Автор Тема: Mazda CX-5  (Прочитано 9040 пати)

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #15 на: 27 Декември 2020, 20:59:09 pm »
Surata si pazari vakvo samo ova tveto poopremeno, i moram da priznaam deka e odlicen paket.

So zdravje da se vozi.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #16 на: 28 Декември 2020, 07:51:29 am »
Со здравје да си ја возиш колата, одличен избор на боја и бандаж.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #17 на: 28 Декември 2020, 10:10:28 am »
Лепо, лепо со здравје да се вози :)
New blood of old school

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #18 на: 28 Декември 2020, 11:07:55 am »
Преубава, со здравје да се вози!

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #19 на: 28 Декември 2020, 13:42:08 pm »
Честито родителство и со среќа да се вози колата.
Убаво изгледа.

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #20 на: 28 Декември 2020, 13:59:07 pm »
Лепота

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #21 на: 29 Декември 2020, 09:07:10 am »
Фала дечки, да си дочекате уште поубави работи и да возите уште поголеми зверови..

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #22 на: 23 Септември 2022, 23:46:54 pm »
Го пратам форумов, али онака пасивно, читам а не пишувам многу.
Загледав у мојава тема и гледам дека скоро 2 години ништо неам пишано, а има доста случки и патувања со Маздата.

У главно, поминав 42 илјади у последниве нецели две години со неколку подолги патувања, сервиси, инвестиции, дефекти и случки..

Ќе пишам хронолошки се што се дешавало:

1. Прва случка, Јануари 2021, почна да ми свири нешто у подвозје, тргнав до Мазда, испаднаа дека предните гуртни биле готови, ги сменија, платив 340 CHF за промена на предни гуртни  ???

После тоа понежната половина имала инцидент и го собрала десниот ретровизор. Тркнав до Мазда, ми побараа 1000 и нешто франци да го променат комплет, пошто има ел.мотор за склопување, индикатор за мртов агол, греачи, жмигавец, итн...(сега ќе испадне дека и смарт ретровизор)....Нејсе, реално штетата беше на огледалото на кое има греач и лед индикатор и само предната пластика, остатокот беше функционален. Најдов на ебај пластика офарбана по фабрички код, нарачав само огледало од Мазда и резервирав промена заедно со сервисот у Март 2021.



Стигнаа деловите за ретровизорот (пластиката беше околу 100 $ и огледалото околу 150 CHF):



Променет капакот, стаклото беше променето заедно со редовниот сервис пошто испадна дека треба да се ресетира модулот за мртов агол.. :o






2. Март 2021, направен редовен сервис у Мазда:
- променето улје (Тотал Quartz 0w30) и филтер за улје
- филтер за нафта
- филтер за клима
- заменето огледало на ретровизор
- Тотал сметка - 870 CHF

После сервисот се спакував и се пуштив на едно патување до Македонија, околу 1700 и нешто километри.
Ова ми беше прв подолг пат со Маздата. Гепекот заврши работа:





После месец и пол негде се вратив назад у Швајцарија, па начекав некој близнак на паркинг:



3. Почеток Август 2021 година - Возам низ планини и наеднаш ми се пали системот за притисок на гумите и почнува да тресе.. Викам у пм, се дупна гума и одма застануам на следен паркинг. Излегувам и гледам дека од предно десно тркало чади од кај дискот.  Одморив малку на паркинг, притиснав неколку пати на кочница и изгледа некако се опушти кочницата и продолжив до дома.

Утредента тркнав до Мазда, ми ја задржаа одма таму, нарачаа комплет кочионен систем, комплет предни дискови и гуртни ус пат (иако гуртните беа доста тазе, ми рекоа дека губат на спецификација ако се спалат, бла бла...)  - Спорт кој произведе фактура од 1821 CHF, од што 1200 и нешто беа покриени под гаранција, останатите ги платив јас како потрошни материјали..

4. Пак Август 2021 година, ја земам среќен од Мазда и ја возам едно две недели, се враќам петочки од работа и ми се пали ова:



Фак јеа си викам и ко што возев, продужив директно у Мазда (севисот ми е у истиот град и на 2км од стан, така да...)...Ја ставаат одма на дијагностика и ми викаат мора да смениме гумици на инџектори, фабричка мана, пуштале нафта у улјето и го мешале и така сензорите фатиле дека Oil dilution (коефициентот на разредување на маслото) е премногу висок..Ок, ја оставам таму и после неколку дена се јавуваат дека е готова, ја земам.

Тотал околу 800 CHF и нешто ситно...За среќа, гаранцијата ја покри работната рака, јас морав да ги платам гумиците, само 25 CHF.. Ја задоволен од финалнава сметка.

Значи уз ова замениле гумици на инџектори, уље и филтер за уље..Кул, идемо уште 20 илјади.

5. Октомври 2021 - Возам од работа и слушам нешто ми свири ко некој лагер од позади. Идам на сервис, викаат задните гуртни се готови и тоа бил индикаторот...Ок, ајде промена, 140 CHF и пола саат покасно бев на пут..

После тоа фати зима, па малце зимски авантури по Алпите:







Увек ми беа чудни и некако мали издувите од позади, па пробав да ги пролепшам со некои карбонски додатоци:





Нешо рандом:







6. Јуни 2022 - После 17 илјади, светна за редовен сервис, иако требаше отприлика во Август да биде, но пошто планирав да си одам у МК и да седам и да работам едно три месеци, закажав редовен сервис и променивме се што требаше:

- Улје и филтер за улје
- Филтер за воздух
- Филтер за нафта
- Променета течност за кочници

Ако ја покажам фактурата, имаат напишано уште 5-6 работи, као бесплатно перење, проверка на каросерија, подвозје, мотор, менувач бла бла бла..Тотал платено 642 CHF за редовен сервис у овластен мазда сервис

После тоа, се напуни пак Маздата:



и тука сме:



малце низ Западна:



па некој ја поминал со клуч  :'(



Па малце дружба со бившиот:



7. Некаде Август 2022, 2 недели пред да тргнам за мк реков да ја проверам кај локалниот ми механичар у Тетоо..Ја дигнавмо на дизалица, и гледаме нешто интересно:

Пиксни/гумици на задни чаури на предните долни вилушки комплет испукани..Погледов на дечково кажуа све....ааааа свеее..



Се јавив во Мазда во Скопје и ми рекоа дека не се менуваат само тие делови, туку мора цела вилушка и бараа 450 евра по вилушка.
Читкам на нет, има комплет гумици со цел дел кој што се менува на вилушката. Окееј.
Ги најдовме и нарачавме нови, стигнаа за ден (5000 ден двете), ги смени мајсторот па и требаше да се центрира, а пошто гумите кој што ги купив не беа нешто ко што треба, тркнав до Мото Центар и монтирав Континентал Премиум Контакт 6 - платено 40 тина илјади денари комплет со монтажа, балансирање и за жал, гребање на бандажи  :(





Редовно ја перам сам колата и никогаш претходно не биле вакви околу штрафовите. Чичето сигурно го форсира пиштолот за штрафови без да се замара..треба да им пишам на мејл чисто да знаат дека треба да пазат во иднина...

После трк кај Спиро у Брвенца Бр.1 за центрирање у МК:



8. Септември 2022 - Се вратив у Швајцарија, па ус пат приметив дека ДПФ-от почесто регенерираше. Читкав на нет, викаат можно да е од лоша нафта, гареж и можно е од дефектни сензори. Прво нешто што може да се провери е МАП сензорот...Доста лесно пристаплив, тргнав со моиве вештини да го извадам и да видам у која состојба е. Се спуштам пред зграда и ја ко талент успеав да го скршам сензорот при вадење... :-X :-X :-X :-X :-X

Тркнав до Мазда истиот ден (среќа немање никаков сигнал на шалтабла) и наручав нов. По два дена го монтираа и овој спорт ме кошташе 305 CHF

9. Денеска, 23 Септември - Променив акумулатор на Маздата. Пред недела залади и утринското палење ме пречека со Battery System Malfunction (и старт стоп системов прекина да работи и почна да трепка). Ебате јапанците, место да пишат смени акумилатор, ми праат стресови сабајлечки...

Се јавив у Мазда, прашувам Што пари акумулатор да сменам, ми викаат комплет со работна рака 560тина CHF. Им викам чао пријатно, ќе ви се јавам. Меѓувреме изгледав 8 туторијали како се менува акумулатор на Мазда (а имам искуство, менував на екс голфот и екс нисанот), си нарачав Варта од Германија за 180CHF (со коректен ОЕМ број и со спецификација за старт стоп систем) и ми стигна по два дена, го монтирав и сега се врати се во нормала..



Ко ChrisFix шо вика: out with the old, in with the new:







ЗА крај, моментална километража после се ова:



Заклучок после 42 илјади поминати:

- Ок удобно возило, моторот е доволно силен за каросеријата и за претицање е одличен
- Автоматикот е топ, не знам дал би се вратил на мануел во иднина
- Потрошњата е ок за овој тип на возило (средна реална потрошња е 8 литри)
- Мултимедија системот е супер, одлично се поврзуа со телефон увек ко влегувам у кола и за повици супер функционира.
- ГПС-от исто е супер, макар треба да најдам апдејт за мапи (Мазда бараат едно 200 франци, не са нормални...)
- Озвучењето е топ
- Паркинг сензорите и камерата ме направија инвалид за паркирање за наредни 10 години..
- Негативно би рекол дека е ДПФ-от и честото регенерирање (регенерира секои 200-250км) па така да ми се десило неколку пати да треба да стигнам дома али пожелно е да се повозам уште 5-10 мин за да заврши процесот...Али мислам секој денешен дизел има сличен систем и на одреден момент може да створи проблем..
- Имав повремени вибрации и бучава со летните гуми, али беа некоја ШКЉ бренд, па тоа беше и причина што ги променив у Мото центар. Сега искрено се препороди Маздава, доста потивка и спие на отворен пут..

До следно читање дечки... Поздрав
















 


Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #23 на: 24 Септември 2022, 00:20:59 am »
Da si ja vozis so keif dodeka ti prai keif.
Ako se resis nekad da ja prodavas zainteresiran sum pa imaj vo predvid ako se setis :)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #24 на: 24 Септември 2022, 01:37:17 am »
Фала ти на постот и на опширниот список на поправки. Баш деновиве меркам една ваква у црвена боја, искрено цифриве у франци се машала високи, веројатно кај нас би биле нешто пониски, иако се на се не е ефтино оддржувањето. Не ни очекувам да е ефтино, како и на секоја нова кола.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #25 на: 24 Септември 2022, 08:25:09 am »
Како приметуваш дека почнала регенерација?

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #26 на: 24 Септември 2022, 09:32:04 am »
Како приметуваш дека почнала регенерација?
pa valjda kje kaci broj na rpm ili se pali nekoja lambica.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #27 на: 24 Септември 2022, 10:11:04 am »
Da si ja vozis so keif dodeka ti prai keif.
Ako se resis nekad da ja prodavas zainteresiran sum pa imaj vo predvid ako se setis :)

Ќе те иам у предвид друже

Фала ти на постот и на опширниот список на поправки. Баш деновиве меркам една ваква у црвена боја, искрено цифриве у франци се машала високи, веројатно кај нас би биле нешто пониски, иако се на се не е ефтино оддржувањето. Не ни очекувам да е ефтино, како и на секоја нова кола.

Реално, ако ја сервисирам надвор од официјален, сигурен сум дека ќе биде 2 пати поефтино...Али под гаранција е до март 2023, така да ќе истрпи уште еден сервис у официјален. Иначе, улјето е улје, не е нешто поскапо од други коли. Филтрите тука се..Тука работната рака е доста висока, затоа се тие цифри.
Еден пример: сензорот што го скршив го најдов на ибеј истиот (оем, од јапонија) за 80тина долари, плус импорт, ќе беше негде околу 100 и нешто..Ама бев вознемирен што го скршив и се казнив сам по џеб :)

Како приметуваш дека почнала регенерација?
pa valjda kje kaci broj na rpm ili se pali nekoja lambica.


Не покачува вртежи и нема нешто посебно, но ако си малце ентузијаст има доволно индикации дека регенерира..
- Прво инстант потрошњата рипа од 7-8 на 12-13 литри
- Се јавува подлабок звук, кој што се осеча ко пуштам гас
- Старт стоп не работи
- Последно, кое ја увек реферирам е у фуел мониторот има три икони кои што треба да бидат плави за старт стоп да работи (мотор, батерија и клима). Ко праи регенерација моторот не свети плаво..За ова мислам поточно:




Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #28 на: 24 Септември 2022, 11:40:13 am »
Gledam nadvor si pazis so brzinata a vo Mk 160 km/h, si imal sreka ako pomina bez kazna. Inace super ti e kolata.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Mazda CX-5
« Одговори #29 на: 24 Септември 2022, 13:53:16 pm »
Gledam nadvor si pazis so brzinata a vo Mk 160 km/h, si imal sreka ako pomina bez kazna. Inace super ti e kolata.
Пазам у глобала секаде, у Швајцарија возам по знаци, надвор од тука обично возам 10-20 над дозволено. Да чукнам у дрво до сега неам платено никаде казна. Ова на сликиве е привремено ко возев од тука накај Мк.

Реално, Италија, Франција, Хрватска, Србија се вози комотно 140-150. Пазам генерално у Швајцарија, Словенија и Македонија.

Дан ме урочиш сега…


Sent from my iPhone using Tapatalk