Автор Тема: Еbike Eлектрични велосипеди. Најекономичен превоз за низ градот.  (Прочитано 9468 пати)

Отсутен plockaMK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 86
Јас сакав да купам краден од германија имам и контакти ама скоро сите имаат ЏПС и голем е ризикот додека се симне до Мк. Интересна работа е и многу е брз, само за наш стандард е сеуште прескап.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk
грешка си разбрал нешто. Велосипедите се што имаат е 5 мода на работа. Никаков GPS нема освен кај оние уреди со навигација а тие дали се и севкупно 0.1% од сите нови е-бајк. Има дисплејо со GPS да како што ми е желба мене да купам, ама и со тој шансите се мали да те следи некој
Скапите точаци по европа имаат џпс за следење. Каде и како е врзан не знам, ама мислам дека и осигурањето им налага да го имаат. Човек што работи со тоа ми има спомнато да не ризикувам. Ако су лагали мене и ја лажем вас.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk
За GPS имаат сигурно али тие од градот што ги изнајмуваат.
како во Солун што им се тротинетите и велосипедите за изнајмување.
Тоа се користи веројатно за да ги најдат после.
 
Вака приватни велосипеди МТB не се замара никој освен некој самоиницијативно да си ставил.

Инаку уште еден интересен со performance line CX мотор. Само не му требало ова  Уникат  :)

https://www.facebook.com/groups/kupuvajprodavaj24h/permalink/2550657548539604/?sale_post_id=2550657548539604

« Последно менување: 29 Декември 2019, 14:05:44 pm plockaMK »

Отсутен plockaMK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 86
Одлични се точациве, ама се многу пари за нешто што неможиш никаде да го паркираш, зошто одма ќе го украдат.
Да мана е тоа. Напоменав уште во воведниот текст.

Мора гаража или на безбедно да се паркира на работа. E-bike не е за пазарување низ град. Тоа никако.
Имаат и за тоа лек, Односно блокада на електро моторот при оставање и одблокада при тргнување.
Но тоа е сега новина и сеуште е доста скапо околу 300 евра. На е-bike од 1200 евра незнам баш и колку се исплати.
Има некои шеми на интернет каде се прави тоа и безпари или со 5-6 евра, но јас не би се нафатил да го отварам и упропастам моторот.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
За да го платам 500-800еур наместо нов 2000 и повеќе.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk
200€ брат само од Берлин да го земеш ако те носи патот.
Малку си правиш филмови.  200 Евра Е-бајк со Bosch или некоја од другиве 2 системи нема.
Ти нуделе некој од тие старите системи so nimh батерии кои одат по 5-10км, и дали и толку. А тие и кај Амид во Сингелиќ се по 200-300 евра ;)
Не ти треба Германија.

А Bosch, Yamaha или Multispeed само батериите им се по 300-400 евра. Јас не 200 туку 600 евра би го платил ако има таков . Ќе ми се најде за делови во иднина. Некој да ги извади деловите, само од нив ќе земе 1000 евра и тоа за брза продажба.

Да бидеме реален , и овој мојот знам дека е собран или нешто такво. Инаку кој би ми го дал за помалку од половина цена.
И горе пазарот го собираат Романци, Унгарци. Прашање е дали тие можат да најдат под 1000 евра што се прва рака, а не па ние.
Ок, фала за информациите ќе знам како одат работите.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
За да го платам 500-800еур наместо нов 2000 и повеќе.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk

Не е малце неетично да поттикнуваш криминал со тоа што ќе нарачаш од некој арап да ти "најде" точак? Верувам дека ептен ќе ти смета ако некој посегне по нешто за кое ти си работел и печалел.

Мислам дека се зезаш ама мое е да кажам дека би било сосема во ред ние што имаме малце општествена свест, да се грижиме барем да не ја зголемиме стапката на крадење точаци, ако више немаме моќ да ја намалиме.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Нема да порачувам ништо, ќе ми понудат од тоа што имаат на лагер. Никаква совест нема да ме јаде што таму некаде на ханс му го украле точакот. Може Ханс го украл од Дитрих па го продал да купи дрога, може лоша карма го стигнала затоа што кодошел колеги на работа па добил бонус за тоа и си купил точак. Многу варијанти има и во ниту една комбинација не би се почуствувал виновен. Кога купуваш делови на старо размислуваш ли како таа кола која што била во добра (возна) состојба завршила таму за расходовање?

Sent from my SM-G973F using Tapatalk

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Не сум пробал велосипед со мотор во тркало, но имав прилика да повозам во Швицарска едно 90км изнајмен велосипед базиран на Бошовиот мотор сместен во „погонска“ осовина. Искуството што го имав вели дека тоа е далеку подобра варијанта од електирчните велосипеди кои вртат без ти да ги погониш педалите. Дури мислам дека веќе се регулирани тие модели и имаат различен третман во сообраќајот во донос на оние кои можат самостојно да се движат.

Едно од најдобрите придобивки секако е качувањето нагоре што многу голем дел од луѓето ги одбива да возат велосипед низ градови со ридски делови. Не секогаш сакаш да запнеш на угорници и да  пукаш кондиција. Некогаш едноставно сакаш да се прошеташ неакде со друштво или семесјтво и не мора секој да е ѕвер набилдан за да може да тркне на пример до Козјак на еднодневен излет, или да си одиш дома до Црниќе или Железара беза да ти се мокри гаките кога ќе стигнеш на дестинација. Исто така во транспорт на стоки и достава на ситни работи далеку е по згодно да се упторебуваат вакви велосипеди.

А што се однесува до возење и имање велосипед во Скопје останува констатацијата дека Велосипед не можеш да користиш за да отидеш до продавница, пазар кино. Мора да ти е врзан за рака постојано штом ќе го изнесеш од спална. А надовр од сплана не се ни обидувај да  го чуваш.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Конкретно за крадење, секаде се крадат велосипеди. Насекаде има организирани тимови, наркомани, клептомани, сомнителни лица што ја користат секоја можност да џапнат велосипед и да го препродадат. Поради истата причина мојата невеста има велосипед со вредност од 50ина евра како главно превозно средство.

Тука познавам луѓе/колеги кои имаат два или три велосипеди. Еден/два многу евтини, стари ама исправни и еден убав за тури и мерачко возење (најчесто таков на струја). Кога одат да завршат работа некаде низ град, да го остават, најчесто е стариот. Искрено, и јас ја размислувам таа варијанта со два/три велосипеди (имам шупа со катанец позади зграда која е колку толку сигурна). Градот во којшто живеам е целиот ридест и најчесто си утоп мокар ако запнеш појако.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Тоа е разликата меѓу Е-точак и педелек, иако перцепцијата е дека ако има батерија, тогаш е Е-точак.

Друга разлика е поддршката, некои имаат до 25 км/ч, други до 45 км/ч. За вторите мислам дека треба посебна дозвола или некаков дополнителен документ (во Германија).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Категоријата велосипед со помошен мотор е дефинирана и кај нас како:

Цитат
„7-а. „Велосипед со помошен мотор“ е возило со погон на педали, кое како
дополнување може да има мотор со внатрешно согорување со работна зафатнина
која не е поголема од 50 см3 или електромотор со најголема континуирана
излезна силина од 0,25 KW, при што дејството на моторот се исклучува кога
брзината ќе достигне 25 км/час или ако велосипедистот го прекине дејствувањето
на педалата;“.

Ние кои се движат самостојно без вртење на педали се нарекуваат „Мопед“.

Цитат
“8. “Мопед“ е возило на моторен погон со две или три тркала чија работна
зафатнина на моторот со внатрешно согорување не е поголема од 50 см/3
односно силата на електромоторот не поминува повеќе од 4 КW и чија брзина на
рамен пат е ограничена на најмногу 45 км/час;“.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
На ист начин се дефинирани и во Германија. Со други зборови, велосипеди на струја кои имаат поддршка од електричниот погон до 25км/ч се во основа велосипеди. Велосипеди на струја кои имаат поддршка од електричниот погон до 45км/ч се “мопеди“ или "MoFa". За нив треба регистрација со сообраќајна табличка, задолжително осигурување за трети лица и возачка дозвола.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Ве читам и јас и сериозно се заинтерисрав и јас за купување

Имам неколку прашања особено до @plockaMK и сметам дека тој бидејќи поседува и има искуство може да помогне.

Јас порано имав еден ебајк кој поминуваше околу 10км а се полнеше по 10 саати. Верувам дека овие новиве се подобри но имам неколку прашања.

Ме интересира дали овој домет од 200км е реален или е доста помал?
Колку е макс брзина што може да ја постигне. И дали може со педали да се забрза.

Што мислиш за овие два Ebike. Дали се женски рамовите или не?

Centurio

https://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=3472097

Pegasus
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3462248

Исто и за овој.

Cube
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3381218

« Последно менување: 30 Декември 2019, 22:26:36 pm malinamamun »

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
https://www.bosch-ebike.com/en/service/range-assistant/

Бош има одличен симулатор за да добиеш идеја колкав им е дометот.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен The-spiki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 82
    • spiki.mk
Категоријата велосипед со помошен мотор е дефинирана и кај нас како:
...

На ист начин се дефинирани и во Германија.
...

Тоа зашто напредни сме па не копираат и Германците.
Хехе. Не издржав :)
I sell frozen jogurt which i call frogurt

Отсутен plockaMK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 86
Ве читам и јас и сериозно се заинтерисрав и јас за купување

Имам неколку прашања особено до @plockaMK и сметам дека тој бидејќи поседува и има искуство може да помогне.

Јас порано имав еден ебајк кој поминуваше околу 10км а се полнеше по 10 саати. Верувам дека овие новиве се подобри но имам неколку прашања.

Ме интересира дали овој домет од 200км е реален или е доста помал?
Колку е макс брзина што може да ја постигне. И дали може со педали да се забрза.

Што мислиш за овие два Ebike. Дали се женски рамовите или не?

Centurio

https://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=3472097

Pegasus
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3462248

Исто и за овој.

Cube
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3381218

Новиве системи се револуција за разлика од тие старите E-bike, и немаат никаква допирна точка со старите кои беа само нервоза.

- Се разбира дека и меѓу новиве батерии има значајна разлика. Така кај Bosch има од 300 до 500Wh, a oд годинава има и модел со 630Wh но цената е астрономска.  :(

Јас го имам најсилниот Performance CX мотор и 500Wh батерија. Потребни му се околу 4 часа да се наполни од 10% до 100%.  Со тоа поминувам 180-200км или во мојот случај 13км дневно и две недели возење.

Послабите батерии од 300Wh и 400Wh според нет поминуваат значително помалку, и се ставаат најчесто и на послаби мотори. Тие одат 70 до 100км

Од велосипедите

Centurion

https://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=3472097

Ти фали едно N на крајот.
Овој е дефинитивно најдобар. Eден од 5те најаки марки за Ebike. Performance CX мотор и батерија од јаките како мојата.
Рамот не е женски, туку е геометријата дизајнирана така за да има големо место за кутија, и ставање ствари.
Кај мојот тоа е мана што неможам да ставам голема кутија повеќе од 20 литри. А тоа и те како е важно за ставање ствари ako se вози по град.
И цената е без пари за оваа марка и овој мотор. Најпрактичен од сите што ми ги имаш пишано

Вториот Pegasus e да женски. Дометот ќе биде исти бидејќи Моторот и батеријата се исти со Centurion-oт и како мојот.
Послаб е од Centurion како марка т.е првпат ја слушам оваа. Ова е 28ца и повеќе е citybike. Со ова освен до работа никаде неможе да се вози.
Сепак пофалба за деловите. Цената според мене малку висока

третиот

Cube
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3381218
 
Cube реално не вреди. Геометрија смешна за ebike, (можеби е 21 инч рамка па затоа изгледа така, простор за кутија на рамна шипка нема) но уште полошо е што е со стар слаб мотор и послаба батерија. Се тоа би требало да резултира со околу 100км помала дистанца па не би го гледал понатаму.

Од Сите 3 апсолутно број 1 е Centurion-от. Не дека има најубава цена, туку дека е топ бренд за e-bike и има најубава рамка за монтирање на кутија. Но најважно од се го носи најакиот мотор. И може да се вози секаде како мојот.

Pegasus e во ред за до работа. АКо не смета женски рам, Дометот ќе биде исти. како и кај Centurion-от. За цената не би коментирал.
 
Ми го имаш бројот, ако си заинтересиран дојди ќе се напиеме по едно кафе и ќе го пробаш мојот. Воедно и секој друг кој е заинтересиран за купување или сака совет слободно може да ми се обрати.

« Последно менување: 31 Декември 2019, 14:35:58 pm plockaMK »

Значи да барам исклучиво со 500W батерија. Му јавив предмалку на човекот за Centurion . Во близина ми е, ќе одам само да го видам утре за впечаток, па ќе ти прејавам тебе да се видиме.
Тоа е кога не сум во тек со работите. Јас мислев дека Cube било најдобар, а тој испадна најлош. :)