Направивме 110.000 км.
Интересно, пред некој ден одам да оставам нешто во багажник.
Колата заклучена, и кога го отвараш само багажникот прв пат не се отклучува целата, туку само вратата на багажникот. Кога ке затвориш еднаш, не се отвара по втор пат, туку мора цела кола да отклучиш.
Исто така, ако колата е заклучена додека клучот е внатре, keyless не работи и не можеш од надвор да ја отклучиш.
Во брзање го фрлив ранецот во багажник, и заборавив дека клучот ми остана во ранецот.
На спуштање врата ми текна што направив, ама касно беше да реаграм.
И се изненадив што колата се отклучи сама
Импресиониран сум што им текнало и ова сценарио да го опфатат.