вкупно околу 450 евра.
Се разбира тука не ги рачунам стандарт сервисите и без регистрација, бидејќи тие се составен дел на секое возило.
Што значи дека пријателот во споредба со мене е во ќар најмалку 450 евра,

Но задоволен сум генерално од моето Пежо 207, иако на секој 2-3 месеци ми испаѓа по некој дефект кој и не е толку скап, ама бара време и пари да се среди.

Па така бидејќи сум имал прилика да се возам и во двете возила, и ако правам една споредба помеѓу Clio Мк3 и peugeot 207 кое го возам веќе 2 години тоа би било вака:

Предности На Рено Клио vs Пежо 207 што сум ги воочил

-Потивка изолација
-Поудобна вожња
-Подобар менувач т.е подобар шалтер за менување
-Помала потрошувачка на отворено (според борд)
-Повеќе простор напред (барем така делува), за назад не сум пробал да седнам
-Генерално поцврсто направено ауто

Предности на Пежо 207

-Поубав дизајн позади (се е ствар на вкус, ама мене пежото ми е поубаво во задниот дел)


Да ремизирам за крај. Clio vs 207

Дефинитвно Рено-то е многу поквалитетно направено, и барем во нашиов случај помалку склоно кон дефекти.



Втора препорака


Бидејќи се бараше на темава, да е што поново возило и поевтино за одржување, и со ниска потрошувачка дефинитивно тука би го ставил 206 седан 1.4 бензин-плин

Mоја препорака за  второ возило ако бараш уште поевтин превоз и понова година од Clio,207, Corsa итн. би го предложил пежо 206 1.4 седан бензин/плин.

Ги имаме на работа и се имам возено многу пати.

Кај нас на работа коливе ги менуваат обично на 10 години, бидејќи веќе се извозени. Моментално најстари коли во возен парк ни се пежо 206 седан од 2008/2009 година. Колите и ден денес палат како нови и нема навестување дека би имало проблем со мотор во брзо време.
Потрошувачката на плин е чудо. Како скутер да возиш.
 
Од сервис пред некое време гледав во налозите, Имаме се што е правено и колку пари се дадени за овие 11 години
Рачунај дека колата ја возеле најмалку 4-5 луѓе во овие години и е малтретирана. 

Се што било променето покрај редовни мали и голем сервис, е 4 стабилизатори, чистење на клапна 2 пати, и промена на уште нешто во предница. Колите и денес палат на пола клуч, а имаат околу 200.000км. Moтор не е отваран ниту преправан.

Има и мани 206, а од нив би ги издвоил,
Незнам како да го опишам чувството, но кога ќе се влезе во 206, и кога ќе се вози, се осеќа дека е тоа веќе стар модел,
Не мислам на расипливост или тропање, туку осеќам кога возам дека не е таа класа, како Clio-то на пример.
Второ малку се послаби на каросерија,

Но ако сето ова не ти смета, и особено ако ти треба простор, понова година, кола што малку троши и погоден мотор, мислам дека 206 седан е можеби и логичен избор.

Се имам возено и во Corsa D, но реално не би ја препорачал пред Clio, 207, Grande Punto.


« Последно менување: 15 Февруари 2021, 10:47:37 am plockaMK »

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Која кола до 3к евра?
« Одговори #9 на: 15 Февруари 2021, 09:30:59 am »
Јас имам 206 седан 1,4, 2010 год, фабрички маани се дихтунг на глава (сменет на 60 000км) и задна летва (пропадна колата позади, освен за одмори не е товарана).

Палењето е супер, работата е супер. Комфорот е сосема добар и во град и автопат.


Отсутен plockaMK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 86
Одг: Која кола до 3к евра?
« Одговори #10 на: 15 Февруари 2021, 10:56:48 am »
Јас имам 206 седан 1,4, 2010 год, фабрички маани се дихтунг на глава (сменет на 60 000км) и задна летва (пропадна колата позади, освен за одмори не е товарана).

Палењето е супер, работата е супер. Комфорот е сосема добар и во град и автопат.
Кај овие кај нас не е забележано таков дефект во компјутер. Имаме 4 возила и сите се горе доле исти од 2008 година, и незнам дали плинот е фабрички или дополнително монтиран.
Дури и да било фабричка мана на 60000км, одамна ги поминало тие километри.   :-[

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13576
Одг: Која кола до 3к евра?
« Одговори #11 на: 15 Февруари 2021, 17:39:40 pm »
До 3К?

Alfa Romeo 147 1.9JTDm - најдобар избор. Имаш ефтини делови, имаме проверен мајстор за не дај боже.
Fiat Grande Punto дали дизел, дали бензин сеедно. (конкретно види ја оваа: http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3852455 убав мотор)
Toyota Corolla/Yaris - само малку потешко се наоѓа понова година ама не е невозможно.
VW Polo 1.2 или по можност 1.4 бензинец
Skoda Roomster/Fabia по можност 1.2 или по можност 1.4 бензин
Ford Fiesta - ова можеш од петта генерација некоја ептен зачувана да најдеш.

Други алтернативи ти се Opel, Chevrolet, Renault, Citroen.

На крај на денот, гледај најзачувано и кажи конкретно што сакаш па ќе ти кажеме на што да обрниш внимание.

Она што од ракав можам да ти кажам дека со 147 1.9JTDm најмалку ќе згрешиш.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43371
  • Il Moderatore
Одг: Која кола до 3к евра?
« Одговори #12 на: 15 Февруари 2021, 21:26:45 pm »
Јас не би препорачал 147 ако некој бара ефтино одржување од колата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3227
Одг: Која кола до 3к евра?
« Одговори #13 на: 15 Февруари 2021, 21:35:31 pm »
Јас би препорачал Clio MK3, брат ми купи FL и ме изненади доста позитивно колата. 1.5дци 86кс, фиксен замаец, голем сервис, мал сервис и сет ламела 250-300€ без работна рака.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5668
Одг: Која кола до 3к евра?
« Одговори #14 на: 15 Февруари 2021, 22:19:47 pm »
Фиат гранде пунто 1.3 мултиџет 75кс.
Пежо 307 фејслифт 1.6хди ако има до тој буџет.

Sent from Poco X3 NFC using Tapatalk