Автор Тема: Антифриз  (Прочитано 161809 пати)

Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 675
  • Pixel Perfect.
Одг: Антифриз
« Одговори #765 на: 15 Јули 2024, 00:34:41 am »
Прво нешто да провериш е ЕГР термостатот.

Отсутен nikoloskim23

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Антифриз
« Одговори #766 на: 15 Јули 2024, 00:42:26 am »
фала ви многу на советите барам веќе недела дена моментално не успешно дали некој познавате кај што можам да се обратам доколку ми продолжи ваква состојбата?

Отсутен nikoloskim23

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Антифриз
« Одговори #767 на: 15 Јули 2024, 00:46:40 am »
Надополни и нагази ја по некој успон неколку километри  да се помачи моторот да добро и застани на сред возење отвори хауба и посматрај по цревата и низ моторот, .3 литри се огромна количина. Обавезно види дали излегува од казанчето, чест показател на дефект казанче и капак, ама најчесто е летнат дихтунг на тди ако фрла од таму. Посматрај цревата дали се подуени или меки, треба да се релативно меки, земи тоалетна и помини со раката секаде по цревата и види дали има антифриз, ако е микронска пукнатина во црево може да не се примеќа и да прска како дизна и да испарува, само под огрмен притисок, кај мене имав таков случај пушташе само под енормен од една спојка заради дефектна расплињача.
Успат види капаците од казанчето и маслото да не имаат мајонез,  ако имаат, знаеш  кај се тие 3 литра заминати.
иначе што спомна да се помачи препоставувам мислиш да го терам на повисоки обртаи, што спомна за цревата генерално сметам дека се во добра состојба (меки) не се камен тврди имаше притисок после под оладен мотор и поминати 15тина км релативно во повисоки обртаи со малку газење да речам

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Одг: Антифриз
« Одговори #768 на: 25 Ноември 2024, 11:34:48 am »
Како да знам кој антифриз ми е во колата користен темно зелен ваљда г11, кој би одговарал од нашиот пазар да купам да дотурам малку.
Инаку имам зелени траги на капакот на моторот, од каде би истекло таму


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Антифриз
« Одговори #769 на: 25 Ноември 2024, 11:42:03 am »
Јас би одел со целосен flush, добро да се пропере системот, па после ставаш антифриз кој ќе знаеш што е.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1480
Одг: Антифриз
« Одговори #770 на: 28 Ноември 2024, 20:25:41 pm »
Да препорачате околина Скопје мајстор / сервис што ќе направи прописен flush, под притисок ?
« Последно менување: 28 Ноември 2024, 20:30:49 pm Bokica »
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.