Голфот е со 6 брзини и е со ДПФ. Менувачите со 6 брзини си имаат фалинки, ама генерално ако не е малтретиран и секогаш системот бил во добра кондиција (замаец, клапна, ламела...) нема да јави проблем, проблем јавува во снопот најчесто и дефектот не е баш ефтин кај оваа верзија за разлика од кај Туранот.
Види, со половно возило е секогаш мачка во вреќа затоа што не знаеш како е одржувано пред тебе. Јас би проверил ДПФ и ЕГР дали дише, хладњаче за ЕГР, состојба на турбина, дали губи антифриз и замаец со друго не би се замарал. Мењачот ако не го бива нема мазно да шалта и ќе бучи/свири на моторно.
Јас го платив 4000€, со тоа што знаев дека има механички недостатоци, кои ги искористив да симнам доста на цена, што ги отклонив, ми остана уште сет ребраст да сменам кога ќе потстопли. Се погоди и рег. да има до мај.
Моите критериуми кога барав беше да биде ентериерот здрав и сочуван, козметички исто така, ама не мораше да биде стакло и не е, си има гребаници и едниот праг е набиен.






