Еееее. Имав јас таков бербер порано, 18 години стабилно и квалитетно дружење беше.
Кај Илке кога се оди, најмалце саат два се останува кај него. Седнуваш, неколку души има секогаш пред тебе, палиш цигари, сокче, муабет од маало што се случило од претходниот пат кога беше на гости... Човек си има неколку фирми за се и сешто, канцелариски заебанции, тоа за фотокопир и слики правење, ресторан,кафуле, лимо сервис, слика и организира свадби и уште неколку бизниси... И посредува со сите за се и сешто што ти треба, кај има поефтино да поминеш за XYZ, поголем стан да ти најде итн. И тоа не само локално Белград / Чукарица, туку и што и да ти треба, багер во Црна Гора итн.
Прашуваш во кој ресторан има сега срнешки гулаш, ти дава совет одма, е тоа до четврток да почекаш кај Ива ќе биде а денес имаш тазе зајак во Талија и така.
Мераклија за коли, има некое старо мангупско бело мерцедес купе со 19ки. Достапни се сите автомагизини, од домашни до автобилд...
А за шишање и не се збори нешто, реално те шиша на вообичаено, некогаш изненадување и малце поинаку ќе биде, вика летна фризура ти напраив
Преубаво
Пред неколку години се вратив во МК, барав низ цел град да најдам слично искуство, тестирав насекаде освен овие што во салон ми кажаа да закажам термин по телефон или така нешто глупо.
Насекаде наоѓав маани. Некаде веднаш од претходниот те шиша без да исчисти машинка, на еден бербер ми се случи немаше жилет нов да стави, сакаше со веќе користено да ме бричи, или генерално нешто ќе ми се одмили, дали нечисто / нехигиена или не бричат глава туку само со машинка итн.
Така да, најдобар избор ми се овие:
3. Зоки берберот во Ново Лисиче има удобна кожна гарнитура и ТВ, муабет праи итн ама сепак кај него најретко, не сум бил одамна.
2. Мендо Турчинот, веднаш до Бит Пазар. Има супер шмек местово, реновирано е 1963 по земјотресот и од тогаш не е подновено. Срцка е човекот (70+, 80? години), навистина се е супер ама многу мава со бритва додека збори, неколку пати во тек на бричење ќе ме исплаши. Не е проблем да ме потфати малце обрва или така нешто, ама за око се плашам. Не дека некогаш се случи, но ете, се плашам. Доколку има некој со поголеми мадиња од мене ова е предлог од мене.
Е да, за овие што ќе прашат за цел... да, Мендо прави сунет, знам ми раскажуваше за тоа.
1. Рера во ГТЦ. Најчесто, т.е. скоро секој понеделник одам, оставам кола во гаража на перење, се качувам еден кат нагоре и во Рера сум на бричење и шишање со целото Туркиш барбер искуство (не цел, само глаа). Инаку има Рера и на друго место, ама не е исто, ваљда се разделиле одамна или така нешто.
Солиден е салонот, ништо луксузно со мермер или така нешто, туку баш колку што треба, да кажем нормално место.
Имаат миљон чираци, секогаш е се чисто и уредено, под веднаш исчистен, нови чисти пешкири и брич за секој клиент итн.
има ОК клупа внатре за чекање, музиче, ТВ итн... и надвор масиче и столици за цигара, сакаш кафе, чај, ова она.
За бричење лице најдобар е најстариот (мислам дека е сопственикот), праи како да кажам, практично безконтактно бричење, ич не допира лице, само така лесно поминува и избричен си до кожа. Реално кај него најретко се бричам, не е секогаш таму. А од другите барам и контра да ми мавне.
А за шишање, за мене 1мм горе и бричење глаа од страна и позади омилен ми е А. на првото столче.
Ама има јака конкуренција од Џ од другото столче, тој првин со машинка на нула, па другата машинка што фаќа и малце поише, и квадратна ако му напоменеш, е таа е закон, као вакум да ти праи на кожа и на -2 те бричи да испадне мазно како бебешко газе. И наредниот ден си ставам тоа помада / тоник moisture / штоидае со мирис на мента зашто е свежо како моментот да е бричено.
И понатаму од шишање и бричење имаат значи се комплетно, миење глаа, пудра, колонска; масажа на глаа, лице, раце а може и грб со тоа уредот но јас не сум по тоа. И не го правам тоа со маска на лице тоа ми е геј.
Цена е нешто 150-200-300, да го ебам не знам баш точно, секогаш сум со друштво така да вкупно за 2,3,4 души сосе частење е околу / под иљадарче.