Автор Тема: Ford Mondeo 1.5 TDCI  (Прочитано 16850 пати)

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #90 на: 12 Јуни 2024, 22:41:37 pm »
Што пари беше? И како одреди дека е 32%? Имаше некаква индикација?
Па, кога ја земав колата бев до кај nidzzo, го проверија и рекоа дека е на 46%, и дека нема да е лошо да го заменам.
Од тогаш поминаа 2 години.
Секоја сезона, пред зимо лето имам бесплатни проверки во АМСМ како член, и од таму ми препорачаа дека нема да е лошо да го сменам. Како изгледа ливчето има на 2-3 поста погоре.
Мислам, сам гледав дека им светнува црвено на то апаратчето што проверува :)
А и од 2016та е, 8 години, мислам дека подобро да си го сменам со време пред да ме остави на пат некаде, или да не ми направи некој проблем со електроника или слично.
Проблеми немав, освен што Start Stop системот не се вклучуваше, и понекогаш ке запалеше од втора, особено денови кога ја палев 5-6 пати на ден, и кога ке поминеше неколку недели откако сум возел на автопат.

Е сега ке почне да ме нервира Start Stop системот, не можам за стално да го исклучам, се ресетира секое ново палење, ама тоа е...

Пари 9.900, со попуст за CarClub членови излезе 9.400, секако и го оставив стариот таму.
Паметно за промената на време. На Ф30ката ни прегоре реле за греачи и еден грејач...

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #91 на: 29 Октомври 2024, 22:45:15 pm »
Update на SYNC, Version 3.0.23219.
Се изненадив што уште излегуваат нови build-ови. Подобрен responsiveness на самиот екран, ама како побавно да лоадира после палење. 
Update-тот беше достапен уште од Април, ама денес, утре, па usb-то зафркаваше, али конечно бидна.

Пуштив и update на мапи, и сега конечно треба да го имам новиот пат Штип - Кочани.
Интересно, овој update ми ги избриша сите предходно зачувани адреси, а минатиот update не.
Ги имав и ги чував Home, Work и Favourites адресите од Белгија на колата, и некако интересно ми беше по default да ми пресметува рути од по неколку илјади километри, па малце ми е криво што ми се избришаа, ама тоа е што е.

Иначе, мапите се ок, али на неколку пати ми даваат различен пат од google maps, и тоа во лоша конотација.
Затоа се спремам да земам AAWireless адаптерче за да имам Wireless Android Auto без да морам да се замарам со кабел.
Отидов на страната да купам на 15ти Октомври, и видов дека на 20ти излегува нов модел, AAWireless TWO, па се решив да почекам.
На 20ти, отворив компјутер релативно рано, околу 12:30 наше време да порачам, и што да видам, се распродадено. Машала.

Наредно, треба да одам до кај Даме да договорам некоја заштита да стави, ипак колата е цело време е под елементите, на отворен паркинг, ама никако да се погодиме, он не може преку работна недела, јас не можам преку викенд.
И така ...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #92 на: 30 Октомври 2024, 08:16:43 am »
Како го направи ова? И каде? Сам? Следеше некое упатство или туториал?

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #93 на: 30 Октомври 2024, 12:59:17 pm »
Како го направи ова? И каде? Сам? Следеше некое упатство или туториал?

Го правевме муабетот кога упдејтував првиот пат :)
USB, од линков https://www.ford.com/support/sync-maps-updates/
Мапи од тука https://secure.ford.co.uk/owner/resources-and-support/sync-bluetooth/update#/status/

Сам, си има упатство кога симнуваш мапи.
Само долго време трае, 29гб се мапите, околу 2 саати треба да работи колата.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #94 на: 28 Ноември 2024, 12:25:51 pm »
Направен редовен мал сервис во Мида на околу 120.000 км.
Сменето:
Моторно масло
Филтер за масло
Филтер за воздух
Филтер за полен
Филтер за гориво
Дихтунг за штопна
1.7 саати работна рака (чисто информативно раат аботна рака во гранд ауто е 1800 денари).
Задоволството кошта 13.800 денари, секоја година се поскапо и поскапо.

Малце ме изнервира тој дечкото што работи на шалтер.
Имено, пред некое време ми светна ESC Service Required и се изгуби.
Лани кога правев редовен годишен сервис, кога отидов таму им реков да проверат 2-3 работи што ги запишував низ годината, и во Мида ми кажаа дека не предвиделе време и дека требало да најавам дополнителни проверки.
Ок викам, политика си е политика. Годинава сервисот го закажав на 7ми Ноември за термин на 26ти Ноември.
Тогаш го најавив ова.
На 15ти Ноември им се јавив пак да најавам да се провери рачната кочница и шепите.
И во 2те случаеви ми кажаа дека при редовен серивс за кола одржувана кај нив нема проблем и дека секако се прави целосна проверка на колата. Супер.
Доаѓа денот, одам на сервис и му кажувам на дечкото и ми вика 4000 денари за проверка на ESC Service Required.
И тука се спречкавме малце.
Кога ја земав колата ми кажаа дека нема грешки, пишува и во извештајот. Не знам дали проверија на компјутер, ама знам дека лани ми наплатија 1.4 саати сервис, оваа година 1.7 саати.

Некој да препорача мајстор за Форд низ Скопје ?   Да запишам број за кога ке притреба во иднина. Ова им е втор жолт картон на Мида сервисот. Првиот е кога сакаа да ми менуваат амортизери за 22.000 денари, а лекот беше во некој балансштагла или како се пишува тоа, за 3000 денари.

Направив и тест возење на новата Куга. Ми се допаѓа понудата со бенински мотор и сакав да го заменам Мондео-то + доплата за Куга-та, ама не земенувале возила од увоз. Таква им била политиката, како демек возилата што они ги продаваат не се од увоз, ама тоа е муабет за друго време. Нивна загуба.

Од таму правец во Cupra да земам понуда за Formentor, ама они немаат ни тест возило, имаат 2 во салон, едното беше заклучено, како демек продадено. Го видов и zeroSignal додека го сликаше заклучениот Formentor. Претпоставувам него му го отклучија :)
Убав е Formentor-от, ама мене ке ми треба малце по фамилијарна кола.

И така.
Да одам деновиве до Мазда да видам CX-5 ка што имаат на лагер, ама изгледа ке се дружиме со Мондео-то до 2027 како што е првичниот план.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #95 на: 28 Ноември 2024, 12:44:05 pm »
Богами апсурд е 130 минути, за промена на уље и филтри. Освен ако не чекаат да "искапе" и последната капка.  :)

edit : Правев рачуница, колку би те коштал мал сервис, ако ти ги набавиш деловите ( а и промениш )

ф. масло - 500 денари (ман марка)
ф. воздух - 1000 денари (ман марка)
ф. гориво - 1500 денари (ман марка)
ф. кабина - 1500 денари (ман марка со јаглен)
штопна - 150 денари (од тепка)
уље - Тотал 0w30 5л - 3900 денари.

Сума : 8,550 денари. Реално, скапи деловиве.

За мајстор, прашај кај Жарко во Геге.
« Последно менување: 28 Ноември 2024, 12:57:43 pm nikola98 »