Ве читам и јас и сериозно се заинтерисрав и јас за купување
Имам неколку прашања особено до @plockaMK и сметам дека тој бидејќи поседува и има искуство може да помогне.
Јас порано имав еден ебајк кој поминуваше околу 10км а се полнеше по 10 саати. Верувам дека овие новиве се подобри но имам неколку прашања.
Ме интересира дали овој домет од 200км е реален или е доста помал?
Колку е макс брзина што може да ја постигне. И дали може со педали да се забрза.
Што мислиш за овие два Ebike. Дали се женски рамовите или не?
Centurio
https://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=3472097
Pegasus
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3462248
Исто и за овој.
Cube
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3381218
Новиве системи се револуција за разлика од тие старите E-bike, и немаат никаква допирна точка со старите кои беа само нервоза.
- Се разбира дека и меѓу новиве батерии има значајна разлика. Така кај Bosch има од 300 до 500Wh, a oд годинава има и модел со 630Wh но цената е астрономска.
Јас го имам најсилниот Performance CX мотор и 500Wh батерија. Потребни му се околу 4 часа да се наполни од 10% до 100%. Со тоа поминувам 180-200км или во мојот случај 13км дневно и две недели возење.
Послабите батерии од 300Wh и 400Wh според нет поминуваат значително помалку, и се ставаат најчесто и на послаби мотори. Тие одат 70 до 100км
Од велосипедите
Centurion
https://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=3472097Ти фали едно N на крајот.
Овој е дефинитивно најдобар. Eден од 5те најаки марки за Ebike. Performance CX мотор и батерија од јаките како мојата.
Рамот не е женски, туку е геометријата дизајнирана така за да има големо место за кутија, и ставање ствари.
Кај мојот тоа е мана што неможам да ставам голема кутија повеќе од 20 литри. А тоа и те како е важно за ставање ствари ako se вози по град.
И цената е без пари за оваа марка и овој мотор. Најпрактичен од сите што ми ги имаш пишано
Вториот Pegasus e да женски. Дометот ќе биде исти бидејќи Моторот и батеријата се исти со Centurion-oт и како мојот.
Послаб е од Centurion како марка т.е првпат ја слушам оваа. Ова е 28ца и повеќе е citybike. Со ова освен до работа никаде неможе да се вози.
Сепак пофалба за деловите. Цената според мене малку висока
третиот
Cube
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3381218 Cube реално не вреди. Геометрија смешна за ebike, (можеби е 21 инч рамка па затоа изгледа така, простор за кутија на рамна шипка нема) но уште полошо е што е со стар слаб мотор и послаба батерија. Се тоа би требало да резултира со околу 100км помала дистанца па не би го гледал понатаму.
Од Сите 3 апсолутно број 1 е Centurion-от. Не дека има најубава цена, туку дека е топ бренд за e-bike и има најубава рамка за монтирање на кутија. Но најважно од се го носи најакиот мотор. И може да се вози секаде како мојот.
Pegasus e во ред за до работа. АКо не смета женски рам, Дометот ќе биде исти. како и кај Centurion-от. За цената не би коментирал.
Ми го имаш бројот, ако си заинтересиран дојди ќе се напиеме по едно кафе и ќе го пробаш мојот. Воедно и секој друг кој е заинтересиран за купување или сака совет слободно може да ми се обрати.