Автор Тема: Мојата кола е тапа...!  (Прочитано 229876 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14290
  • Пудингот на шоферството
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #705 на: 01 Август 2016, 11:16:22 am »
Стратро,монтирај му калници.  :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13931
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #706 на: 01 Август 2016, 11:18:54 am »
И јас имав таков проблем со Голфот на времето.

Офсетот ми беше таков, бандашите излегуваа надвор од крилата и ако некој истуреше шише вода на улица, колата се правеше како од сафари да сум дошол :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #707 на: 01 Август 2016, 11:22:14 am »
Офсето’ на бандажите ти праи така :)

Имам апдејт на темава: мојата кола е тапа бидејќи ми помина меракот одамна.

Јас мислев ќе кажеш тапа е пошто е тапа :)

Stratro, ќе си купиш кола во светла боја. Ем подобро ќе си поминеш на сонце, нема да стане 130 степени на паркинг. Зеро сеедно е дали ќе поминеш со 20 или 60, испробано. Мора да поминеш со 5 за да има ефект.



Супер си е колата, ми помина меракот на тврда, цврста вожња. Сега сакам Мечка W210, само посакувам да имаше фејслифт со 300d мотор. Тоа нема да ми биде тапа. :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #708 на: 01 Август 2016, 11:38:10 am »
Рано сакаш да се пензионираш. Изгледа треба да пробаш нешто од овој век со тврда суспензија. Сосема е различно од кочијата што ја возиш :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #709 на: 01 Август 2016, 11:47:24 am »
Тврдите кочии се многу понеефикасни и поспори на македонските патишта.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #710 на: 01 Август 2016, 11:49:01 am »
Како пљукате по историјата, чудесиии ...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #711 на: 01 Август 2016, 11:51:15 am »
Си имало во историјата легендарни суспензии. На пример 75 со предна дабл вишбоун и дедион задна. Ама ефтината „Фиат Типо“ суспензија треба да си остане заборавена во историјата ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #712 на: 01 Август 2016, 11:56:26 am »
Со исправна предница и мортизација суспензијата си е одлична, посебно на отворено на повисоки брзини ..

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #713 на: 01 Август 2016, 12:01:07 pm »
Вие си знаете... Ја не би пак таква суспензија да возам :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #714 на: 01 Август 2016, 15:55:25 pm »
Еве во Охрид неколку дена возам W210-ка со некој атмо-дизел, само се потсетив колку ја обожавам колата. Иако има 470.000 поминати и е службено возило на пријател, колата има уште многу живот во неа. :)
За од овој век возило немам финансии, и соодветно на финансиската состојба, не би дал 6000-7000 евра за кола. Единствено од овој век што можам да си дозволам во блиска иднина е Фиат Панда. :D

Отсутен mk2b

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #715 на: 02 Август 2016, 15:23:43 pm »
брат шо и фали на пандата, ако е некоја ваква ич не би се жалел од нејзе:



1.4 100 коња, и Џејмс Меј има ваква:



Него таа претходната кола шо ја имав... Пунто 55 S, 1998 година, од Словенија донесена... Абе немаше кај не беше скапана, праговите се распаѓаа, позади тркалата криви (како stanced беше :D). Од опрема само електрика на предни стакла и централна брава, друго ништо. На инструмент таблата немаше ни обртомер, ни сказалка за температура (ова највише ме нервираше). Светла никакви, 3 метра дали осветлуваа. Греење немаше. Едино добро кај неа беше моторот - многу тивок, одма реагираше на гас, зимно време палеше без никаков проблем, убаво си работеше до пред да ја продадеме, поминавме 37 илјади километри со оваа кола. Отиде со изгорен дихтунг на глава (светна сијалицата за температура). Затоа никад више нема да купам кола без сказалка за температура.
Од оваа кола што ја имам сега, единствен проблем е нешто потврдата вожња (не е неудобна колата но би било подобро да е за нијанса помека вожњата), се друго е како што треба, барем засега. 4000 поминати километри од кои скоро 1000 на отворено, се во најдобар ред.
« Последно менување: 02 Август 2016, 16:49:36 pm mk2b »

Отсутен mk2b

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #716 на: 02 Август 2016, 18:30:06 pm »
не, ја за ова што го имам сега (1.3 мултиџет од 2004) реков дека е малку тврдо (не е неудобно ама сепак не ќе беше лошо да беше нешто помеко, мада може и до гумите да е пошто возам една димензија пошироки од фабрички препорачаните, а и не се некои многу квалитетни гуми). Тоа од 1998 што го имав претходно, беше едно од најлошите примероци на Пунто од првата генерација, мислам доволно е што кажав дека беше од Словенија донесено, нема една кола донесена од таму што не е скапана. Тетин ми исто има 55 S од 1998, само ново купено и нема никакви проблеми со него, ама го одржува како што треба, секогаш чиста колата и редовно сервисирана. Жиле од форумов има исто такво Пунто, како ново е количето.
Иначе дека нема полоша кола од Пунто Мк1, не е точно. Пример, дедо ми имаше Матиз со 800 кубика од 2004 година, нов купен. Мизерија невидена: повеќе брчи од што оди, стабилност јок, вожња никаква, повеќе троши од Пунтото итн. Да не збориме за југовци, лади и сл. возила. За нив, Пунто Мк1 е Мерцедес.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #717 на: 03 Август 2016, 02:47:32 am »
Како секоја друга кола со потрошени амортизери :)

Отсутен 100ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #718 на: 07 Август 2016, 14:02:32 pm »
Да бев модератор 90% од коментарите во темава ќе беа избришани веднаш. Што е ова се бркавме, се тркавме, моето е најубаво...Дечки, оваа тема треба да е за хејтање на она што возите, за фалење нема потреба од тема, тоа може секаде и во секое време :)

Еве ќе елаборирам зошто. Мојот брат планира да си купи фамилијарен автомобил. Се загледа во Citroen C4 1.4HDI. Благодарејќи на описот на проблемите со тој автомобил од страна на еден од членовите, тој автомобил веќе не е предмет на дискусија за купување.

Но, со надеж дека ќе прочитам уште такви стории, се изначитав барајќи нешто налик на тој опис. Па дали се на се има 5 страни од 37 кои успеав да ги прочитам кои содржат некакви податоци кои се корисни. Со други зборови - темава е одлична, но скоро никој не го почитува редот. До тие што си прават стрижена-бричена : "Седи кец! Си ја промашил темата. Недоволен" :D

Отсутен Hristijan12

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 210
  • TOYOTA MOVING FORWARD AND NEVER STOPPING
Одг: Мојата кола е тапа...!
« Одговори #719 на: 20 Септември 2016, 20:51:14 pm »
Тојотата е во фамилија од 2010 година,до ден денеска тато не зажалил што ја купил,претходно имаше рено клио,сузуки свифт,пежо 206,тојотата ептен му легна на душа,не сака да чуе за продажба  :D
Тојотата е градско количе и за нашите барање е феноменално.
Само ме нервираат мене лично некој работи.
1.Многу бучна на отворено.
2.Слаба звучна изолација.
3.Мал багажен простор.
4.Седиштата немаат некоја убава потпора.
5.Малце е ниска за нашиве патишта,на секое тротоарче закачува браникот.

-Предности.
1.Мала потрошувачка,6л градска бензин.
2.Не многу скапа за одржување.
3.Убава прегледност.

До сега само улје и филтри ништо друго  ;D