Да ти го прави меракот, убав примерок имало под сите гребаници и калови
Ако ти дојде да пишеш коментар плус за како субјективно ги доживуваш возните карактеристики, би било добро за читање особено зошто се вртат по огласи примероци по примамливи цени.
Знам за кој примерок мислиш, мене ме фати скоро дупло од таа.
Моторот не е нешто моќен но има доста торк на ниски и убаво си тегне за разлика од хондата, ама ми фали да врти 8600 како неа. Овој се губи веќе над 5000.
Шасијата е одлична, затоа и се решив за колава бидејќи пробав една од примероциве на оглас и се изненадив колку е агилна и доста интересно се вози.
На поагресивно возење има малку oversteer, ама контролирано те следи задницата. Нема многу body-roll, има H&R спирали кои веројатно малку помогнале во тоа. Одличен фидбек на волан, не е лесно сервото па имаш повеќе осет што се дешава. У кратки црти тоа е.
Хммм..
Зошто фаровите и штоповите не се од фејслифтот 2005+ година?
Предниот браник колку шо гледам е од фејслифтот 2005+ год.
Sent from my BLN-L21 using Tapatalk
Во сообраќајна е 2006, произведена е 2005 декември мислам. Браникот е ист и на facelift и на не-facelift.