Микиус што работите, ти и сопругата, па да ти елаборираме за ново/ново. Освен ако немате стари пари или продаден имот.
Еве ти пример.
Двајцата работиме во фабрика. 27к плата, 3 смени. Вкупно 55к.
15к - рата за стан.
6/7к - сметки стан/одржување влез.
10к - храна.
Ова ти се фиксни трошоци. Сакал нејќел, мора да јадеш и плаќаш сметки.
Сега од други трошоци (варијабли) : Облека, гости идими/дојдими, за нафта околу 4/5к денари, за дома некоја дрангулија, па и некоја техника за станот ако ти затреба.
Сакал нејкел, не секој е во можност да купи нова кола. Како што не секој ќе биде директор, мора некој и амал да е.