И во Германија прават такви финти, со што практично купуваш нова кола (со минимален број километри), која била регистрирана од салонот кај што се продава, а е практично „половна“ па добиваш драстично подобра цена.
На пример, негде во октомври/ноември лани, гледавме за помало возило за жена ми. Бевме да видиме Рено Твинго, и се распрашавме што е, како е... Многу убаво, џиџано све фино лепо, цена на ново 12900 евра. Истото, со истата боја, спецификации итн итн, ама регистрирано во август лани (значи пар месеци „старо“, со околу 500 км поминати) ни го понудија за 8500 евра. Едино разликата е што, гаранцијата за тоа конкретно возило (а верувам и за други кои се продаваат на тој начин) почнува да тече од кога е прв пат регистрирано (во случајов август 2018), а не кога го купуваш.