Автор Тема: Продавам Фиат Стило  (Прочитано 2294 пати)

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Продавам Фиат Стило
« на: 04 Февруари 2021, 19:59:54 pm »
Здраво дечки.
Бидејки се префрлив на Мондео, па да го огласам Стило-то.
Стило-то нема тема на форумот бидејки не ми се претставуваше стара кола.
Го пишувам тука прво, а деновиве ке го постирам и по огласи.
Ако се продаде добро, ако не, татко ми или некој роднина ке му се радува.
Одржувано кај Тони Ристовски (Тони Алфа) од Сингелич. Слободно исконтактирајте го за потврда. Радиото и тоа за каиш-от сменето кај Синиша од Кисела Вода. Лагерите за клима сменети кај дечките кај Тинекс Аеродром, Авто клима Аце или Вебасто (заборавив како се викаат). Центрирано кај Морски.

Следи огласот кој планирам да го постирам:
Продавам Фиат Стило од 2003 година, Дизел (ЈТД 85kw или 116кс) со поминати 260.000 км.
Цена 123.000 денари или 2.000 евра.
Регистрирано до Јули 2021.
Стилото е на Пробиштип-ски таблички и може да се види во Аеродром, Скопје.

Потекло:
Произведено Ноември 2003, прва регистрација во Италија Јануари 2004, увезено во Словенија 2007. Јас го купив во Словенија, Мај 2010, директно од човек (60 годишен дедо кој имаше 2 коли, Стило и Мултипла и продаваше една оти татко му престанал да вози ), и го донесев со возење.

Сервисна историја:
Од прв сервис до ден денес е одржувано кај еден мајстор, (Тони Ристовски (Тони Алфа) во Сингелич). Еве што е сменето последниве години.
 - 2020 – мал сервис (поточно Септември 2020 на 248.830 км).
 - 2019 – мал сервис, стабилизатори, предни светла, задна десна врата механизам за прозор, кумплуг лагер, лагер на пк каиш, лагер за клима, сензор за притисок на клима, лагер задни тркала, задни дискови, плочки и шепи, сајла за рачна кочница.
 - 2018 – мал сервис (уље и филтри за уљњ, воздух и клима), предни звучници (лев и десен).
 - 2017 – голем сервис, стабилизатори (стабилизатори менувам за некој 2 години).

Нареден сервис на 258.000 км или Септември 2021. Според моја логика препорака за голем сервис, но не мора. Јас правев голем сервис на секој 4 години, т.е. 2013, 2017. Дедото од кој ја купив така ми препорача, и он имаше направено голем сервис во 2009.
На сликата се гледаат сите делови кој ги сменив низ годините.




Ставано адитив за дизни од wurth 3 пати годишно, обично во Јануари, Мај и Септември. Последен пат на 25ти Декември 2020. Од 2017 користам нафта од Окта (на булевар Србија во Аеродром).

Стилото доаѓа со челични бандажи и 2 пара гуми, летни и зимски, димензија 195/65 r15.
Моментално има зимски на него (2 Nexen, 2 Windforce). Дополнително давам и 4 летни гуми Nexen кој може да се возат наредните 2-3 години.
Повеќе информации на 070 467 424.
Драган














« Последно менување: 04 Февруари 2021, 20:28:00 pm draganamon »

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Продавам Фиат Стило
« Одговори #1 на: 04 Февруари 2021, 20:21:42 pm »
Дополнително давам и T10 W5W Led Bulb и LED DRL Headlight кој стасаа од Aliexpress пред некој ден.
https://www.aliexpress.com/item/4000363971103.html?spm=a2g0s.9042311.0.0.404f4c4d8N6jxH
https://www.aliexpress.com/item/4000935345194.html?spm=a2g0s.9042311.0.0.404f4c4d8N6jxH




Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Продавам Фиат Стило
« Одговори #2 на: 05 Февруари 2021, 21:58:50 pm »
Со среќа продажба, ова повише од лектира во основно си пишал :) Морам да прашам зашо баш потенцираше за нафта на Окта на бул. Србија?
>>>>><<<<<

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Продавам Фиат Стило
« Одговори #3 на: 06 Февруари 2021, 00:05:49 am »
Со среќа продажба, ова повише од лектира во основно си пишал :) Морам да прашам зашо баш потенцираше за нафта на Окта на бул. Србија?
Затоа што од Окта до Окта има разлика. Таа е Пуцко Петрол и од Септември 2017 година ставам исклучиво на таа бензинска и еднаш на Окта на 3та Македонска Бригада, кај Тинекс.

Подетално, од кога ја земав колата во Мај 2010 до поплавите во Скопје во 2013 год ставав на Лукоил (на булевар Србија). Од 2013 до Август 2017 ставав на Макпетрол. Многу помирно работи колата на Макпетрол нафта, но Макпетрол имаат проблем со конзистентноста на квалитетот на нафтата, или барем имаа во 2016/2017. Макпетрол ставав на излезот на Скопје, после Пивара (еднаш ставив 500 денари на Макпетрол во Гевгелија за да стасам до дома после одмор кај јужните соседи).
Во Август 2017 морав да ставам нафта во Сплит за да се вратам дома, и ставив на Лукоил. Како керозин да ставив а не нафта, колата се препороди. Кога се вратив дома, по препорака на Тони ставив Окта, и од тогаш си ставам таму.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Продавам Фиат Стило
« Одговори #4 на: 05 Април 2021, 21:33:53 pm »
Стило-во сеуште се продава. Нова цена 1.800 евра.
Го немам огласувано многу пошто се вози секојдневно.

Може и замена за помала кола како Фиат Гранде Пунто или Пунто Ево, Мазда 2, Сеат Ибица, Сузуки Свифт, Алфа Ромео Мито, Пежо 207, Рено Клио, Форд Фиеста ... тој калибар на кола.
Мора да е со 4 врати и да има клима (знам дека нема Мито со 4 врати). Пожелно бензин.
Макс 105кс или 77 kw, за да може возач почетник да го вози.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Продавам Фиат Стило
« Одговори #5 на: 18 Мај 2021, 20:41:29 pm »
За жал, уште не се продаде Стилото.
Нова цена, 1.600 евра.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Продавам Фиат Стило
« Одговори #6 на: 08 Јуни 2021, 13:17:02 pm »
Отиде Стилово.
4 месеци на оглас, само 3ца дојдеа да го погледнат, и тоа во рок од недела дена.
Сите доставија понуди, 2ца ме ценкаа а еден само се секираше дали е добар моторот.
На мое задоволство отиде кај 19 годишен дечко кој ми личи дека има планови да го подсреди, што ми е многу мило.
Може да се затвори темава.