Автор Тема: Ford Mondeo 1.5 TDCI  (Прочитано 16315 пати)

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1623
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #90 на: 12 Јуни 2024, 22:41:37 pm »
Што пари беше? И како одреди дека е 32%? Имаше некаква индикација?
Па, кога ја земав колата бев до кај nidzzo, го проверија и рекоа дека е на 46%, и дека нема да е лошо да го заменам.
Од тогаш поминаа 2 години.
Секоја сезона, пред зимо лето имам бесплатни проверки во АМСМ како член, и од таму ми препорачаа дека нема да е лошо да го сменам. Како изгледа ливчето има на 2-3 поста погоре.
Мислам, сам гледав дека им светнува црвено на то апаратчето што проверува :)
А и од 2016та е, 8 години, мислам дека подобро да си го сменам со време пред да ме остави на пат некаде, или да не ми направи некој проблем со електроника или слично.
Проблеми немав, освен што Start Stop системот не се вклучуваше, и понекогаш ке запалеше од втора, особено денови кога ја палев 5-6 пати на ден, и кога ке поминеше неколку недели откако сум возел на автопат.

Е сега ке почне да ме нервира Start Stop системот, не можам за стално да го исклучам, се ресетира секое ново палење, ама тоа е...

Пари 9.900, со попуст за CarClub членови излезе 9.400, секако и го оставив стариот таму.
Паметно за промената на време. На Ф30ката ни прегоре реле за греачи и еден грејач...

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 675
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #91 на: 29 Октомври 2024, 22:45:15 pm »
Update на SYNC, Version 3.0.23219.
Се изненадив што уште излегуваат нови build-ови. Подобрен responsiveness на самиот екран, ама како побавно да лоадира после палење. 
Update-тот беше достапен уште од Април, ама денес, утре, па usb-то зафркаваше, али конечно бидна.

Пуштив и update на мапи, и сега конечно треба да го имам новиот пат Штип - Кочани.
Интересно, овој update ми ги избриша сите предходно зачувани адреси, а минатиот update не.
Ги имав и ги чував Home, Work и Favourites адресите од Белгија на колата, и некако интересно ми беше по default да ми пресметува рути од по неколку илјади километри, па малце ми е криво што ми се избришаа, ама тоа е што е.

Иначе, мапите се ок, али на неколку пати ми даваат различен пат од google maps, и тоа во лоша конотација.
Затоа се спремам да земам AAWireless адаптерче за да имам Wireless Android Auto без да морам да се замарам со кабел.
Отидов на страната да купам на 15ти Октомври, и видов дека на 20ти излегува нов модел, AAWireless TWO, па се решив да почекам.
На 20ти, отворив компјутер релативно рано, околу 12:30 наше време да порачам, и што да видам, се распродадено. Машала.

Наредно, треба да одам до кај Даме да договорам некоја заштита да стави, ипак колата е цело време е под елементите, на отворен паркинг, ама никако да се погодиме, он не може преку работна недела, јас не можам преку викенд.
И така ...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #92 на: 30 Октомври 2024, 08:16:43 am »
Како го направи ова? И каде? Сам? Следеше некое упатство или туториал?

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 675
Одг: Ford Mondeo 1.5 TDCI
« Одговори #93 на: 30 Октомври 2024, 12:59:17 pm »
Како го направи ова? И каде? Сам? Следеше некое упатство или туториал?

Го правевме муабетот кога упдејтував првиот пат :)
USB, од линков https://www.ford.com/support/sync-maps-updates/
Мапи од тука https://secure.ford.co.uk/owner/resources-and-support/sync-bluetooth/update#/status/

Сам, си има упатство кога симнуваш мапи.
Само долго време трае, 29гб се мапите, околу 2 саати треба да работи колата.