Предност имаат автомобили од понова година и автомобили кои се поефтини за одржување.
Sent from my LG-H830 using Tapatalk
Јас би ти препорачал
Clio МК3 1.5 dci или Peugeot 206 1.4 sedan над 2008 година
Зашто го препорачувам баш Рено Клио МК3 i 206 sedan
Со пријателот во декември 2018 речиси истовремено купивме коли од плац во скопје.
Тој зема Рено Клио 1.5 dci 2005 , а jaс Пежо 207 1.4хди 2007 година.
Пријателот Клиото го утепа возејќи. Одржувањето за мал и голем сервис е слично како и Пежо 207 мое.
Човеков пред да го купи, Голем противник беше на Рено, ама откако го зема тотално смени мислење.
Никавки дефекти до сега, а помина околу 100.000км откако го купи. за овие 2 години
За споредба јас за истото време за 2 години поминав 43000км. Не дека немало да поминам и повеќе, ама толку возам во просек одсекогаш.
Она што сакам да напоменам е дека имав неколку дефекти во овие 2 години и поправки кои ме коштаа се вкупно околу 450 евра.
Се разбира тука не ги рачунам стандарт сервисите и без регистрација, бидејќи тие се составен дел на секое возило.
Што значи дека пријателот во споредба со мене е во ќар најмалку 450 евра,
Но задоволен сум генерално од моето Пежо 207, иако на секој 2-3 месеци ми испаѓа по некој дефект кој и не е толку скап, ама бара време и пари да се среди.
Па така бидејќи сум имал прилика да се возам и во двете возила, и ако правам една споредба помеѓу Clio Мк3 и peugeot 207 кое го возам веќе 2 години тоа би било вака:
Предности На Рено Клио vs Пежо 207 што сум ги воочил
-Потивка изолација
-Поудобна вожња
-Подобар менувач т.е подобар шалтер за менување
-Помала потрошувачка на отворено (според борд)
-Повеќе простор напред (барем така делува), за назад не сум пробал да седнам
-Генерално поцврсто направено ауто
Предности на Пежо 207
-Поубав дизајн позади (се е ствар на вкус, ама мене пежото ми е поубаво во задниот дел)
Да ремизирам за крај. Clio vs 207
Дефинитвно Рено-то е многу поквалитетно направено, и барем во нашиов случај помалку склоно кон дефекти.
Втора препорака Бидејќи се бараше на темава, да е што поново возило и поевтино за одржување, и со ниска потрошувачка дефинитивно тука би го ставил 206 седан 1.4 бензин-плин
Mоја препорака за второ возило ако бараш уште поевтин превоз и понова година од Clio,207, Corsa итн. би го предложил пежо 206 1.4 седан бензин/плин.
Ги имаме на работа и се имам возено многу пати.
Кај нас на работа коливе ги менуваат обично на 10 години, бидејќи веќе се извозени. Моментално најстари коли во возен парк ни се пежо 206 седан од 2008/2009 година. Колите и ден денес палат како нови и нема навестување дека би имало проблем со мотор во брзо време.
Потрошувачката на плин е чудо. Како скутер да возиш.
Од сервис пред некое време гледав во налозите, Имаме се што е правено и колку пари се дадени за овие 11 години
Рачунај дека колата ја возеле најмалку 4-5 луѓе во овие години и е малтретирана.
Се што било променето покрај редовни мали и голем сервис, е 4 стабилизатори, чистење на клапна 2 пати, и промена на уште нешто во предница. Колите и денес палат на пола клуч, а имаат околу 200.000км. Moтор не е отваран ниту преправан.
Има и мани 206, а од нив би ги издвоил,
Незнам како да го опишам чувството, но кога ќе се влезе во 206, и кога ќе се вози, се осеќа дека е тоа веќе стар модел,
Не мислам на расипливост или тропање, туку осеќам кога возам дека не е таа класа, како Clio-то на пример.
Второ малку се послаби на каросерија,
Но ако сето ова не ти смета, и особено ако ти треба простор, понова година, кола што малку троши и погоден мотор, мислам дека 206 седан е можеби и логичен избор.
Се имам возено и во Corsa D, но реално не би ја препорачал пред Clio, 207, Grande Punto.