Автор Тема: Бербери (салони, совети, препораки, искуства)  (Прочитано 17605 пати)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Бербери (салони, совети, препораки, искуства)
« Одговори #45 на: 31 Август 2020, 12:15:30 pm »
@ficomk веќе кога се шишаш така кратко, на "кец" да речам па и вреди да си купиш машинка. Една од 20еу со редовно чистење и подмачкување, ќе те служи еден куп време и ќе си ги вратиш за пола година парите.

@Filip MK да не одиш кај @NUME  ;D? Шала на страна, океј цена е, со оглед на тоа што ол инклузив третман е во цената

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8726
  • Пичлеме
Одг: Бербери (салони, совети, препораки, искуства)
« Одговори #46 на: 31 Август 2020, 13:19:14 pm »

@Filip MK да не одиш кај @NUME  ;D? Шала на страна, океј цена е, со оглед на тоа што ол инклузив третман е во цената
Со миење гла?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4240
Одг: Бербери (салони, совети, препораки, искуства)
« Одговори #47 на: 31 Август 2020, 13:34:09 pm »
@ficomk веќе кога се шишаш така кратко, на "кец" да речам па и вреди да си купиш машинка. Една од 20еу со редовно чистење и подмачкување, ќе те служи еден куп време и ќе си ги вратиш за пола година парите.

@Filip MK да не одиш кај @NUME  ;D? Шала на страна, океј цена е, со оглед на тоа што ол инклузив третман е во цената
види, пошто се преселив во немачка, машинката од 20 еур ја вадам за 2 шишања, што е временски околу 40 дена, така да ептен ми се исплати и да ја заменам постоечката со нова и подобра, со дополнителни чешли за различни должини. Плус и временски сум у ќар, дома за 10 мин ќе се средам, само после уште 10 мин има чистење купатило од влакна :)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Бербери (салони, совети, препораки, искуства)
« Одговори #48 на: 31 Август 2020, 13:56:54 pm »
@Ipkisija Meskosa не, не, цел, не само гла'

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3262
Одг: Бербери (салони, совети, препораки, искуства)
« Одговори #49 на: 31 Август 2020, 17:19:29 pm »
@Ipkisija Meskosa не, не, цел, не само гла'

Одоздола поминува, со рака го поткрева?

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 589
Одг: Бербери (салони, совети, препораки, искуства)
« Одговори #50 на: 31 Август 2020, 20:14:03 pm »
Се шишав 15год кај еден бербер арно ама стана познат, закажувањето ми стана замарање и баталив, сега ме шиша  колега од раб

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk


Отсутен The-spiki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 82
    • spiki.mk
Одг: Бербери (салони, совети, препораки, искуства)
« Одговори #51 на: 05 Септември 2020, 08:15:54 am »
Еееее. Имав јас таков бербер порано, 18 години стабилно и квалитетно дружење беше.
Кај Илке кога се оди, најмалце саат два се останува кај него. Седнуваш, неколку души има секогаш пред тебе, палиш цигари, сокче, муабет од маало што се случило од претходниот пат кога беше на гости... Човек си има неколку фирми за се и сешто, канцелариски заебанции, тоа за фотокопир и слики правење, ресторан,кафуле, лимо сервис, слика и организира свадби и уште неколку бизниси... И посредува со сите за се и сешто што ти треба, кај има поефтино да поминеш за XYZ, поголем стан да ти најде итн. И тоа не само локално Белград / Чукарица, туку и што и да ти треба, багер во Црна Гора итн.
Прашуваш во кој ресторан има сега срнешки гулаш, ти дава совет одма, е тоа до четврток да почекаш кај Ива ќе биде а денес имаш тазе зајак во Талија и така.
Мераклија за коли, има некое старо мангупско бело мерцедес купе со 19ки. Достапни се сите автомагизини, од домашни до автобилд...
А за шишање и не се збори нешто, реално те шиша на вообичаено, некогаш изненадување и малце поинаку ќе биде, вика летна фризура ти напраив
Преубаво

Пред неколку години се вратив во МК, барав низ цел град да најдам слично искуство, тестирав насекаде освен овие што во салон ми кажаа да закажам термин по телефон или така нешто глупо.

Насекаде наоѓав маани. Некаде веднаш од претходниот те шиша без да исчисти машинка, на еден бербер ми се случи немаше жилет нов да стави, сакаше со веќе користено да ме бричи, или генерално нешто ќе ми се одмили, дали нечисто / нехигиена или не бричат глава туку само со машинка итн.

Така да, најдобар избор ми се овие:

3. Зоки берберот во Ново Лисиче има удобна кожна гарнитура и ТВ, муабет праи итн ама сепак кај него најретко, не сум бил одамна.

2. Мендо Турчинот, веднаш до Бит Пазар. Има супер шмек местово, реновирано е 1963 по земјотресот и од тогаш не е подновено. Срцка е човекот (70+, 80? години), навистина се е супер ама многу мава со бритва додека збори, неколку пати во тек на бричење ќе ме исплаши. Не е проблем да ме потфати малце обрва или така нешто, ама за око се плашам. Не дека некогаш се случи, но ете, се плашам. Доколку има некој со поголеми мадиња од мене ова е предлог од мене.
Е да, за овие што ќе прашат за цел... да, Мендо прави сунет, знам ми раскажуваше за тоа.

1. Рера во ГТЦ. Најчесто, т.е. скоро секој понеделник одам, оставам кола во гаража на перење, се качувам еден кат нагоре и во Рера сум на бричење и шишање со целото Туркиш барбер искуство (не цел, само глаа). Инаку има Рера и на друго место, ама не е исто, ваљда се разделиле одамна или така нешто.
Солиден е салонот, ништо луксузно со мермер или така нешто, туку баш колку што треба, да кажем нормално место.
Имаат миљон чираци, секогаш е се чисто и уредено, под веднаш исчистен, нови чисти пешкири и брич за секој клиент итн.
има ОК клупа внатре за чекање, музиче, ТВ итн... и надвор масиче и столици за цигара, сакаш кафе, чај, ова она.
За бричење лице најдобар е најстариот (мислам дека е сопственикот), праи како да кажам, практично безконтактно бричење, ич не допира лице, само така лесно поминува и избричен си до кожа. Реално кај него најретко се бричам, не е секогаш таму. А од другите барам и контра да ми мавне.
А за шишање, за мене 1мм горе и бричење глаа од страна и позади омилен ми е А. на првото столче.
Ама има јака конкуренција од Џ од другото столче, тој првин со машинка на нула, па другата машинка што фаќа и малце поише, и квадратна ако му напоменеш, е таа е закон, као вакум да ти праи на кожа и на -2 те бричи да испадне мазно како бебешко газе. И наредниот ден си ставам тоа помада / тоник moisture / штоидае со мирис на мента зашто е свежо како моментот да е бричено.
И понатаму од шишање и бричење имаат значи се комплетно, миење глаа, пудра, колонска; масажа на глаа, лице, раце а може и грб со тоа уредот но јас не сум по тоа. И не го правам тоа со маска на лице тоа ми е геј.
Цена е нешто 150-200-300, да го ебам не знам баш точно, секогаш сум со друштво така да вкупно за 2,3,4 души сосе частење е околу / под иљадарче.



 

I sell frozen jogurt which i call frogurt

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Бербери (салони, совети, препораки, искуства)
« Одговори #52 на: 06 Септември 2020, 14:41:00 pm »
@The-spiki раскажаново, посебно за третиот салон во ГТЦ, многу ме потсетува на документарецот - The scumbag barbers of Rotterdam Онака целосно ретровача искуство со класичен бербер, со бричење на лице, ваљда со оние старински жилети што се отвараат (штета што не се точат повеќе на кожен ремен)

Веќе трета година живеам спроти ГТЦ, првпат слушам за салонов. Каде се наоѓа? Некаде долу е во подрумот? Се мислам да направам еден скин фејд, до кожа да ми направи еден степен.

Ова со степенот ме потсети на бербер кој си го посетував додека си бев во Прилеп. Започнува на П и завршува на еце и секој пат му барав да ми направи фејд, ама најверојатно не ме разбираше или не знаеше да го направи тоа. Последниот пат кога бев кај него, го прашав зошто не сака така да ме ишиша. Ми кажа дека не ме разбира што значи тоа. Иако не требаше, ама му објаснив дека сакам да започнува степен од најкратко, нула по можност, до одредена должина, сантим рецимо.

И во тој момент ми рече, цитирам: „А не така, чизгледаш на пешачки“. Тоа беше пресудно да си почнам во Скопје да си се шишам како што ми доликува.
« Последно менување: 06 Септември 2020, 15:59:02 pm dbl.dzo »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Бербери (салони, совети, препораки, искуства)
« Одговори #53 на: 06 Септември 2020, 15:09:51 pm »
Фејдин или фејдаут?

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8726
  • Пичлеме
Одг: Бербери (салони, совети, препораки, искуства)
« Одговори #54 на: 06 Септември 2020, 17:18:16 pm »
Па ако не те разбораат луѓето, можи треба поќе македонски зборој да користиш, да не реча, на наше да се изразуваш :)

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1800
Одг: Бербери (салони, совети, препораки, искуства)
« Одговори #55 на: 06 Септември 2020, 18:14:29 pm »
И јас то му викам, ама не слуша младинава :D чуден прилепчанец

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Бербери (салони, совети, препораки, искуства)
« Одговори #56 на: 06 Септември 2020, 18:45:35 pm »
Настрана од странска терминологија, можеби има забележано @Silvester дека се корегирав во тој поглед  ;D . Слушам и ценам конструктивна критика.

Но од кога му кажав дека сакам степен кој мислам дека правилно опишува тоа што го барам, сепак не се разбравме :) Како и да е, сега си сум тука, во Скопје, не се враќам специјално преку Плетвар само за шишање.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: Бербери (салони, совети, препораки, искуства)
« Одговори #57 на: 06 Септември 2020, 18:49:14 pm »
И во тој момент ми рече, цитирам: „А не така, чизгледаш на пешачки“. Тоа беше пресудно да си почнам во Скопје да си се шишам како што ми доликува.

Цар. Дури пробав на прилепски да си го кажам. Цар. :D

Отсутен The-spiki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 82
    • spiki.mk
Одг: Бербери (салони, совети, препораки, искуства)
« Одговори #58 на: 07 Септември 2020, 07:41:01 am »
@The-spiki раскажаново, посебно за третиот салон во ГТЦ, многу ме потсетува на документарецот - The scumbag barbers of Rotterdam Онака целосно ретровача искуство со класичен бербер, со бричење на лице, ваљда со оние старински жилети што се отвараат (штета што не се точат повеќе на кожен ремен)

Веќе трета година живеам спроти ГТЦ, првпат слушам за салонов. Каде се наоѓа? Некаде долу е во подрумот? Се мислам да направам еден скин фејд, до кожа да ми направи еден степен.

Таква бритва не се користи повише ако мислиш на оние што е дводелна, дршка и голем метален брич.
Сите поминаа на нешто слично по изглед, ама има еднократни жилети влошки.
Уствари знам каде има, ама далеку е малце. Еднаш годишно кога е Жупска берба (фестивал на вино) во Александровац, утепуење од вино и воловско месо, па утредента во Крушевац кај Македонецот на бричење. па ручек кај Ќазим и онда регенерација во Рибарска бања. Ќе биде можеби сега за 2 недели, доколку се укине тестирање за преминување на граница, инаку јок.

Рера во ГТЦ нема многу да те потсети на тоа видео. Салонот е како што кажав со нормален / модерен стил (не е во дрво,  мермер, железо итн). Слично е единствено таа вртешка во бои (знакот на бербери).

Рустичен бербер стил е салонот на Мендо до Битпазар. Го има доловено во овој документарец за него од пред 7 години

Поточно за локација значи Рера е на еден кат над гаража.
Доколку влагаш од приземје (страна на плоштад или Соравиа) се симнуваш кат надолу.
Таму има во централниот дел има тоалети, продавница Веро и Шехерезада посластичара, а они се во надворешниот дел кај што е куглана Мансарда и графити исцртани по ѕидовите.
Се наоѓа во делот каде што поминува/ше автобус (кога татко ми бил мал а и прошла година пак го воведоа, оваа изгледа не сообраќа).

Е да, протип, барај со ментол да ти масира глаа и лицето за да се чувстуваш како да ти растопи некој пеперминт бомбони. Јас си купив такво од кај нив и за дома.
Приметив почнаа подразбирано со таа розева колонска доколку не им кажеш. Уствари можеби е прозирна по боја, ама мириса на цвекиња и не е толку добра како ментол.
I sell frozen jogurt which i call frogurt

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5623
Одг: Бербери (салони, совети, препораки, искуства)
« Одговори #59 на: 07 Септември 2020, 12:18:49 pm »
Јас си имам школски и комшија ме стрижи уште од пред многу години, порано ја имаше опремено визбата со секаков берберски инвентар и остало винтиџ работи и сите доаѓаа на стрижење, муабети пиуцкање долу. Последните 5 години има отворено берберница заедно со брат му, сеа иди пола град ама пак е истото, се берат луѓе кој за стрижење кој за муабет кој за мајтап да кажи. Дечкото си има школо во Шведска и овде и ќеиф, повеќето такви стари марки на лосиони и автершејвови си ги нарачува од Америка, другите работи од низ Европа оти кај нас ништо нема. Еве некоја слика од телефон.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html