Автор Тема: VW Golf 5 1.9TDI '06  (Прочитано 12812 пати)

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1721
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #30 на: 13 Февруари 2021, 12:54:15 pm »
Значи твојов е баш јас каков што барам, со 6 брзини и автоматска клима :) а и цената е одлична во однос на тоа што се нуди на пазаров.

Во врска со менувачот (снопот, замаец, ламела), не верувам дека може да се скрие, при проба би се сетило ако не е во ред нешто со менувачот.

Случајно да не направи ремап? Чисто ме интересира дали има значителна разлика во забрзувањето. Оти јас направив ремап на 1.4 тдци и нема баш некоја разлика..

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3209
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #31 на: 13 Февруари 2021, 13:01:36 pm »
Значи твојов е баш јас каков што барам, со 6 брзини и автоматска клима :) а и цената е одлична во однос на тоа што се нуди на пазаров.

Во врска со менувачот (снопот, замаец, ламела), не верувам дека може да се скрие, при проба би се сетило ако не е во ред нешто со менувачот.

Случајно да не направи ремап? Чисто ме интересира дали има значителна разлика во забрзувањето. Оти јас направив ремап на 1.4 тдци и нема баш некоја разлика..
Да, менувачот се приметува, не може одеднаш магично да се сјебе.

На хартија е 105кс, реално е 110-115кс, ремап се мислев да правам, ама ДПФ, башка и шоферинката што го вози не е за повеќе коњови, ионака стиска на гаста без осет, а не па појак да е. 😂
Плус и му давам уште 1.5-2год во гаража, доста ќе му е.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3209
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #32 на: 10 Март 2021, 20:38:35 pm »
Боичка денес набавена од Max Meyer за летниот сет, PPG Ferrari 3238 M5, нормално со квалитетен прајмер и лак. Викендов ако е околу 15-20⁰C надворешна Т да ги шприцнам.

Отсутен The Seventh Son

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #33 на: 11 Март 2021, 08:29:59 am »
MNOGU dobra kola so zdravje dase vozi!!!!

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3209
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #34 на: 11 Април 2021, 20:15:19 pm »
MNOGU dobra kola so zdravje dase vozi!!!!
Фала, поубава да си купиш! :D
Денес шприцнати бандашите, се погоди времето и да се испечат малку. Јас сум задоволен како испаднаа, можеше подобро ама за сефте одлични се. :D
Утре слика со гуми на кола, останаа уште капачињата да ги шприцнам деновиве.



Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5636
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #35 на: 11 Април 2021, 20:29:13 pm »
Одлично 😁
Целосно ја симнуваше старата боја или?

Sent from Poco X3 NFC using Tapatalk


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3209
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #36 на: 11 Април 2021, 20:34:18 pm »
Да, 3 слоја, боја врз боја, со демол вадев, ми се е*а мајката...

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1343
  • Велешанче
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #37 на: 11 Април 2021, 20:37:37 pm »
Имам едни долничарки за средување, да ти ги донесам и тие додека си фатен за работа 😂😂😂
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17268
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #38 на: 11 Април 2021, 22:59:02 pm »
Ред фати си, глеам му тргнало со компресоров ;D

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3209
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #39 на: 12 Април 2021, 11:25:55 am »
Знам дека требаше посветли, ама убав ми е и вака :D
Капачињата ќе ги средам деновиве.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54667
  • Махер
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #40 на: 12 Април 2021, 11:53:12 am »
Во сенка си сликал, од другата страна сликни. Ова изгледа како да си сакал во боја на каросеријата да бидат.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3209
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #41 на: 12 Април 2021, 11:56:01 am »
Во сенка си сликал, од другата страна сликни. Ова изгледа како да си сакал во боја на каросеријата да бидат.


Да сакав немаше да погодам толку слична боја. Кога ќе ти дадат да си бираш боја од каталог, нема шанси да се одлучиш, ќе сликнам и на сонце попосле.

EDIT: Еве слика и на сонце, not great, not terrible  ;D
П.С. Капачињата се привремени, Дарко ми направи како оригиналните, ама не сум ги средил уште.

« Последно менување: 13 Април 2021, 11:36:19 am t0m1cA »

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3209
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #42 на: 01 Мај 2021, 07:31:24 am »
Сменив лани брава на гепек, не функционираше. Исто така не функционираа греачите на задно стакло, ама зима беше па да не пукнам некоја пластика не чепкав. Пред 1 недела пак престана бравата да работи, викам ова жица некоја. Во цревото меѓу шасија и гепек 4 жици скроз скинати, ги залемив и изолирав, работе.

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #43 на: 01 Мај 2021, 08:46:18 am »
Сменив лани брава на гепек, не функционираше. Исто така не функционираа греачите на задно стакло, ама зима беше па да не пукнам некоја пластика не чепкав. Пред 1 недела пак престана бравата да работи, викам ова жица некоја. Во цревото меѓу шасија и гепек 4 жици скроз скинати, ги залемив и изолирав, работе.
Хмммммм... Кај мене 2 пати мењам брава, се крши федерот што ја враќа назад. Само да најдам отигинал, овие од Каросерија траат по 2 год макс.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3209
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #44 на: 01 Мај 2021, 10:09:41 am »
Сменив лани брава на гепек, не функционираше. Исто така не функционираа греачите на задно стакло, ама зима беше па да не пукнам некоја пластика не чепкав. Пред 1 недела пак престана бравата да работи, викам ова жица некоја. Во цревото меѓу шасија и гепек 4 жици скроз скинати, ги залемив и изолирав, работе.
Хмммммм... Кај мене 2 пати мењам брава, се крши федерот што ја враќа назад. Само да најдам отигинал, овие од Каросерија траат по 2 год макс.
И на Фордот истиот проблем го имав.
Брава од Пасат Б6 извадив, исти се кај сите.