Автор Тема: Ново возило до 20000 €  (Прочитано 27013 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #30 на: 19 Јануари 2021, 20:36:11 pm »
Хибрид хибрид. Комбинацијата погон со шасија е погодена за тивко и удобно возење и доволно струја за маневри за престигање.

Инаку Корола лимузина обичен атмо вс Фокус турбо бензин, турбото во секој случај.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #31 на: 19 Јануари 2021, 20:38:51 pm »
Јас би си купил Корола на акција.

Споредено со Фокус 1.0 турбо?

Да. Дури и пред Фокус 1.0 турбо.
Конкретно мислиш на хибрид или и со обичен мотот?

Мене ми изгледа сосема ОК тојотата, само со безвезе пресечен гепек. Фокусот е каде каде поубав.
Фокус 1.0 125кс, плав, сиви бандажи 16ки алуминиумски. И завршена работа. Ич да не се мислиш.

Ако се има некој денар вишок 1.5 тдци и чао.

Пери-вози.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #32 на: 19 Јануари 2021, 22:37:44 pm »
Јас би си купил Корола на акција.

Споредено со Фокус 1.0 турбо?

Да. Дури и пред Фокус 1.0 турбо.
Конкретно мислиш на хибрид или и со обичен мотот?

Мене ми изгледа сосема ОК тојотата, само со безвезе пресечен гепек. Фокусот е каде каде поубав.
Фокус 1.0 125кс, плав, сиви бандажи 16ки алуминиумски. И завршена работа. Ич да не се мислиш.

Ако се има некој денар вишок 1.5 тдци и чао.

Пери-вози.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Нека тркне до салон, можеби и ќе му остане фазла некој денар :) (бензинецот)

Присутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #33 на: 19 Јануари 2021, 23:01:35 pm »
Јас би си купил Корола на акција.

Споредено со Фокус 1.0 турбо?

Да. Дури и пред Фокус 1.0 турбо.
Конкретно мислиш на хибрид или и со обичен мотот?

Мене ми изгледа сосема ОК тојотата, само со безвезе пресечен гепек. Фокусот е каде каде поубав.
Фокус 1.0 125кс, плав, сиви бандажи 16ки алуминиумски. И завршена работа. Ич да не се мислиш.

Ако се има некој денар вишок 1.5 тдци и чао.

Пери-вози.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Тој, баш тој од сликата. Ниедна друга комбинација.

Него 1.5 дизелот не беше нешто како 90кс, ми изгледа послаб од бензинецов, а 1.5 турбо е поскап едно 10-15%.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #34 на: 19 Јануари 2021, 23:10:40 pm »
Нека не те бунат многу коњите.

Јас возам дизел со 90 коња и со снага е сосем задоволителен, дури е поснажен од 1.0 екобуст со 125 коњи.

Ама ич не го поднесувам дизелот за низ град.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #35 на: 20 Јануари 2021, 00:02:07 am »
Имаш и Корандо за тие пари исто така

Отсутен Carbuyer

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #36 на: 20 Јануари 2021, 22:40:45 pm »
Shtom si gledal, leon i octavia valkda taa klasa vozilo barash.

Imash dosta interesni kolicinja
1. Kia Xceed za taa suma dobar paket mozes da sklopish mnogu poatraktivno i pounavo od Kamiq za mene

2. Focus

3. Imashe skoro na akcija insignia do 20k evra

Ako barash nekoe gradsko SUV
1. Peugeot 2008
2. C3 aircross mozda toa staroto c4 ne bi go poglednal
3. Renault capture
Гледав Киа Сид и Хсеед, двете возила со 1.0 мотор кој некако не ми прави мерак, на тестот покажа дека троши 8 литри што не е малку а добар дел го возев на отворено, исто има некакви чудни вибрации по седиштата и воланот. Хсеедот ми е преубав, штета што доаѓа само со 1.0.
Королата хеч ми е исто добра на изглед, ја немам возено но задната клупа е мала, а багажот уште помал. Седанот за 17000 евра доаѓа без тач екран и на тоа место има само празна конзола која изгледа доста штуро, отворот за багаж е премал и материјалите во споредба со октавијата се на ниво подолу. Ми се допаѓа идеата за возило на струја, но кога
ќе размислам подобро дека батеријата брзо ќе деградира, а на крај не можам да излезам со батерија од лаптоп или телефон, ми е страв дека хибридниот модел ќе испадне само скапа играчка.
За форд фокус добив понуда од скоро 22000 евра за 1.5 дизел со 120 кс и конектед ниво на опрема
За мазда 3 добив понуда од 21500 со вклучен попуст сива боја, 2.0 бензинец основно ниво на опрема со само сензори позади. Немаа тест возило.
308 ја отфрлам дека е стар модел и 5тата врата е пластична.
Рено како бренд ги отфрлам пореди случаи со дефекти на околу 80000 на двајца познаници. Модел меган седан 1,5 дци.
Шкода:
-Камик и скала не ми се допаѓаат како изгледаат надворешно макар што 1,5 тси со дсг за 18500 е добра понуда. Ќе треба да се распрашам
- Октавијата ми остави добар впечаток во сребрена, бела и лава блу. Ентериерот е подобар во однос на се друго што гледав до нивната цена. Единствена замарка имам за тоа што нема физички копчиња за климата, а има и доста видеа на јутуб како системот замрзнува и не се решава со ребоот.
2,0 тди со 115 кс, амбитион со плус опрема ми ја оставија за 21.700 со ветување за плус бандажи и гуми ама ништо на писмено :)
1.5 тси со исто ниво на опрема ми потспомнаа дека може да биде поефтина од 1000-1500 евра ама некако не беа расположени за да ми изготват понуда.
Сеат Леон во моментот кога бев во салон имаа само еден црвен, не таа боја од тестот туку емотион ред. 2,0 тди со 115 за 22,500.
Моделите за кои бев најмногу загреан беа од брендот VW:
- Голф 2,0 тди Лифе 24000 евреи
- Т-Рок 1,6 тди исто за 24000
- Т-Крос - само 1.0 тси еден на лагер без лед дневни светла 21.500 евра. Опција за дизел нема.

Леонот и Октавијата досега ми оставија најдобар впечаток, едниот ептен надворешно, а другата внатрешно. Малку ми се над буџетот незнам дали вреди да ги испружам нозете :)
Исто и Т- Рокот има мн добра седечка позиција, малку тврди пластики внатре, а и цената е доста соленка.
Ова е мое размислување и искуство досега од шетање по салони :)

Отсутен Carbuyer

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #37 на: 20 Јануари 2021, 22:46:49 pm »
заборавив да напоменам ама најверојатно ќе забележите дека имам афинитети кон волксваген возилата. Исто така и кон дизел мотори. Бензинец не сум возел од времето кога полагав за возачка.
Интересно возилце е 2008-ката, не сум бил во салон кај нив, да видам што имаат на лагер и какви цени имаат.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #38 на: 20 Јануари 2021, 22:56:56 pm »
Не праша за Фокус 1.0 или 1.5 бензин?

Киа 1.0 тб да извадиш 8 на отворено? Толку вадат 1.4 атмо, освен ако не си газел со макс брзина :)

Кога веќе си бил таму си можел и за Хјундаи i30 дизел да прашаш, не би требало над 20к да те фати (во зависност од пакет опрема).

Убаво си приметил за Тојотата :)

Ѕирни Опел, скокни и до Кореа, им се мота уште некоја кола во салон :)

На крај, во секое време можеш да си купиш две Фиат Типо, едно за резерва ;D

ПС ќе го лапнеш Голфот за 24к како најразумен избор :)
« Последно менување: 20 Јануари 2021, 23:05:50 pm Mikius »

Отсутен Carbuyer

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #39 на: 20 Јануари 2021, 23:06:40 pm »
Не праша за Фокус 1.0 или 1.5 бензин?

Киа 1.0 тб да извадиш 8 на отворено? Толку вадат 1.4 атмо, освен ако не си газел со макс брзина :)

Кога веќе си бил таму си можел и за Хјундаи i30 дизел да прашаш, не би требало над 20к да те фати (во зависност од пакет опрема).

Убаво си приметил за Тојотата :)

Ѕирни Опел, скокни и до Кореа, им се мота уште некоја кола во салон :)

На крај, во секое време можеш да си купиш две Фиат Типо, едно за резерва ;D
Не прашав некако ми се виде цената висока за форд, немаа дизел на лагер, 1.0 ако купам ми е страв да не ми се смеат   ::)
Киата не ја газев многу ама за да вртеше добро моторот не ја држев на ниски обртаи.
Хјундаи и30 ка не ми се допаѓа од моментот кога излезе, некако слабо изолирано подвозје има (сум бил сопатник во такво возило) и незнам дали имате забележано задните светла се слични на голф 6 :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #40 на: 20 Јануари 2021, 23:15:00 pm »
Фокус 1.0 го возев лани, многу фино моторче. Лесно на педала за низ град, без напор врти моторчето и на ниски вртежи, на тест возењето од салон на обиколница извадив околу 5 литри, тивко без вибрации, има мало режење на моторот на тргнување (3 цилиндри).
Е сега го нема торкот од дизелот, но го нема ниту штракањето.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #41 на: 20 Јануари 2021, 23:16:33 pm »
Оти не одиш да го видиш туксонот?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #42 на: 20 Јануари 2021, 23:38:29 pm »
Цитат
За форд фокус добив понуда од скоро 22000 евра за 1.5 дизел со 120 кс и конектед ниво на опрема
За мазда 3 добив понуда од 21500 со вклучен попуст сива боја, 2.0 бензинец основно ниво на опрема со само сензори позади.

Имам впечаток дека лани овој период пред короната беа поеластични со цените.

Отсутен Redavni

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #43 на: 21 Јануари 2021, 01:37:47 am »
Бидејќи сум во потрага на ново возило, ќе ти споделам мои досегашни искуства со тестирање на возила.

Досега возев турбо дизел и горе долу проаѓав 15К до 20К км годишно, а за ново возило се решив да е бензин дали турбо или не ќе видиме. Мене лично не ми прави разлика дали ќе троши 1-2 литра повеќе, цените како и трендот на горивата ми делува дека кога тогаш ќе се порамнат.

Ford

Ford 1.5 TiVCT  123hp. Со овој мотор возев тест возило, атмосферец три цилиндри релативно нов и ако не се лажам произведен во 2017. Интересно искуство за мене, со оглед на тоа дека не сум возел многу атмосферци. Фокусот е интересен и забавен за возење, моторот е респонзивен но си бара да го нагазиш, менувач и педали супер синхронизирани. Го имаш на акција 17690 евра, https://ford.mk/ford-focus-akciska-ponuda со одлична опрема. Другата опција ти е EcoBoost 1.0 со исто ниво на опрема, тој мотор ти е веќе докажан и би те чинел нешто повеќе, ако се водиш по ценовник сигурно испаѓа над 20к но верувам дека можат да ти направат понуда и за пониско, ако ти се вози седан верзија доплатата е 500 евра.

Дур бев во МИ-ДА, прашував за Елантра, имаше уште една останато со високо ниво на опременост со 1.6 атмосферецот. Од тековната Елнатра веќе нема да носат нови модели, барем јас така ги разбрав и ми кажаа дека ќе искача нов модел и ќе го чекаат за да го донесат, цената најверојатно ќе биде нешто над 20К.


Peugeot

  • Peugeot 2008 1.2 130hp, PureTech Allure ниво на опрема. Моторот со таа коњажа е супер за ова возило, јас не би одел со послаб. Дизајн на екстериер, ентериер, комфорт и ергономија се одлично замислени, се потрудиле да експериментират и не згершиле. Малце чудно на прв поглед изгледа инструмент таблата со воланот но после кратко возење одма се навикнуваш и веќе забораваш на тој детал. Мислам дека со Allure опрема можат да ти направат некоја понуда околу 20К.
  • Peugeot 308 BlueHDI 1.5 100hp. Си пишал дека не те интересира, но има едно возило останато со акциска цена од околу 16к,pre facelift, со стандардно ниво на опрема. Не знам зошто но задната клупа е малце компромитирана за да добијат поголем багажник. Дизел моторот е одличен и релативно тивок, на хартија ептен економичен.

Двете возила се супер за возење со моторите кои ги имаат, солидно составени и комфортни, изолација на поголеми брзини е ок, можда нешто послаба кај 308цата, но ништо страшно. Во 2008цата направиле напори со позиција на седење за да ти даде чувство како да си во СУВ, не ја гледам поентата но ете, некој веројатно го бара и тоа.


KIA

Возев Ceed и Xceed со 1.0 T-GDi 120hp, Xceed е каде каде по eye candy, но и Ceed e сосема добро стокмен. Мислам дека оној 1.4 Т-GDi подобро ќе ги носи и двата модела, ми кажаа дека оваа година ќе донесат понуди со различни мотори. На брзини околу 120, не ми текнува дали кај двата или само кај Ceed изолацијата не е баш нај нај но тоа не е некој пресуден фактор, понудата е одлична за цената и опремата со која ги нудат возилата.

Skoda

Kamiq понудата со 1.5 DSG е доста примамлива, за жал немаа тест возило со тој мотор.  Јас го имам возено со 1.0 115hp и реално тој мотор е сосема доволен, не знам зошто го тргнале како понуда... од друга страна со 1.5 делува како да ќе можеш и да се курчиш.
Kamiq генерално е одличен за низ град и на отворено, ги апсорбира нерамнотиите, солидно е склопен, простран и е многу комфортен. Не очекувај некој дизајнерски ефект што ќе плени и ќе отстапува како кај 2008цата но реално не му е тоа намената. Мене лично дизајнот на Шкода возилата ми е ок.


Toyota

Toyota Corolla Sedan. Мислам дека си пишал за тоа едно возило што им е останато, батали го тоа. До крај на оваа недела ќе им донесат нови седани со еден нов мотор кој го преставија во Yaris, 1.5 атмосферец 125hp surprise surprise три цилиндри, моторот е ептен нов и реално нема некој информации за тоа колку е добар и како ќе се носи до кај 200000 km, бидејќи е Toyota во прашање да се надеваме дека не направиле некој промашај.

Најверојатно следната недела ќе регистриаат едно тест возило па ќе може да се проба. Инаку на страната ги имаат објавено цените, акциски ја нудат за 17К со сега изменета и според мене многу подобра опрема, си има инфотејмeнт со задна камера и сл.
- https://www.toyota.com.mk/promocija/novata-corolla-sedan-najprodavaniot-avtomobil-vo-svetot/
- https://www.toyota.com.mk/content/modelspdfs/615-corolla-sedan-mk-1.pdf?t=1611184830

Од аспект на безбедност ова го нудат како стандардна опрема:

TOYOTA SAFETY SENSE 2 active safety system:
> Pre-Collision System систем за препознавање на пешаци и велосипедисти
> Adaptive Cruise Control адаптивен темпомат
> Lane depart assistant систем за следење на патна лента со корекција на волан
> Automatic high beam светла со автоматско прилагодување на долги светла



Оpel

Не стигнав ништо од Опел да возам, сакав Astra K но во Аутомакедонија немаа на лагер, но знам дека имаат една Insignia Grandsport 1.5 турбо бензин 165hp тест возило, 2017 или 2018 година е со некој си 15000 km поминати, од опрема фали уште да знае кафе да ти направи. Ако ти прави Octavia мерак вреди да идеш да ја пробаш, цената е некаде околу 19К.

Можеш да се јавиш во Аутоцем или да си побараш понуда преку веб, таму има две Астри К дизел на лагер останато, ако сакаш дизел.


Се надевам дека ќе најдеш нешто корисно од ова погоре, со среќа и со лесно барањето.


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Ново возило до 20000 €
« Одговори #44 на: 21 Јануари 2021, 08:01:03 am »
Цитат
Королата хеч ми е исто добра на изглед, ја немам возено но задната клупа е мала, а багажот уште помал. Седанот за 17000 евра доаѓа без тач екран и на тоа место има само празна конзола која изгледа доста штуро, отворот за багаж е премал и материјалите во споредба со октавијата се на ниво подолу. Ми се допаѓа идеата за возило на струја, но кога
ќе размислам подобро дека батеријата брзо ќе деградира, а на крај не можам да излезам со батерија од лаптоп или телефон, ми е страв дека хибридниот модел ќе испадне само скапа играчка.


ја незнам што се обидуваме да помагаме воопшто.