Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 146675 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2070
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1485 на: 06 Ноември 2023, 14:03:41 pm »
Ме збркавте сеа, не знам шо да правам  :-X

Пробав малку од лаков на едно мало место на полумесечината, многу грдо доаѓа наспроти фабричкото и ептен двои. Го тргнав/истругав одма.
Друго не сум лакирал ништо, а бојата одлично се суши.

Не знам во бојава дали има лак или не, треба да препрашам. Ама и да прашам - бидна веќе.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7595
  • Плинаш!!!
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1486 на: 06 Ноември 2023, 15:51:21 pm »
Ако има лак во бојата, тогаш немаш мака. Овој лак воопшто не го ставај, за ништо не го бива. Си требал или бојата да ја земеш со лак или накнадно да ти направат лак дали во спреј или во некое тубиче да можеш да мачнеш. Во твојов случај најдобро би било во бојата да има лак затоа што се работи за ситна работа. Сега после толку време од фарбата не пипкај ништо, остави така. Па ако се олупи, тогаш ќе ја мислиме како по пропис да ја средиш.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2070
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1487 на: 06 Ноември 2023, 16:15:17 pm »
Си пишав сега со човекот, нема лак во бојата, посебно идело т.е може/можел и двокомпонентен лак да ми даде во тубиче. Не ми текна, јебига.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0Nr62C8DjojJsJkV7b96yVY6JdQwQsDrdaYRPsSPBHYwwn3ADJgbeTzt14T86gsYyl&id=100064006993537&mibextid=ZbWKwL

Нека тера вака, ако се излупи понатаму - ќе повторам процедура + лак.
« Последно менување: 06 Ноември 2023, 16:32:01 pm balanar »

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7595
  • Плинаш!!!
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1488 на: 06 Ноември 2023, 18:50:43 pm »
Ако се излупи (а многу веројатно) пред процедурата да ја повториш, прво филерче па после процедурата.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2070
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1489 на: 07 Ноември 2023, 14:30:24 pm »
Да ги пофалам CarBox - минатата недела порачував повеќе работи од нив, меѓу кои и спреј-одмрзнувач на шофершајбна.
Стигна целиот истечен, не беше добро затворено грлото.
Ги контактирав, рекоа ќе испратат нов.



Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1976
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1490 на: 07 Ноември 2023, 14:34:00 pm »
Си пробал со разреден алкохол?

100% или 96% алкохол, се разредува 2:1 или 3:1 со вода. Делува. Дури и јас од тепка ставив, не сум перфекциониста или оцд.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2070
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1491 на: 07 Ноември 2023, 14:54:15 pm »
Си пробал со разреден алкохол?

100% или 96% алкохол, се разредува 2:1 или 3:1 со вода. Делува. Дури и јас од тепка ставив, не сум перфекциониста или оцд.

Имав мешано, го потрошив и мешаното и чистиот алкохол.
Порачував и други работи од КарБокс, па ајде... :-X

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2070
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1492 на: 15 Ноември 2023, 00:40:02 am »
Денес т.е вчера купени и ставени пар Philips WhiteVision H7 од Фели-Ас.
Цена - 1600 денари, доаѓаат и со две WhiteVision W5W сијалици. Ова ми е трет пар од истите.

Претходно сум ги купил на 4.4.2022, едната изгоре во септември, другата неќна.
Се користат како дневни светла.
Да надополнам дека H1 (долгите) ми се купени во декември 2020-та, така да дефинитивно си има улога кои се користат многу повеќе (и цркнуваат).









@vladic3110 - Еве ти споредба...
---------------------------------------------------------------------------

Денес отиде и спрејот - конвертер на корозија кај @Vwlover
Му останав должен 50 денари, ама ќе се раздужиме со некоја порачка на земјоделски производи  :-X
« Последно менување: 15 Ноември 2023, 01:03:46 am balanar »

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1472
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1493 на: 15 Ноември 2023, 22:11:12 pm »
Како за некој што првпат чепка нешто каросериски на своја кола (фарбање, полирање или било што), мислам дека завршив добра работа сабајлечки.
Користена четкичка од лак за нокти.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Да се исуши, може и подобро ќе изгледа.

Што бидна со зафатов, како е од кога се исуши ? стои ли уште ;D
стави ли лак на крај или така го остави ?
ова правено со тој вурт-от конвертор на корозија што е ?
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2070
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1494 на: 16 Ноември 2023, 01:18:31 am »
Супер испадна, ќе сликам деновиве. Треба да ја носам и на перење, ќе видиме колку ќе издржи.
Не ставив лак (а требаше). Ако се излупи - ќе направам со филерче+боја+лак.

Инаку да, со Wurth поминав претходно.

Отсутен Zizi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1495 на: 16 Ноември 2023, 16:52:07 pm »
.
« Последно менување: 24 Ноември 2023, 16:23:06 pm Zizi »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2070
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1496 на: 24 Ноември 2023, 07:50:46 am »
Вчера нова „доза“ од дилерот @Prcot

- гумици на балансштрангла



- задни чаури на вилушките



- предни чаури на вилушките. Проблемот со крцкањето од левата страна при дупки/нерамнини на пат/лежечи тотално го снема откако ја удавив левата чаура во силиконски спреј.



- капаче на сензор за дожд. Ова посебно ме усреќи, делумно затоа што тотално се имав откажано да најдам и ново и половно.
Moeто беше пукнато/долепено/недолепено и стоеше во фиока











-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
- Toa што фарбав држи одлично
- Наредно е:
   - да се стават и зимските гуми
   - сервис за чаурите/гумиците
   - повторно центрирање на преден трап
- На пролет (здравје) остана:
   - да се тапацира возачкото седиште
   - хемиско на седиштата
   - Андроид мултимедија
Oвие работи изгледа во секој to-do ми се провлекуваат и никако да дојдат на ред.
« Последно менување: 24 Ноември 2023, 07:56:49 am balanar »

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6385
  • Бенве сие бенве
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1497 на: 24 Ноември 2023, 08:47:01 am »
Тоа капаче низ шо пат помина да знаеш :)


Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1325
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1498 на: 24 Ноември 2023, 10:28:29 am »
Андроид мултимедија прескокни.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2070
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1499 на: 24 Ноември 2023, 14:16:08 pm »
Тоа капаче низ шо пат помина да знаеш :)


Sent from my iPhone using Tapatalk

Упатен сум до пола, знам дека последно беше на исток од нас  :-X