Постирав во друга тема, ама ете и тука. Пред 2 недели на пат за Црна Гора, се скина линискиот ПК каиш, при што влезе кај ребрастиот и го скина и него...среќа е можеби само тоа што колата беше под мала гас т.е работеше во место при кинењето на ребрастиот.
Се отвори моторот и се увиде штетата, свиткани 2 усисни и 2 издувни вентили, ќе се менуваат сите, плус сет ребраст, линиски, водна пумпа, сет дихтуни и рамнење на главата.
Изборот на делови остана на мајторот, така сакаше татко ми, иако јас бев за Прчо наш, ама негова кола, негова одлука.
Цената на деловите ~ 23 000 денари плус работна рака. Шлеп ако некој го интересира, без пакет за помош, приватен од Тирана до Битола 300€.
Моментално е на поправка, ќе видиме што ќе испадни.