Дојде и тој ден.
Возам вчера на автопат, ми светна ламбичка на табла и ме ограничи на 3000 обратаи. Кој сака нека честита.

Застанав, отворив мануал, и вика:
It will illuminate when a powertrain or an all-wheel drive fault has been detected. Contact an authorized dealer as soon as possible.
Пошто немам all-wheel drive претпоставував дека е нешто со турбото, најверојатно некое црево или регулаторот.
Кога запалив пак после 5 мин, ламбата не светеше, и колата си возеше нормално. Спуштив прозорци, и слушнав мало шуштење, и знаев дека е до некое пукнато црево или разлабавена стега. Имав сличен проблем со Стилото на времето, па се одлучив да продолжам со возење.
Ламбата пак светна после некое време. Кога стигнав во град, си работеше нормално, и ламбата се појави по трет пат кога се враќав накај Скопје.
Низ годините секогаш кога ќе прочитав препорака за некој мајстор или сервис, си ги запишав ан телефон. И на враќање ги почнав по ред, се јавив на сите.
Отидов кај Авто Сервис Симоновски-Тим во Илинден.
Се договоривме денес, од рано да поминам да ја ставиме колата на дијагностика.
Отидов во 8, ја ставивме на дијагностика и колата немаше грешка.
Отидов на автопат, ја упалив ламбичката, се вратив во сервис и пак на дијагностика.
Мајсторот вика има загуба на притисок, отворивме хауба, 2-3 пати на гас и одма се виде кое цревце е пукнато.



Сликавме, и пуштивме абер да се најде дел.
Јас се јавив во Форд, ама го немаа на залиха, но можеле да го порачаат да стаса за 2 недели, по цена од 5533 ден.
Накај 15:30h се јави мајсторот дека го земал делот. Цена на делот 1200 денари.
Отидов, намонтиравме, платив 2000 ден за брзата услуга, па ќе видиме како ќе се покаже утре колата на автопат.
Кој и да го препорачал дечкото на форумов му давам благослов. Јас толку чист и педантен сервис немам видено.
Дечкото има табла со ценовник на видно место.
А и испадна дека работел во Форд на времето

Ова е прво отварање хауба на Монде, и прво искуство надвор од Мида, па ќе видиме како ке продолжиме во иднина.