Автор Тема: Ново возило до 20000 €  (Прочитано 27022 пати)

Отсутен Carbuyer

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Ново возило до 20000 €
« на: 18 Јануари 2021, 23:01:28 pm »
Здраво на сите. Долго време го читав форумот, но бидејќи дојде време за купување на ново возило направив профил за да ја создадам темава со цел да ми дадете совет за возило до 20000 евра. Би сакал да напоменам дека во старт ги исклучувам пежо 301 и ц елизе како и моноволуменци.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #1 на: 18 Јануари 2021, 23:09:43 pm »
Skoda Kamiq 1.5 TSI со DSG менувач, 18500 збореа дека била. За остатокот од парите докупи опрема нешто што ти фали и зимски сет на гуми и бандажи.

Шкода ќе ти предложат кога тогаш на заебанција, ама јас без заебанција сметам дека тоа е една од подобрите зделки за вложено/добиено на наш пазар во последно време.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #2 на: 18 Јануари 2021, 23:36:03 pm »
Здраво на сите. Долго време го читав форумот, но бидејќи дојде време за купување на ново возило направив профил за да ја создадам темава со цел да ми дадете совет за возило до 20000 евра. Би сакал да напоменам дека во старт ги исклучувам пежо 301 и ц елизе како и моноволуменци.

Здраво, добредојде!

За да можеме да ти препорачаме нешто, кажи ни кои ти се очекувањата и потребите. Буџетот ти е сосем доволен.

Ете, на @MartinAlfista предлогот е одличен. :)

Отсутен Carbuyer

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #3 на: 18 Јануари 2021, 23:56:22 pm »
Со возилото ќе се поминуваат околу 10-15000 км годишно. Би било пожелно да е дизел ама некако се помалку ги има таквите возила на лагер кај нас. Гледав Октавија ама цената е повисока од максималниот буџет. Леон немале на лагер, поло нема. Од возилото барам удобност и тивка кабина

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #4 на: 18 Јануари 2021, 23:59:27 pm »
Верувај, не ти треба дизел :)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #5 на: 19 Јануари 2021, 00:08:51 am »
Добредојде.

Пиши ги очекувањата за потрочувачка, ако ти менува многу бензин VS дизел, сигурно ќе се најде добар турбо бензинец што ги тепа сите дизели во многу параметри, освен потрошувачка што ќе разликува 1-2 литри на 100км = смешна сума со денешниве цени на горивата. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #6 на: 19 Јануари 2021, 00:35:25 am »
Уште еден предлог од мене, овој пат неконвенционален:

https://carstore.citroen.mk/listings/citroen-c4-cactus-feel-bluehdi-120-eat6-%d0%b5539426/

Мислам дека освен можеби новиот C4, за тие пари нема ништо поудобно од последниот C4 Cactus со убавите седишта и убавата суспензија. Бонус имаш дизел мотор со автоматски менувач и еден куп опрема.

Изгледот кај оваа кола секогаш бил „или многу ти се допаѓа, или не можеш да го поднесеш“.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #7 на: 19 Јануари 2021, 01:24:00 am »
Mnogu ti e opsirno prasanjeto. Za toe pari imas i dobro opremeno gradsko auto, i kompact clasa i suv...
Prvo odluci se odprilike kakov tip na vozilo ti treba od koj segment, broj na luge, prostor za patnici, bagazen prostor itn...

Pa posle vidi za motor soodveten za karoserijata.
A za taa kilometraza, i tie pari, sekako ne ti treba dizel nepotrebno ke go opteretis budjetot.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #8 на: 19 Јануари 2021, 08:02:26 am »
1. Форд Фокус 1.5тдци погледни си, направи муабет во салон што може да се направи и дали може да се добие нешто во твојот буџет.

2. Пежо 308 1.5хди, види дали они можат да ти понудат нешто што може да влезе во буџет.

3. Рено Каптур дизел, мислам дека се доста јаки со цени и дека би нашол нешто добро, ако несакаш кола како горните 2.

За почеток, доста е.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #9 на: 19 Јануари 2021, 08:17:50 am »
Или ако успееш да протегниш буџет уште малце или ако си упорен во салон може да земеш  Tucson 1.6 t gdi  177hp
Kia sportage со погоре споменатиот мотор гледам е на акција за 19950,ама мднд сепак туксонот ми прави повеќе мерак и надворешно и внатре и во квалитет на завршна обработка.  Моторот е повеќе од доволен и доста економичен за големината на визилото. Тивка кабина и усогласени брзини плус.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #10 на: 19 Јануари 2021, 08:27:32 am »
Shtom si gledal, leon i octavia valkda taa klasa vozilo barash.

Imash dosta interesni kolicinja
1. Kia Xceed za taa suma dobar paket mozes da sklopish mnogu poatraktivno i pounavo od Kamiq za mene

2. Focus

3. Imashe skoro na akcija insignia do 20k evra

Ako barash nekoe gradsko SUV
1. Peugeot 2008
2. C3 aircross mozda toa staroto c4 ne bi go poglednal
3. Renault capture

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #11 на: 19 Јануари 2021, 08:30:15 am »
Megane grandcoupe 1.5dci

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #12 на: 19 Јануари 2021, 09:06:10 am »
Со возилото ќе се поминуваат околу 10-15000 км годишно. Би било пожелно да е дизел ама некако се помалку ги има таквите возила на лагер кај нас. Гледав Октавија ама цената е повисока од максималниот буџет. Леон немале на лагер, поло нема. Од возилото барам удобност и тивка кабина
Штом сакаш удобност и тивка кабина во старт мора да биде со автоматски менувач. Камикот што ти го кажаа е стварно удобен и простран плус во комбинација со дсг и 1.5 тси мотор тоа ќе биде ракета. Но незнам дали е во буџет, можеби и преку 20к.

Исто така види тојота корола хибрид https://www.toyota.com.mk/promocija/novata-corolla-sedan-najprodavaniot-avtomobil-vo-svetot/ ја даваат за 20800 акциска понуда и солидна опремена. Повторно имав можност да ја возам колава пред некој ден и мислам дека во моментов има најудобна вожња во својата класа, едноставно суспензијата е така поставена што дупките не пенетрираат во кабината, ништо не слушаш од подвозјето едноставно све е релаксирано.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #13 на: 19 Јануари 2021, 10:08:49 am »
Corolla e definitivno dobar izbor. Ja vozev isto epten me bendisa.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #14 на: 19 Јануари 2021, 10:21:41 am »
Ѕирни ја Insignia, имаат добри понуди. Елиминирај бензин атмосферец и дизел од мозок. Склопи си листа на опрема што мора да ја имаш во возилото (јас на пример не можам без адаптивен темпомат, задна камера и автоматско кочење за безбедност) и тргни на шопинг.